Скачинци — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото е сместено во областа Клепа, на десниот брег на реката Вардар, 20 км јужно од Велес во јужното подножје на врвот Куен.

Историја Подрачјето на Скачинци е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.

Во XIX век Скачинци било македонско село во нахијата Клепа во Велешката Каза на Отоманското Царство. Селската црква „Св. Троица“ е од 1870 г. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Скачанци (Scatchantzi) било село со 48 домаќинства од 226 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 180 - 181. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Скаченци имало 500 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Скачинци (Skatchintzi) имало 520 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 118-119.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го посочува Скачанци (Skačanci) како македонско христијанско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Стопанство Скачинци е ридско село со полјоделско-сточарска функција. Преовладуваат пасиштата, а обработливото земјиште зафаќа значително помала површина.

Население

Селото е речиси иселено некаде 1960-тите, за во 1971 година да останат само 4 лица. Во текот на 1970-тите селото било конечно напуштено, и во него се доселиле неколку албански семејства (26 лица). Во следната деценија од него се иселиле и тие жители, повторно сведувајќи се на 4 жители Албанци. Во 1990-тите сите тие го напуштиле селото, и во него се вратил еден жител Македонец.Скачинци — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Родови

Скачинци било македонско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:

Староседелци: Ордевци со Чаушовци, Илевчевци, Маневци, Поп-Теовци и Мицековци (14 к.), Бошковци со Трајковци, Манасијовци, Стојановци и Бошковци (9 к.), Крстевци и Буревци (10 к.), Карафендоловци (10 к.), Таневци (3 к.), Марковци и Поповци (8 к.), Камчевци (6 к.), Пецевци (2 к.), Тодоровци (1 к.) и Геговци (2 к.) Доселеници: Петровци (1 к.) потекнувале од домазет доселен во 1919 година од Велес.

Општествени установи Цркви Црква „Св. Троица“ од 1870 г. Црква „Вознесение Христово“ („Св. Спас“)

Самоуправа и политика Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во избирачкото место се опфатени населените места: Скачинци, Виничани, Грнчиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Врчва — населба од доцноантичко време Долни Дабје — населба од доцноантичко време Кале — градиште од доцноантичко време

Редовни настани Света Троица — селска слава

Личности Павел Арсов — духовник, селски свештеник од 1874 до 1908 г. Ангел Мишев — македонски револуционер и партизан, кој ја возобновил дејността на ВМРО во 1947 година, борец за Независна Македонија Сута Бочварова (р. 1864) - македонска револуционерка, жена на Јован ПеливанотФељтон: Илинденски сведоштва : од Сута Бочварова од град Титов Велес (20)

Иселеништво Селото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес. А иселеници имало и во Приштина (од родот Мицековци) и др.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Градско Категорија:Раселени села во Македонија