Лилјана Чаловска (Софија, 1920 година - Скопје, 20 јули 1997) — македонска писателка и активна учесничка во напредното движење на македонските студенти во Белград.
Животопис Чаловска била член на КПЈ од 1940 година и делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Покрај тоа, била еден од организаторите и раководител на Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, одржан на 21 декември 1944 година во Фуштани. Најпосле, таа била учесничка во АСНОМ, а по завршувањето на војната била народен пратеник во Собранието на Македонија и во Сојузното собрание.
Чаловска е позната и како првата сопруга на политичарот Лазар Колишевски.„Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 354.
Творештво Чаловска била членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на седум збирки поезија: „Бдение за Виетнам“ (1967), „Антидневник“ (1971), „Пребир“ (1972), „Пергел“ (1974), „Повесница“ (1977), „Поморјански песни“ (1981), „Стихови“ (1981)
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 19-22.
Поврзано Ахил Чаловски
Наводи
Чаловска, Лилјана Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски општественици Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