Ванче Стојчев (Црвулево, - , ) — македонски историчар, професор на Воената академија на АРМ, поранешен директор и основач на Воениот музеј на Македонија. Познат е по тоа што во 1997 година за време на својот престој во Турција, тој го открил црешовото топче.
Животопис Стојчев е роден на 15 февруари 1951 година во штипското село Црвулево. Завршил воени училишта во Сараево и во Белград, каде што истовремено го продолжил своето образование на Факултетот за политички науки, насока современа историја. Извесен период работел во Центарот за стратегиски истражувања на ЈНА, а во 1986 година магистрирал. По магистрирањето работел во Воено-историскиот институт во Белград каде што го продолжил своето усовршување. Во 1992 година на истиот факултет ја одбранил и докторската теза „Бугарскиот окупациски систем и геноцидната политика во Југославија 1941-1944 година“.
По распадот на Југославија, дошол во Македонија и се вработил на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Во 1995 година бил избран за доцент по предметот воена историја, потоа станал вонреден професор.
Професорот Стојчев е автор на над 180 научни трудови од областа на историјата од антиката до современата историја меѓу кои особено значаен труд е првата воена историја на Македонија. Последна негова книга била „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, која не дочекал да се изпечати.
Добитник е на наградата „13 ноември“ на Град Скопје. До смртта бил професор на Правниот факултет на универзитетот Гоце Делчев во Штип. Починал во Скопје на 30 септември 2009 година.
Надворешни врски Воена историја на Македонија - Интервју
Наводи
Категорија:Луѓе од Црвулево Категорија:Македонски историчари Категорија:Југословенски историчари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“