Пак Чон Хи (; - ) — генерал и претседател на Јужна Кореја. Организирал и предводел државен удар со кој ја освоил власта во Јужна Кореја. Најпрво владеел преку воената хунта наречена Врховен совет за национална обнова, а во 1963 година победил на претседателските избори (со што била создадена Третата република). Бил реизбран за претседател во 1967, 1971, 1972 (кога била основана Четвртата република преку уставот Јушин, создаден за да му овозможи Чон Хи да остане на власт), и 1978 година.

Пак е заслужен за брзиот економски раст на Јужна Кореја преку извозно ориентираната индустријализација Developmental Dictatorship and the Park Chung-hee Era (Homa & Sekey, 2006). Меѓутоа, тој е контроверзна политичка личност во историјата на Јужна Кореја, поради својот авторитарен начин на владеење со земјата, особено по 1971 година. Во 1999 година, од страна на магазинот Time Пак Чон Хи бил рангиран меѓу стоте највлијателни „Азијци на векот“Time Asia: Asians of the Century , August 1999, посетено на April 20, 2010.

На 26 октомври 1979 година, врз него бил извршен успешен атентатBBC News' "On this day". Чон Хи бил убиен од страна на Ким Jae Кју (1926-1980), стар пријател на Чон Хи и директот на Корејска централна разузнавачка агенција. Постои поделеност околу неговото наследство, од една страна се истакнува неговата улога во обновата на Јужна Кореја по катастрофалната Корејска војна, а од друга страна се осудува неговиот авторитаризам, особено силен по 1971 година.

Ран живот Пак Чон Хи е роден на 30 септември 1917 година, во Гуми, кога Кореја била под јапонска власт. Негови родители биле: Пак Сенг, татко, (тогаш на возраст од 46 години) и Баек Нам-Хуи, мајка (45 години). Имал неколку браќа (Пак Донг-Хи, Пак Му-Хи, Пак Хан-Саенг, Пак Санг-хи) и сестри (Пак Гви-Хи, Пак Jae-Хи). Пак Чон Хи потекнувал од локалниот огранок на кланот Горјеонг Бак.

Пристапил во учителската школа Тегу, која била омилено училиште за потенцијалните идни учители. Се запишал на 8 април 1932 година, а по пет години учење дипломирал, на 25 март 1937 година. Неговите училишни денови се совпаднале со јапонската инвазија врз Кина, која започнала со Манџуријскиот инцидент од 1931 година, а кулминирала со Втората јапонско - кинеска војна од 1937 година. Пак Чон Хи неколку годин работел како учител во Мунгјеонг, а училиштето што го посетувал денес е музеј.

Воена кариера мини|лево|150п|Чон Хи како јапонски војник Во април 1940 година, Пак Чон Хи се запишал при Академијата на империјална армија на Манџоу-Го и успешно ги завршил студиите во 1942 година со врвни оценки. Поради својата способност бил избран за офицерско дошколување при Токиската воена академија во Јапонија. Дипломирал како трет во својата класа и како поручник бил назначен во 8 - та пешадиска дивизија при армијата на Манџоу-Го.

Во овој период, како и повеќето други Корејците од тоа времето, Чон Хи имал јапонски име Такаги Масао), но за разлика од многу други Корејците кои биле принудени да имаат јапонски имиња, усвојување на јапонското име од страна на Чон Хи било на доброволна основа. По дипломирањето во Токиската воена академија, Чон Хи го усвоил јапонското име Окамото Минору , кое било користено од неговите јапонски претпоставени за време на неговата служба во Манџурија.

Како припадник на Империјална армија на Манџоу-Го учествувал во последниот период на Втората светска војна. Чон Хи како поручник служел во Квантунгшката армија, дел од Јапонската империјална армија, и учествувал во борбите против кинеските комунистички сили на Мао Це Тунг. Квантунгшката армија се борела и против корејските герилци, но не е јасно дали Чон Хи се борел против нив . мини|лево|150п|Писмо на Пак Чон Химини|десно|250п|Чон Хи во американската артилериска школа По поразот на Јапонија во Втората светска војна, по препорака на својот постар брат, Чон Хи се приклучил во влијателната комунистички група, Работничка партија на Јужна Кореја, која дејствувала на територијата на американската окупација зона, која подоцна станала Јужна Кореја. По војната, пристапил во војската на Јужна Кореја и учествувал во бунт кој избувнал во провинцијата Јеола, предводен од новата армија формирана со поддршка на САД.

