Пјерик Федриго (; р. ) — поранешен француски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2002-2016 година. Бил француски национален друмски првак во 2005 година и има освоено четири етапи на Тур де Франс.

Кариера

Федриго ја освоил етапата 14 во Гап во 2006, етапата 9 во Тарб во 2009 и две етапи во По: етапата 16 во 2010 и етапата 15 на изданието во 2012. На изданието во 2010 бил дел од избрана група, која се искачила на две искачувања од екстра категорија и едно искачување од втора категорија. Тој се борел со останатите седум членови на бегството, вклучувајќи го Ленс Армстронг и победил. Федриго освоил исто така и неколку трки, вклучувајќи ги Четири дена Динкерк во 2005 и Критериум Интернационал во 2010. Неговиот прекар е „le nez de Marmande“ (Носот на Марманд) поради неговиот препознатлив нос. Во септември 2014 година, Бретањ-Сеше Енвиронемент објавиле дека потпишале со Федриго за 2015 година. Во август 2016 година, Федриго објавил дека ќе се повлече од тркитр по ГП Западна Франција.

Достигнувања

2002 1. Етапа 4 Тур ду Лимузен 1. Етапа 3 Париз-Корез 2003 1. Етапа 6 Тур де л’Авенир 2004 1. Краен пласман Тур ду Лимузен 1. Етапа 2 2005 1. Национален друмски првак 1. Краен пласман Четири дена Динкерк 1. Шоле-По де Лоара 2006 1. Етапа 14 Тур де Франс 1. Краен пласман Тур ду Лимузен 1. Етапа 1 2008 1. Етапа 4 Четири дена Динкерк 1. Етапа 3 Волта а Каталуња 2009 1. Етапа 5 Четири дена Динкерк 1. Етапа 6 Критериум ду Дофине Либере 1. Етапа 9 Тур де Франс 2010 1. Етапа 16 Тур де Франс 1. Краен пласман Критериум Интернационал 1. Етапа 1 1. Бодовен пласман 2011 2. Гран при Монтреал 2. ГП де Плимелек-Морбијан 4. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 2012 1. Етапа 15 Тур де Франс 2. Краен пласман Критериум Интернационал 1. Етапа 3 6. Краен пласман Четири дена Динкерк 2013 1. Париз-Камемберт 4. Краен пласман Тур ду Хаут Вар 6. Краен пласман Етоал де Бесеже 7. Краен пласман Тур де Лимузен 8. Краен пласман Критериум Интернационал 9. Краен пласман Сиркут де ла Сарт 2014 4. Шоле-По де Лоара 10. Ла Дром Класик 10. Гран при де Плимелек-Морбијан 2015 1. Шоле-По де Лоара 2. Париз-Камемберт 4. Краен пласман Критериум Интернационал 9. Краен пласман Сиркут Сиклист Сарт 2016 4. Краен пласман Четири дена Динкерк

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—————————————— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс ТурСО76462984325657—4859—52— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——СО———СО———————

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Официјална лична страница

Категорија:Француски велосипедисти Категорија:Француски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Французи со италијанско потекло Категорија:Олимписки велосипедисти на Франција