Хашимотов тириоидитис или хроничен лимфоцитен тироидитис е автоимуно заболување во кое штитната жлезда е нападната од голем број на клеточни и противтело-посредувани имуни процеси.„Што е болеста Хашимото?“, Слободен печат, година IV, број 940, вторник, 13 декември 2016, стр. 19. Ова било првото заболување кое било откриено како автоимуно заболување. Првпат било опишано од страна на јапонскиот специјалист Хашимото Хакару во Германија во 1912 година.
Знаци и симптоми Хашимотовиот тироидитис многу често резултира со хипотироидизам со периоди на хипертироидизам. Некои од симптомите се: микседематозна психоза, добивање во тежина, забрзан пулс, напади на паника, депресија, манија, чувствителност на топлина и студ, парестезии, замор, брадикардија, тахикардија, зголемено ниво на холестерол, реактивна хипогликемија, констипација, мигрена, мускулна слабост, грчеви, губиток на меморија, неплодност и губиток на косата.
Штитната жлезда може да стане цврста, зголемена и лобулирана, но промените може да бидат и непалпабилни.Page 56 in: Зголемувањето на жлездата повеќе се должи на лимфоцитната инфилтрација и фиброзата отколку на ткивната хипертрофија. Физиолошки, антителата насочени против штитната пероксидаза и/или тироглобулинот предизвикуваат постепено уништување на тироидните фоликули. Така, болеста може да се открие преку откривање на овие антитела во крвта. Болеста се одликува и со инвазија на ткивото на штитната жлезда со леукоцити, главно Т-лимфоцити и е во врска со Не-Хочкинов лимфом. Во подоцните стадиуми на болеста, пациентот може да има изглед на „лавовска маска“. Ова се опишува како длабоки брчки на лицето во делот околу усата и брадата и џебови на олабавено месо под и околу очите; изглед кој наликува на лав.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Автоимуни болести Категорија:Болести на штитната жлезда