thumb|right|300px|Разрушени објекти во Битола бомбардирани од германски авиони во 1918 г. за време на Првата светска војна Прва светска војна, исто така позната и како Големата војна и Војна на нациите — глобална војна со потекло од Европа која траела од 28 јули 1914 до 11 ноември 1918 година. Повеќе од 70 милиони воени лица, вклучувајќи ги и 60 милиони Европејци, биле мобилизирани во една од најголемите војни во историјата. Повеќе од девет милиони борци и седум милиони цивили загинале како резултат на војната (вклучувајќи ги и жртвите на голем број геноциди). Оваа војна била еден од најсмртоносните конфликти во историјатаC. R. M. F. Cruttwell, A History of The Great War 1914–1918, Oxford, 1969, стр. 137-279, и го отворила патот за големи политички промени, вклучително и револуциите во многу од вклучените земји. Нерешените соперништва што сѐ уште постоеле на крајот од конфликтот придонеле за почетокот на Втората светска војна само дваесет и една година подоцна.

Војната ги вовлекла сите светски економски големи сили,, собрани во две спротивставени сојузи: Сојузници (врз основа на тројната Антанта помеѓу Руска Империја, Трета Француска Република и Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска) наспроти Централните сили на Германско Царство и Австроунгарија. Иако Италија била членка на Тројната алијанса заедно со Германија и Австроунгарија, таа не им се придружила на Централните сили, бидејќи Австроунгарија презела офанзивата против условите на сојузот. Овие сојузи биле реорганизирани и проширени како што повеќе земји влегле во војната: Италија, Јапонија и САД се приклучиле кон сојузниците, додека Отоманското Царство и Царство Бугарија се приклучиле кон Централните сили.

Како причина за војната бил атентатот на надвојводата Франц Фердинанд од Австрија, наследник на престолот на Австроунгарија, од југословенскиот националист Гаврило Принцип во Сараево на 28 јуни 1914 година. Ова предизвикало дипломатска криза кога Австроунгарија дала ултиматум за Кралство Србија, по кое заплетканите меѓународни сојузи формирани во текот на претходните децении биле повторно активирани. За неколку недели големите сили веќе биле вклучени во војната, а конфликтот наскоро се проширил низ целиот свет.Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -н1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 87 - 170.

Русија била првата која на 24 и 25 јули започнала делумна мобилизација на своите армии, а кога на 28 јули Австроунгарија објавила војна против Србија, Русија објавила општа мобилизација на 30 јули. Германија упатила ултиматум на Русија за демобилизација, и кога тоа било одбиено, таа и објавила војна на Русија на 1 август. Русија го повикала својот сојузник од тројната Антанта, Франција, да отвори втор фронт на запад по отворањето на Источниот фронт. Во текот на четириесет години претходно во 1870 година, Француско-пруската војна довела до крај на Второто Француско Царство и Франција ги отстапила провинциите Елзас-Лотарингија на Германија. Поради тој пораз и решеноста да се повлече од Елзас-Лотарингија, Франција ја прифатила молбата на Русија за помош, па Франција започнала со целосна мобилизација на 1 август и на 3 август Германија објавила војна против Франција. Границата меѓу Франција и Германија била силно зацврстена на двете страни, па така, според Шлифеновиот план, Германија потоа ја нападнала неутралната Белгија и Луксембург пред да се пресели кон Франција од север, предизвукувајќи го Обединетото Кралство да објави војна против Германија на 4 август поради прекршувањето на белгиската неутралност. Германскиот марш во Париз завршил во Битката кај Марна, место кое станало познато како Западен фронт каде се водека т.н. битка на исцрпување, со лансирана линија која се променила малку до 1917 година. На Источниот фронт, руската војска водела успешен поход против Австроунгарците, но Германците ја прекинале инвазијата на Источна Прусија во битките на Таненберг и Мазурските езера. Во ноември 1914 година, Отоманското Царство се приклучило на Централните сили, отворајќи фронтови на Кавказ, Месопотамија и Синај. Во 1915 година, Италија им се приклучи на Сојузниците и Бугарија се приклучи на Централните сили; Романија им се придружи на сојузниците во 1916 година, како и во САД во 1917 година.

