Сладуево — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Потекло на името

Името на селото веројатно потекнува од личното име Сладуј или Сладомир.

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во Железник, во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Кичево или Крушево и до текот на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 635 метри. Од градот Демир Хисар, селото е оддалечено четири километри.

Сладуево се граничи со селото Прибилци на север, со селото Журче на исток, со селата Граиште и Белче на југ и со селото Белче на запад.

Во 1965 година селото добило електрична енергија, водовод има од 1978 година, а асфалтен пат од 1985 година.

Историја

Сладуево се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер со името „Сладофче“. Во селото имало 5 христијански семејства. Во еден список за личен данок на немуслиманите од Битолскиот Вилает од 1537/8 г. селото е регистрирано со формата „Сладовци“. Во географска карта од 1900 година било запишано како „Сладујево“.

Во 1468 година имало 5 семејства, односно вкупно 25 жители. Во 1568 година имало 13 семејства или вкупно 45 жители. Селото плаќало вкупно 225 акчиња годишно данок.

Во век, Сладуево било село во Битолската Каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од , при што преовладува обработливото земјиште со 80 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Во минатото, во селото работела електрична воденица, сепарација на песок и асфалтна база. Денес, во селото има фабрика за откуп и преработка на печурки „Чапе Фунги“.

Населението се занимава со земјоделство и чува малку стока.

Население

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сладуево имало 80 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сладуево се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.

Сладуево е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 109, а во 1994 година бројот се намалил на 81 жител.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 77 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 51 Македонец и 1 лице без податоци.

Родови

Сладуево е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

Доселеници: Матраковци (3 к.), доселени се од селото Маково, Мариово; Грнчаровци (2 к.), доселени се од селото Грнчари, Преспа; Бурјаковци (6 к.), доселени се од селото Сопотница; Ничевци (5 к.), доселени се од селото Света; Деспотовци (2 к.), доселени се од селото Големо Илино; Тушловци (2 к.), доселени се од селото Журче; Коњаровци (1 к.), доселени се од Коњари, Битолско и Мирчевци (1 к.), доселени се од селото Прибилци, Стојковци (1 к.) доселени се од селото Брезово .

Општествени установи

Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Сладуево, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Сладуево.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0634 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Илија“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Светец — населба и некропола од средниот век.

Цркви Црква „Св. Илија“ — главна селска црква (во изградба).

Редовни настани

Слави Илинден — главна селска слава

Иселеништво

Од Сладуево има иселеници во градовите Битола и Демир Хисар, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Демирхисарски села Категорија:Села во Општина Демир Хисар Категорија:Села со слава Илинден во Македонија