Лајпциг () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Делич, слободниот град Лајпциг, Мулдентал, Митвајда, округот Алтенбург во Тирингија и окрузите Бургенланд, Зале во Саксонија-Анхалт.
Историја
Историјата на областа била под влијание на градот Лајпциг.
Округот бил основан во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Лајпциг, Борна и Гајтхајн. Во август 2008 година, станал дел од новиот округ Лајпциг.
Географија
Главна река во округот е Вајсе Елстер (Weiße Elster), која исто така тече низ градот Лајпциг. Областа јужно од Лајпциг претставува голема рударска област, пред сè за јаглен, која се планира да биде претворена во езера во блиска иднина. Исто така, јагленот ја прави областа, главна индустриска област во Источна Германија.
Грб
100п|ГрбЛавот на десната страна е симбол на грофовите од Мајсен, вертикалните сини ленти долу се симбол на кметовите од Ландсберг. Обата симбола се исто така претставени и во грбот на градот Лајпциг. Лево е брановитата линија на зелена основа, која ја симболизира реката Вајсе Елстер.
Градови и општини
ГрадовиОпштиниБелен Борна Фробург Гајтхајн Гројцш Кицшер Корен-Залис Маркклеберг Маркранштет Пегау Регис-Брајтинген Рета ЦвенкауДојцен Елстертребниц Еспенхајн Ојлатал Гроспесна Кицен Лобштет Нарсдорф Нојкирицш
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Лајпциг (округ)