Страхил Гигов - Андро (Велес, 16 септември 1909 - Скопје, 19 мај 1999)„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 355 стр. ― македонски комунист, учесник во НОБ и висок функционер од времето на комунизмот. Носител е на Партизанска споменица 1941 и други високи југословенски одликувања, а на 29 ноември 1953 е прогласен за народен херој на Југославија.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 107

Животопис Младост Страхил Гигов бил роден на 16 септември 1909 година во Велес, тогаш дел од Скопскиот Вилает на Османлиското Царство, во сиромашно занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште, се запишал во гимназијата во Велес, која морал да ја напушти во трет клас бидејќи немал средства да си го плати образованието. Почнал да учи занает. Работел во Државната железница во Велес, учејќи го занаетот на металостругар. Тогаш се запознал со постари другари, членови на напредното работничко движење, на кое самиот се приклучил, и набрзо станал еден од неговите најистакнати активисти.

Помеѓу двете светски војни Гигов станал синдикален активист уште од 1928 година. Член на КПЈ од 1929, а на Месниот комитет во Велес од 1931 година. На 27 декември 1934 година е уапсен и во јуни 1935 година е осуден на три години. Ја издржува целата казна во Сремска Митровица и е ослободен на 27 декември 1937 година.Страхил Гигов „Сеќавања“, „Наша книга“, Скопје, 1975, 71-72 и 76 стр. На 1 декември 1938 година повторно накратко е уапсен, но поради протестите организирани во Велес, при неговото спроведување во градот, веднаш е ослободен.Darko Stuparić “Revolucionari i bez funkcija”, “Otokar Keršovani”, Rijeka, 1975, 102 str. Есента 1939 година станува член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а летото 1940 година уапсен е по третпат. Префрлен е во затвор во Белград, но е ослободен од обвиненијата во септември.Страхил Гигов „Сеќавања“, „Наша книга“, Скопје, 1975, 154 стр. Во јануари 1941 година е испратен во концентрационен логор кај Меѓуречје, близу Ивањица, каде останува до распуштањето на логорот на 27 март 1941 година.Страхил Гигов „Сеќавања“, „Наша книга“, Скопје, 1975, 158 стр.

НОВ

Кон крајот на 1941 година е секретар на Месниот комитет во Велес. На почетокот на 1942 година е секретар на велешкиот Окружен комитет, а во септември 1942 година повторно е избран за член на новиот Покраински комитет. Заедно со Светозар Вукмановиќ - Темпо, Кузман Јосифовски - Питу и Цветко Узуновски, присуствува на состанокот во Тетово на 19 март 1943 година на кој е формирана Комунистичката партија на Македонија и влегува во нејзиниот прв Централен комитет.Страхил Гигов „Сеќавања“, „Наша книга“, Скопје, 1975, 252-253 стр. Член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, негов член и секретар, како и член на АВНОЈ. Поради неговите активности, окупаторот двапати го осудува на смрт во отсуство.

Учествува на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, на кое е избран за член на Президиумот на АСНОМ. На 6 август е назначен за повереник за градежништво и соопштенија на Президиумот на АСНОМ, а на 3 ноември за секретар на Президиумот на АСНОМ. На 14 август Президиумот на АСНОМ го избира за член на Комисијата за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги.Решение за именување на Државна комисија при Президиумот на АСНОМ за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги

По ослободувањето мини|180п|десно|Страхил Гигов По Второто заседание на АСНОМ, на 1 јануари 1945 година е назначен за повереник за индустрија и занаетчиство,„Нова Македонија“, 3 јануари 1945 година, 1 стр. а потоа, при изборот на првата влада на Македонија, е назначен за министер за индустрија и рударство. На таа функција останува до 11 февруари 1946 година,Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр. по што во август истата година, на Првиот конгрес на Единствените синдикати на Македонија, е избран за претседател на Земскиот одбор.„Прв слободен синдикален конгрес на работниците и наместениците на Македонија“, Скопје, 1946, 138 стр. На 19 ноември 1947 година се враќа во Владата на Македонија како министер за градежнишво,Службен весник на НРМ, 33/1947, 2 стр. а на 26 октомври 1948 година ја напушта оваа функција и станува претседател на Планската комисија.Службен весник на НРМ, 33/1948, 1 стр. На оваа функција останува до 8 февруари 1950 година, по што на 27 април истата година е избран за член на Сојузната влада како претседател на Комитетот за неметали.Службен лист на ФНРЈ, 32/1950, 1 стр. Во македонската влада се враќа следната година, на 13 април 1951 година, како министер-претседател на Советот за енергетика, преработувачка и екстрактивна индустрија.Службен весник на Народна Република Македонија 13/51, 3 стр. Набрзо потоа, на 15 октомври истата година е избран за претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ.Службен весник на Народна Република Македонија 29/51, 3 стр.

Бил член и на Претседателството на СРМ, а на сојузно ниво неколкупати е биран за член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и на Извршниот комитет на ЦК СКМ, осум години бил член на Сојузниот извршен совет, а потоа бил потпретседател на Сојузното собрание. Бил член и на Советот на федерацијата.

Дела Страхил Гигов е автор на следниве дела: „Сеќавања“, 1973 „Одбрани трудови“, 1979 „Со сопствени сили“, 1985

Наводи

Надворешни врски „Страхил Гигов во куќата на Кочо Рацин“

Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Политичари од Велес Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Јунаци на социјалистичкиот труд Категорија:Починати во Скопје Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