Фрајберг () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од запад надесно) округот Средни Рудни Планини, слободниот град Кемниц, окрузите Митвајда, Мајсен и Вајсериц и со Чешка.

Историја

Округот бил основан во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Фрајберг, Бранд-Ербисдорф и Флеа. Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Дебелн, Фрајберг и Митвајда биле споени во новиот округ Средна Саксонија.

Географија

Округот се наоѓал на северните падини на Рудните Планини. Најголема река во регионот е Фрајбергер Мулде, која извира на чешка територија и оттаму тече кон север.

Грб

140п|ГрбГрбот прикажува: лавот е хералдичко животно на Саксонија алатките ја симболизираат рударската традиција во Рудните Планини

Градови и општини

ГрадовиОпштини Августусбург Бранд-Ербисдорф Флеа Фрауенштајн Фрајберг Гросширма Едеран Зајда Бобрич Дорфхемниц Епендорф Фалкенау Франкенштајн Гросхартмансдорф Халсбрике Хилберсдорф (Саксонија) Лојбсдорф<li> Лихтенберг <li> Мулда <li> Нојхаузен <li> Нидервиза <li> Обершена <li> Рехенберг-Биненмиле <li> Рајнсберг <li> Вајсенборн

Надворешни врски Официјална страница (германски)