Горно Село — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Горно Село се наоѓа на северните падини на планината Злато, меѓу врвовите Негре (988 м) од исток, Златоврв (1.422 м) со манастирот Трескавец од југ и врвот Сурун (1.077 м) од запад. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 750 м. Неговиот атар зафаќа површина од 15 км2 Од Прилеп е оддалечено 14,3 км, а од патот Прилеп-Македонски Брод 6,6 км.

Историја Во XIX век, селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.„Горно Село“. OldPrilep. 13 октомври 2014.

Стопанство Во селскиот атар, најголема површина од 765,9 ха зафаќаат пасиштата, на обработливо земјиште отпаѓаат 471,7 ха, а на шуми 6,9 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Население мини|десно|250п|Куќи во селото

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горно Село е село со 10 домаќинства и 42 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Село имало 74 жители Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Горно Село е село со 40 жители Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 39 жители, од кои 38 Македонци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.

Родови

Горно Село е чисто македонско православно село, во селото има и староседелски и доселенички родови. Родови во Горно Село се:

Староседелци: Белчевци (7 куќи) Доселеници: Кркачовци (8 куќи) доселени се во првата половина на XIX век од селото Мажучиште, го знаат следното родословие: Дано (жив на 48 г. во 1951 година) Ордан-Бошко-Јован Кркач, кој се доселил во селото; Кавеџиовци (6 куќи) доселени се од некое село во Охридско, најпрво се населиле во Кутлешево, па прешле во денешното село, го знаат следното родословие: Тоде (жив на 26 г. во 1951 година) Ѓорге-Атанас-Толе-Ѓоргија-Стојко, кој овде се доселил од Кутлешево; Зајаковци (6 куќи) и за нив се мисли дека се доселени од некое село во Охридско; Србиновци (2 куќи) доселени се однекаде во XIX век; Гличевци (2 куќи) и они се доселени однекаде, постои истоимен род во Мало Мраморани; Пецевци (1 куќа) доселени се од Дупјачани, а имаат и роднини во Долнени; Прчковци (1 куќа) доселени се од селото Дреновци; Тошовци (4 куќи) доселени се во XIX век од Кутлешево, подалечното потекло не им се знае; Митковци (4 куќи) доселени се од селото Дупјачани, и нивното подалечно потекло е непознатоДреновци; Ориѓани (3 куќи) доселени се од селото Годивје, Дебрца.

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.

Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 1463 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на ЗИК „Долнени“.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.

Личности Личности родени во Горно Село:

Даница Антоска — учесник во НОВ на Македонија.

Културни знаменитости

мини|десно|250п|Црквата „Пресвета Богородица“

Археолошки наоѓалишта Асаница — некропола од римско време; Бревчина — населба од доцноантичко време; Бучалиште — некропола од доцноантичко време; Грамеѓе — утврдување од хеленистичко време; Ризоец — некропола од римско време; Сурун — некропола од хеленистичко време; Орлов Камен -населба од раноантичко време; Три Ореи — некропола од хеленистичко време; Преслап — наоѓалиште од непознат тип и период; Чашка — наоѓалиште од непознат тип и период; Арбанаси — населба од непознат период; Големи Камења-Вирила — гробница од античко време; Големи Камења-Тумба — гробница од античко време; Грло — гробница од античко време; и Дрми — населба од бронзено и железно време.

Цркви Црква „Пресвета Богородица“.

Иселеништво Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Матраковци се иселиле во Прилеп, биле однекаде доселени. Од овој род потекнувал некој познат свештеник. Гличевци се иселиле во Дупјачани. Од родот Кукачовци има (28 семејства) иселени во Прилеп. По Втората светска војна, уште десет семејства се иселиле во Прилеп. Чалишовци биле староседелци во селото, некои изумреле, а други се иселиле исто така во Прилеп.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Долнени