Бенџамин „Бен“ Ијан Свифт (; р. ) — англиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Свифт ја освоил дисциплината скреч на Светското велодромско првенство и друмските трки на Националното друмско првенство во 2019 и во 2021 година. Неговиот братучед, Конор Свифт, е исто така англиски професионален друмски велосипедист и национален првак од 2018 година.

Животопис

Свифт е роден во Ротерхем, Јужен Јоркшир, тој започнал со велосипедизам со Мосли КРТ, на возраст од 12. Во 2003, стигнал втор на трката скреч на државното првенство зад олимпиецот Стивен Бурк. Како јуниорски возач, Свифт се натпреварувал на Комонвелтските јуниорски игри, земајќи ја бронзата за бодовната трка, како и две национални титули, бодовната трка на јуниорското првенство во 2004 и јуниорската скреч трка во 2005. Исто така се натпреварувал на сениорската скреч трка во 2005, покажувајќи ја неговото способност да заврши трет, освојувајќи ја бронзата. Свифт започнал да се натпреварува на меѓународно ниво, освојувајќи неколку трки за медисон. Во 2012, ја освоил трката скреч на светското првенство, станувајќи прв Британец, кој станал светски првак во скреч.

Кариера

Го направил неговото професионално друмско деби во август 2007 придружувајќи му се на како тренинг-партнер, со кои го освоил планинскиот пласман на Трката околу Британија.

Во текот на 2008 се натпреварувал за развојната екипа на Бритиш Сајклинг и ја освоил неговата прва рангирана трка од UCI. Ја претставувал Велика Британија на друмската трка на Олимписките игри 2008 и на Светското друмско првенство UCI, каде завршил четврти на друмската трка под 23 години.

Катјуша

По првенствата потпишал двегодишен договор со новата руска екипа .

Во 2009 бил избран да вози на Џиро д’Италиа. Свифт завршил трет на етапата 2 на Џиро д’Италиа. Исто така освоил етапа на Трката околу Британија. Свифт изјавил за CyclingNews во 2009, опишувајќи се себеси како „универзален возач, кој добро може да вози на класиците и да освојува етапи. 'Моја слабост е хронометарот. Не сакам да возам на хронометри и воопшто не сум добар на нив.'"

Тим Скај

thumb|left|Свифт спринта за победа на етапата 5 на Тур де Романди 2011

Свифт му приклучил на новооснованиот британски тим во јануари 2010. Во текот на неговата прва сезона со Скај, најголемиот резултат за Свифт бил на Тур де Пикард, каде освоил една етапа, генералниот, бодовниот и пласманот за млад возач.

Свифт во 2011 ја освоил својата прва етапа на трка од Светската турнеја, победувајќи етапа на Тур Даун Андер во Аделаида. Четири дена подоцна исто така ја освоил и етапата шест. Свифт ја овоил етапата 2 на Трката околу Калифорнија и го зел водството на трката, откако првата етапа била откажана поради лошото време. Свифт бил избран во екипата за Тур де Франс пред Грег Хендерсон, и завршил шести на етапата 15.

Во 2012, Свифт се фокусирал на велодромскиот велосипедизам и претставувањето на Велика Британија на Летните олимписки игри 2012. На 4 април, Свифт ја освоил трката скреч на Светското велодромско првенство и ја зел маичката виножито. Завршил втор на бодовната трка и ги здружил силите со Герајнт Томас за земање на среброто во медисон.

Свифт бил избран да вози на Џиро д’Италиа, но бил приморан да се откаже откако го скршил рамото во пад на еден тренинг една недела претходно. Иако не успеал да биде избран од долгиот список за олимпискиот тим на Велика Британија, тој бил избран од екипата Скај да вози на Трката околу Полска, победувајќи на втората и петтата етапа, воедно освојувајќи го бодовниот пласман. Свифт бил избран за спринтер на Скај за Вуелта а Еспања 2012, каде завршил втор на етапата 18.

Во март 2014, Свифт го остварил еден од најголемите резултати во неговата кариера, завршувајќи трет на Милано-Санремо. Во април 2015 година, Свифт паднал на новосоздадената Тур де Јоркшир, повредувајќи го рамото.