Руската влада се распаднала во март 1917 година, а револуцијата во ноември проследена со натамошен воен пораз ги довело Русите да се усогласат со Централните сили преку Договорот од Брест-Литовск, кој им дал на Германија значајна победа. По неверојатната германска офанзива долж Западниот фронт во пролетта 1918 година, сојузниците се обединиле и спровеле серија успешни акции. На 4 ноември 1918 година, Австроунгарија се согласила со примирје, а Германија, која имала проблеми со револуционерите, се согласила на примирје на 11 ноември 1918 година, завршувајќи ја војната со победа за сојузниците.

Имиња

Од времето на неговото започнување до почетокот на Втората светска војна, Првата светска војна се нарекувала едноставно Првата светска војна или Големата војна. Во тоа време, исто така, понекогаш се нарекувала „Војна до крај на војната“ или „војна за крај на сите војни“ поради нејзината тогашна невидена скала и уништување.

Во Канада, списанието на Меклин во октомври 1914 година напишало: „Некои војни се именуваат. Ова е Големата војна“. Во меѓувоениот период (1918-1939) војната најчесто се нарекувала Светската војна и Големата војна главно од земји на англиско говорно подрачје.

Терминот Прва светска војна првпат се користел во септември 1914 година од страна на германскиот биолог и филозоф Ернст Хекел, кој тврдел дека „не постои сомнеж дека курсот и карактерот на страшната Европска војна... ќе стане Прва светска војна во целосна смисла на зборот“, цитирајќи го извештајот во Star Indianapolis на 20 септември 1914 година. По почетокот на Втората светска војна во 1939 година, терминот Прва светска војна станал стандарденMargery Fee and Janice McAlpine, Guide to Canadian English Usage (Oxford UP, 1997) p 210..

Во воведот на неговата книга, Ватерло во 100 објекти, историчарот Герет Гловер вели: „Оваа воведна изјава ќе предизвика некое збунетост кај многумина кои пораснале со ознаката на Големата војна цврсто применувана во Првата светска војна од 1914 до 1818 година. На секој што живееше пред 1918 година, насловот на Големата војна беше применет на револуционерните и Наполеоновите војни во кои Велика Британија се бореше со Франција речиси континуирано во дваесет и две години од 1793 до 1815 година". Во 1911 година, историчарот Џон Холанд Роуз објавил книга под наслов Вилијам Пит и Големата војна. Заднина

Политички и воени сојузи thumb|upright=1.4|right |alt=Map of Europe focusing on Austria-Hungary and marking central location of ethnic groups in it including Slovaks, Czechs, Slovenes, Croats, Serbs, Romanians, Ukrainians, Poles.|Воена коалиција во 1919 година; Тројна Антанта во зелена; Тројната алијанса во кафеава боја. Само тројниот сојуз бил формален сојуз; останатите биле неформални сојузи на поддршка.

Во текот на 19 век, големите европски сили правиле големи напори за да одржат баланс на моќ низ цела Европа, што резултирало со постоење комплексна мрежа на политички и воени сојузи низ целиот континент до 1900 година. Тие започнале во 1815 година, со Светиот сојуз меѓу Прусија, Русија и Австрија. Кога Германија била обединета во 1871 година, Прусија станала дел од новата германска нација. Набргу потоа, во октомври 1873 година германскиот канцелар Ото фон Бизмарк преговарал со Лигата на тројцата императори (германски: Dreikaiserbund) помеѓу монарсите на Австроунгарија, Русија и Германија. Овој договор не успел бидејќи Австроунгарија и Русија не можеле да се согласат околу балканската политика, оставајќи ја Германија и Австроунгарија во сојуз формиран во 1879 година, наречен Двоен сојуз. Ова се сметало како метод за борба против влијанието на Русија на Балканот, додека Отоманското Царство продолжувало да слабее.. Овој сојуз се проширил во 1882 година за да ја вклучи Италија, по кое истиот станал познат како Троен сојуз..