Во 1948 година, кога било откриено дека учествувал во дејноста на комунистичка ќелија, организирана во рамките на Јужнокорејската армија, бил осуден смрт. Меѓутоа поради соработка со властите бил помилуван , Чон Хи ги понудил имињата на неговите комунистички соработници и бил исклучен од армија, без почести.

За време на Корејската војна се вратил на воена служба и станал експерт за логистика. Меѓутоа бил обвинет дека е комунист. Генералот Паек Сунјеоп, корејски воен херој, го искористил својот ранг и статус во ослободувањето на Чон Хи од овие обвиненија и бришење на дамката од неговото име. Го продолжил военото образование и се стекнал со специјална обука во Fort Sill, Оклахома, Соединетите Американски Држави. Со своите способности во текот на годините постојано напредувал во воената кариера и на крајот го стекнал чинот генерал.

Освојување на власта Политички тензии мини|лево|150п|Чанг Мијон Под притисок на 19-то априлско студенско движење, на 26 април 1960 година Јее Сунг Ман, првиот претседател на Јужна Кореја, поднел оставка. На 13 април 1960 година, власта била преземена од нова влада. Меѓутоа, ова било краткотраен период на парламентарно владеење во Јужна Кореја, со симболичниот претседател Јун Бо Сен. Вистинската власт била во рацете на премиерот, Чанг Мијон.

Јун и Чанг немале голем кредибилитет во Корејската демократската партија. Тие не можеле да се согласат за составот на кабинетот, а Чанг се обидел да ја одржи на бледа коалиција, извршувајќи реконструкција кабинет на кабинетот, трипати во рок од пет месеци.

Под притисок на левицата, владата на Чанг започнала со серија на чисти меѓу воените и полициски функционери кои биле обвинети за анти-демократски активности или корупција. За оваа цел бил донесен посебен закон на 31 октомври 1960 година Nahm (1996, p. 411).Policies of the 2nd Republic at Doosan Encyclopedia. Околу 40 000 луѓе биле ставени под истрага, а од нив, повеќе од 2 200 владини функционери и 4 000 полицајци биле исчистени . Покрај тоа, Владата сакала да го намали персоналот на рмијата за 100 000 души Nahm, loc. cit.. Иако владата била формирана со поддршка на јавноста, таа не успеала да имплементираа ефективни реформи и отука дошло до социјални немири и политички превирања.

Од една страна владата била притисната од економијата која се наоѓала во тешка положба поради владеењето на Јун Бо Сен, а од друга страна биле студентите кои го собориле Бо Сен. Студентите постојано демонстрирале по улиците и повикувале на политички и економски реформи. Законот и редот не можеле да бидат спроведувани, бидејќи полицијата, долгогодишен инструмент на Јун Бо Сен, била деморализирана и целосно дискредитирана во очите на јавноста. Внатрешно партиските фракциски расправии го нарушиле угледот на Демократската партија меѓу народот.

Државен удар

Фракционерство во војската Директен фактор во поплочувањето на патот за државен удар било самото фракционерство на Јужнокорејската армија, тогаш една од најголемите во светот со околу 600 000 војници Kim & Vogel 2011, p. 41.. Армијата добила засебен идентитет, изграден последотвателно од двојната јапонско-американска обука, комбинирајќи го јапонскиот милитаристички етос со американскиот дух на техничка ефикасност, проширувајќи ја својата мисија од одбрана на земјата од комунистичката агресија до изградба на современа нација .

