Оваа страница се однесува на австралиската сојузна држава Викторија. За друго значење види Викторија (појаснување). мини|Знаме на Викторија Викторија () е една од шесте сојузни држави во Австралија. Најмалата држава е по површина на Австралиското копно, со 237.629 квадратни километри, и е најгуста по население, со 5.205.200 жители во 2007 г. Главен град на Викторија е Мелбурн, во кој живеат скоро 70% од сите Викторијци.
Историја Површината на Викторија била дел од австралиската држава Нов Јужен Велс до 1851 г., кога се одделила како „Колонија Викторија“. Истата година е откриено злато во селото Баларат, а потоа и во Бендиго, каде се случила една од најголемите златни трески во светот. Во само десет години, населението на колонијата се зголемило од 76.000 до 540.000 жители — најголемиот број од нив доселеници од Ирска и Кина.
Наводи
Категорија:Сојузни држави и територии на Австралија Категорија:Поранешни колонии на Британија Категорија:Држави и територии распаднати во 1901 година Категорија:Држави и територии настанати во 1851 година