Оваа статија се однесува на производителот на гитари Ibanez. За список на луѓе со името Ибањес, видете Ибањес.
Ibanez 190px|Логото на Ibanez <small>Слоган <small>Сè, освен традиционални. <small>Тип <small>Приватна <small>Основана Нагоја, Јапонија (1981) <small>Главен штаб <small>БенсалемПенсилванија, САД <small>Клучни луѓе <small>Хошино Гаки (основач) <small>Индустрија <small>Музички инструменти <small>Произведува <small>Гитари, басови, засилувачи итн. <small>Мрежно место <small>www.ibanez.com
Ibanez или Ибањес (, Aibanīzu) — корпорација започната од јапонскиот стопанственик Хошино Гаки, кој го започнал својот бизнис продавајќи шпански гитари наречени Ibanez, а подоцна го купил името и започнал да продава гитари под тоа име во САД. Така денес Ибањес е производител на електрични и акустични гитари како и на акустични и електрични бас гитари со повеќе фабрики низ светот како низ Јапонија, Кина, САД. Одпрва гитарите на Ibanez биле копии на модели на Фендер и Гибсон и тие копии се денес ценети од колекционари и се наречуваат „lawsuit modelѕ“. Првите познати корисници на Ибањес во 70-тите години биле Стив Милер, Боб Вир (Grateful Dead) и Фил Линот (Thin Lizzy). Во текот на 80-тите години, и со стекнатиот реноме на копирање на ЕЅ-175 џез гитарата на Гибсон, Ibanez постанува омилен инструмент на познатите џез гитаристи Џон Скофилд, Џорџ Бенсон и Пет Метини. Денес, Ibanez е потписник на договори со многу познати имиња од музичката индустрија како: Хед, Манки и Филди од KoЯn, Декстер Холанд, Нудлс и Грег К. од The Offspring, Дарон Малакиан од System of a Down, Бред Делсон од Linkin Park, и најзвучните имиња: Стинг, Стив Ваи и Џо Сатриани.
Наводи
Надворешни врски мини|120px|лево|Ibanez RGT42DX од 2006 Официјалното мрежно место на Ibanez Историја на д.о.о. Хошино Гакки Потекло на Ibanez и моделите за тужби Ibanez регистар - Галерија на минати и сегашни Ibanez гитари и басови. IbanezRules - Купопродажба на користени Ibanez гитари, технички водичи, каталози, прирачници, прирачници за врзување на жици, итн. Ibanez гитари и басови. Историја на Ibanez Критики на Ibanez гитари Ibanez на Aardvark Music - Ibanez во Обединетото Кралство. Jemsite
Ибањес