Армијата била поделена, од една страна биле регионалните команданти, а од друга страна бил фракциите кои постоеле меѓу офицерите. Највлијателни биле офицерските фракции, а меѓу нив постоел јаз и натпреварувачки дух. Едната фракција била составена од офицери кои дипломирале во Јапонската воена академија и Манџуриското службеничко училиште, а во другата фракција се наоѓале пониските офицери кои завршиле во Корејската воена академија по Втората светска војна Kim & Vogel 2011, p. 39..

Пак Чон Хи ги посетувал сите три институции и се нашол во уникатна позиција за раководење на воената коалција која го извршила државниот удар. Тој имал екстензивни врски со високите команданти на армијата и помладите офицери . Пак Чон Хи, како висок офицер - генерал-мајор, се нашол во политичките турбуленции и ја искажал својата поддршка за реформисти, а на 2 мај побарал оставака од началникот на Генералштабот Сонг Јо Чан Kim 2004, p. 58.Kim & Vogel 2011, p. 44.. На 24 септември, шеснаесет полковници, предводена од страна на Ким Јонг Пил, побарале оставка од началникот на Здружениот генерал штаб - Чои Јонг-Хуи, во инцидентот познат како "револт против постарите" (하극상 사건) Kim 2004, p. 62.. До овој момент, првичниот план за државен удар веќе бил во напредна фаза, а револтот отстранил важен потенцијален непријател.

Планирање и организација мини|десно|300п|Јужнокорејски војници Во почетокот на 1960 година, Чон Хи и реформистичките офицери подготвувале план за државен удар кој требало да биде изведен на 8 мај со цел да се собори претседателот Јее Сунг Ман, меѓутоа тој поднел оставка под притисок студенското движење East Asian History, Issues 25-26. Australian National University, p. 134.. Помеѓу мај и октомври 1960 година, Чон Хи собрал голем број офицери за да организира нов план за државен удар, во голема мера врз основа на неговите врски со другите дипломирани студенти од Манџуријската воената академија. Чон Хи успеал да ја обезбеди лојалноста на уредник на дневниот весник Пусан, за да обезбеди пропагандна основа за државниот удар. До октомври, Чон Хи собрал девет основни членови за ударот, а од својот близок соработник Ким Јонг Пил побарал да биде генерален секретар Kim & Vogel 2011, p. 45.. Заговорниците одлучиле да го искористат анти-корупцијата движење во рамките на војската за оставраување на својата цел. Чон Хи требало да агитира меѓу другите генерали, а другите меѓу младите офицери, на тој начин требало да се изгради заговорничка мрежа во и околу Сеул For this paragraph: Kim & Vogel 2011, p. 46..

Во текот на следната половина на година, плановите за државен удар станале јавна тајна во рамките на војската. Чон Хи не успеал да ја придобие командата на военото контраразузнавање и Деветта оклопна дивизија, но планирањето продолжило непречено. Како што се доближувал крајот на годината, Чон Хи започнал паралелни разговори надвор од основното заговорничко јадро и структурирал лабава мрежа на поддржувачи за неговиот план, а меѓу другото тој разговарал со генерал-мајорот Ли Чу-Ил и се согласиле, по државниот удар, новиот началник на Генералштабот - Чанг До Јонг да застане на чело на Воениот револуционерен комитет, за да се добие поддршкат од целата армија Kim & Vogel 2011, p. 47.. Чон Хи успеал да обезбеди финансиска поддршка од истакнати стопанственици, во висина од вкупно 7,5 милиони хвани Kim & Vogel 2011, p. 49..

На 10 април 1961 година, Чон Хи го открил планот за државен удар на началникот на Генералштабот, Чанг До Јонг. Тој индирекно дозволил да се изврши државен удар, односно ја одбил водачката позиција која му била понудена, не ја информирал владата и не наредил апсење на заговорниците. Оваа му овозможило на Чон Хи, да го претстави Чанг како "невидливата рака" на државниот удар. Било одлучено државниот удар да се изврши на 12 мај, меѓутоа акцијата била одложена за 16 мај во 03:00 часот.

Тек на настаните thumb|300px|right|Пак Чон Хи (во средина) и војници со задача да го реализираат државниот удар