Саиф ал Адел (арапски: سيف العدل‎, ) е египетски експерт за експлозиви и висок член на Ал-Каеда. Роден во 1960, египетскиот државјанин е познат и како Мухамед Ибраим Макави и Ибрахим Ал Мадани. Тој котира мошне високо на списокот на најбарани криминалци на ФБИ.

Саиф ал Адел е обвинет за заговор за убиство на државјани на САД, уништување објекти, имот и инсталации за државна безбедност на САД. Американците го бараат и поради неговата наводна поврзаност со бомбардирањата на американските амбасади во Танзанија и Кенија во 1998. Тој бил еден од организаторите на атентатот на египетскиот претседател Анвар ал Садат, и ја напуштил земјата во 1988 година да се приклучи на муџахедините во времето на советската инвазија во АвганистанAl-Qaeda's new military chief, BBC, 19 December 2001 f.

Покрај тоа што е висок командант на Ал каеда, Ал Адел наводно е поврзан и со Египетскиот исламски џихад, подружница на Ал каеда што е под глобално ембарго од страна на ООН.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Ал-Каеда од Египет Категорија:Несигурна година на раѓање