Теогност Киевски е христијански светец и митрополит на Киев во периодот од 1328 до 1353 година.
Грк по потекло и преeмник на Петар Киевски. Според христијанската традиција тој страдал многу во монголската орда од Џинибек, затоа што бил наклеветен кај монголскиот цар наводно оти не му плаќал на царот никаков данок за својот чин. Кога царот го повикал и го прашал за тоа, тој рекол: “Христос нашиот Бог ја искупи Црквата Своја од незнабожците со чесната своја крв. Зошто сега да им плаќаме данок на незнабожците?” По ова бил пуштен на слобода. Управувал со црквата 25 години. Починал во 1353 година„Охридски пролог“ стр. 107. Неговите мошти се наоѓаат во Катедралата на Успението во Москва. Од страна на Руската православна црква во текот на 19 век бил прогласен за светец и маченик.
Православната црква неговиот ден го чествува на 14 март.
Наводи
Категорија:Руски светци Категорија:Христијански маченици од средниот век Категорија:Митрополити на Киев и цела Русија Категорија:Московски патријарси Категорија:Христијански светци од 14 век Категорија:Луѓе од Цариград Категорија:Православни маченици Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во Москва