Седлерс (англиски: Saddlers) е мало гратче (село) на островот Свети Кристофер во Свети Кристофер и Невис. Седлерс е главен административен центар на парохијата Сент Џон Капистер, заедно со гратчето Дјеп Беј Таун. Гратчето има околу 1049 жители.
Северниот дел од парохијата бил под француска контрола со главен град Дјеп Беј Таун. Јужниот дел бил под британска контрола со главен град Сендлерс. По целосната контрола на Британија, парохијата се стекнала со два главни града, но поважен е Дјеп Беј. Во близина на Седлерс се наоѓа географската одлика наречена Блек Рокс.
Наводи
Поврзано Свети Кристофер и Невис Градови во Свети Кристофер и Невис Сент Џон Капистер
Категорија:Населени места во Свети Кристофер и Невис