Џефри Арнолд „Џеф“ Бек ( - ) — англиски рок гитарист. Тој е еден од трите познати гитаристи кои свиреле во „The Yardbirds“, заедно со Ерик Клептон и Џими Пејџ. Бек ги формирал бендовите „The Jeff Beck Group“ и „Beck, Bogert & Appice“.
Најголемиот дел од издадените снимки на Бек се инструментални, фокусирајќи се на иновативен звук кој се протега помеѓу жанровите блуз рок, хеви метал, џез фузија, електроника и други. Бек снимил и два хит албуми (во 1975 и 1976) како соло акти, но не успеал да ја задржи славата на високо ниво како неговите соработници од „The Yardbirds“. Тој се појавува во албуми на Мик Џегер, Кејт Буш, Роџер Вотерс, Донован, Стиви Вондер, Лес Пол, Зучеро, Синди Лупер, Брајан Меј и „ZZ Top“. Во 1988 снимил кратка сцена во филмот Близнаци.
Во листата „100 најдобри гитаристи на сите времиња“ на магазинот „Роулинг Стоун“ е рангиран на петтата позиција, а магазинот го опишал како „еден од највлијателните водечки гитаристи во рок-музиката“. Шест пати освоил греми наградата за најдобра рок инструментална изведба и еднаш греми наградата за најдобра поп инструментална изведба. Во куќата на Славните на Рокенролот бил примен двапати: првиот како член на групата „The Yardbirds“ во 1992 и вториот како соло изведувач во 2005.
Наводи
Категорија:Англиски блуз гитаристи Категорија:Англиски рок-гитаристи Категорија:Англиски текстописци Категорија:Добитници на Греми Категорија:Блуз-рок-музичари Категорија:Англиски гитаристи