На 19 март 2016 година, Свифт завршил втор на Милано-Санремо, во тесен спринт со Арно Демар ().http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/ben-swift-on-milan-san-remo-second-is-the-worst-place-217478

ОАЕ Тим Емирати

По седум сезони со Скај, во септември 2016 година, Свифт објавил дека ќе се приклучи на со двегодишен договор од 2017 година со цел за нови можности за себе.

Враќање во Тим Скај

Во октомври 2018 година потпишал да се врати во за сезоната 2019. Во јуни 2019 година, Свифт го освоил националното друмско првенство, победувајќи го предводникот на екипата Ијан Станард. Во септември 2019 година, Свифт потпишал нов договор за да остане со до крајот на сезоната 2021. Свифт изјавил дека нашол обновен ентузијазам и мотивација за спортот.

Достигнувања

2004 1. 20п Национално јуниорско велодромско првенство - бодовна трка 2005 1. 20п Национално јуниорско велодромско првенство - скреч 1. 2-дневен јуниорски медисон Ротердам 1. Ноќ 1 1. Ноќ 2 1. 3-дневен медисон под 23 години Дортмунд 2006 2. 15п Национално велодромско првенство - екипна потера 2007 1. 20п Европско велодромско првенство под 23 години - екипна потера Џиро деле Реџиони 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 4 1. 20п Планински пласман Трка околу Британија 3. Милано-Бусето 4. Гран Премио дела Либерационе 5. Европско друмско првенство под 23 години 7. Ла Кот Пикард 2008 1. Копа деле Паче 1. ГП Копа Ромита 1. Етапа 5 Џиро Сиклистико Вале д’Аоста 4. Светско друмско првенство под 23 години 4. Европско друмско првенство под 23 години 6. Гран Премио Индустри дел Мармо 10. Гран Премио дела Либерационе 2009 1. Етапа 7 Трка околу Британија 2. Нокере Курсе 8. Гран Премио ди Лугано 10. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано 2010 1. 20п Краен пласман Тур де Пикард 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 2 2. 15п Светско велодромско првенство - екипна потера 2011 1. Етапа 5 Вуелта а Кастиља и Леон 1. Етапа 5 Тур де Романди 1. Етапа 2 Трка околу Калифорнија 3. Краен пласман Тур Даун Андер 1. Етапа 2 1. Етапа 6 2012 Светски велодромски првенства UCI 1. 20п Скреч 2. 15п Бодовна трка 2. 15п Медисон (со Герајнт Томас) Трка околу Полска 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 5 4. Национално друмско првенство 2013 3. Национално хронометарско првенство 3. Трофео Палма де Мајорка 5. Трофео Сера де Трамунтана 10. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес 10. Класик РајдЛондон-Сари 2014 Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1а 1. Етапа 1б (ТТТ) 1. Етапа 5 Трка околу Баскија 2. Национално друмско првенство 2. Класик РајдЛондон-Сари 2. Трофео Сес Салинес 3. Трофео Муро-Порт д’Алкудија 3. Милано-Санремо 8. Нокере Курсе 2015 2. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 3. Трофео Плаја де Палма 3. Класик РајдЛондон-Сари 7. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос 9. Меѓународен друмски велосипедски предизвик 9. Јапонски куп 2016 1. 20п Бодовен пласман Вуелта а Андалусија 2. Милано-Санремо 7. Краен пласман Тур ди Поату Шарант 7. Џиро дел Пиемонте 8. Краен пласман Трка околу Британија 8. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2017 5. Светско друмско првенство 5. Национално друмско првенство 10. Трка околу Франкфурт 2019 1. 20п Национално друмско првенство 2020 8. Курне-Брисел-Курне 10. Милано-Торино 2021 1. 20п Национално друмско првенство 3. Гран при де Денен 2022 8. Милано-Торино

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро — — — 127 — — — — 113 — — — — — 18 — 66 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — — — — — 135 — — — — — 83 — — — — — 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта — — — — СО — 121 — — — — — — — — — —

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Профил на страницата на екипата

Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски велосипедисти Категорија:Британски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Олимписки велосипедисти на Велика Британија