Бизмарк особено работел да ја одржи Русија на страната на Германија, во обид да избегне двонасочна војна со Франција и Русија. Кога Вилхелм II седнал на престолот како германски цар (Кајзер), Бизмарк бил принуден да се пензионира и неговиот систем на сојузи постепено бил децентриран. На пример, кајзерот во 1890 година одбил да го обнови договорот за реосигурување со Русија. Две години подоцна, Француско-руската алијанса била потпишана за да се спротивстави на силите на Тројниот сојуз. Во 1904 година, Британија потпишала серија договори со Франција, а во 1907 година Британија и Русија ја потпишале англо-руската конвенција. Додека овие договори формално не биле сојузни со Британија или со Франција, тие го направиле британскиот влез во кој било иден конфликт во кој Франција или Русија имале можност, а системот на испреплетени билатерални договори станал познат како Тројна Антанта. thumb|left|, a , Germany's first response to British Dreadnought.

Трка околу оружјето

Германската индустриска и економска моќ во голема мера растела по обединувањето и основањето на царството во 1871 година по Француско-пруската војна. Од средината на 1890-тите, владата на Вилхелм II ја искористила оваа основа за да посветува значајни економски ресурси за изградба на Kaiserliche Marine (Царска германска морнарица), формирана од адмиралот Алфред фон Тирпиц, во соперништво со Британската Кралска морнарица за поморска светска надмоќ. Како резултат на тоа, секоја нација се обидувала да го надмине другиот во главните бродови. Со лансирањето на ХМС Дреднот во 1906 година, Британската Империја ја зголемила својата предност над својот германски соперник. Трката околу вооружувањето помеѓу Британија и Германија на крајот се проширила и на остатокот од Европа, при што сите големи сили ја посветиле својата индустриска база за производство на опрема и оружје неопходни за паневропски конфликт. Во периодот помеѓу 1908 и 1913 година, воените трошења на европските сили се зголемиле за 50%.

thumb|alt=Photo of large white building with one signs saying "Moritz Schiller" and another in Arabic; in front is a cluster of people looking at poster on the wall.|Граѓаните од Сараево читаат плакат со проглас на припојувањето кон Австрија во 1908 г.

Конфликтите на Балканот

Австроунгарија ја засилила Босанската криза од 1908-1909 со официјално припојување на поранешната отоманска територија на Босна и Херцеговина, која ја окупира од 1878 година. Ова го налутило на Србија и нејзиниот покровител, Пан-словенското и православно Руско Царство. Руското политичко маневрирање во регионот ги дестабилизирале мировните договори кои веќе биле фрактурирани на Балканот, кој бил познат како „буре барут во Европа“. Во 1912 и 1913 година, Првата балканска војна се водела меѓу Балканскиот сојуз и Отоманското Царство. Договорот од Лондон дополнително ја намалила територијата на Отоманското Царство, создавајќи независна албанска држава и проширување на територијалните удели на Бугарија, Србија, Црна Гора и Грција. Кога Бугарија ја нападнала на СрбијаЧарлс Џ. Вопицка, Тајне Балкана. Седам година дипломатског службовања у епицентру европске олује, Белград 2009, стр. 55-56. и Грција на 16 јуни 1913 година, таа го загубила поголемиот дел од Македонија во Србија и Грција и Јужна Добруџа во Романија во 33-дневната Втора балканска војна, што дополнително го дестабилизирало регионот . Големите сили успејале да ги сочуваат овие балкански конфликти, но следниот се проширил низ цела Европа и пошироко.

Вовед Атентатот во Сараево

right |thumb |Оваа слика обично се поврзува со апсењето на Гаврило Принцип, иако некои веруваат дека таа го отсликува Фердинанд Бех, случаен минувач