Драгожел — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба Селото Драгожел се наоѓа на 737м надморска висичина. Во селото има многу извори од кои е настаната самата(Драгожелска река) која што минува низ селото. Селото Драгожел граничи со висорамнината Витачево од источната страна, а од западната страна со Тиквешко Езеро. Драгожел е ридско-планинско село којшто е заобиколен со нискостеблеста шума, до селото се стигнува преку 3 патишта од селото Гарниково и селото Бегниште а другиот пат е преку ладно долче со кој може и да се оде со возило Историја Драгожел под денешното име се спомнува уште во 1340 година , во 1378 кога Царот Душан го поклонил на манастирот Хиландер. Во почетокот на 1920 година селото броело 34 куќи. Населението било христијанско. Селото е од збиен тип. Куќите биле изградени од камен на приземјето и спрат со чардак. Главно занимање на населението било сточарството, а во помал обем и земјоделство. Денес во селото се останати 10 куќи, со 2 домаќинства и 4 жители. Во околината на селото регистрирани се неколку Археолошки наоѓалишта: Ресава, Селиште, Св.Лазар. Во селото постои црква која во олтарниот дел е разурната. Постои иницијатива од мештаните да ја обноват. Селска слава е Св.Никола-зимски.

Стопанство Населението на Драгожел, во најголем дел се занимавало со сточарство, земјоделство. Од сточарство најголем дел се одгледувале овци, кози и говеда.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгожел живееле 180 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.

Селото претежно било населено со православни христијани и едно семејство од муслиманска вероисповед. Селото најголемата сила ја достигнало во 1920 година кога имало 34 куќи со околу 300 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови Драгожел било македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, Родови во селото биле:

Доселеници: Шоповци (16 к.) се делат на Јанковци, Цветковци, Николовци, Шалевци, Темковци и Ташовци . Доселени биле од шоплук . т.е од Штипско . Овде живеат од крајот на XVII век: Бошковци (7 к.) доселени биле од Велешко . Доселени кога и претходниот род: Весковци-Трповци (3 к.) доселени биле однекаде: Трипуновци (1 к.) доселени биле од Ресава : Јовчевци (1 к.) доселени биле од Гарниково : Тасевци (1 к.) доселени биле од селото Куманичево : Парапановци (1 к.) доселени биле од селото Бојанчиште , а таму од селото Полчиште во Мариово : Бакарјовци (1 к.) доселени биле од селото Гарниково : Палијовци (1 к.) доселени биле од селото Куманичево : Мановци (1 к.) доселени биле од селото Гарниково .

Личности Личности родени во Драгожел:

Коле Велков (1921-1944) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија Грозда Илова (14 август 1916 - ) — учесник во НОВ на Македонија

Природни и културни знаменитости Археолошки наоѓалишта Ресава — населба од доцноантичкото време Селиште — населба од доцноантичкото време

Иселеништво Најголемиот дел од иселеништвото се достигнал во 1965 од кога што почнала имиграцијата од село-град со кое што дури 70 % од населението заминало во Кавадарци.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци

Категорија:Раселени села во Македонија