десно|мини
Феминизам — хетероген поим од социјални теории, политички движења и морална филозофија што се занимаваат со културните, политичките и економските аспекти на нерамноправноста на жените во однос на мажите. Додека генерално даваат критика на општествените односи, многу застапници на феминизмот се фокусираат и на анализа на половите нееднаквости и унапредувањето на правата и интересите на жените.
Феминистичката теорија се стреми да ја разбере природата на половата нееднаквост и се фокусира на половата политика, односите на моќ и сексуалност. Феминистичкиот политички активизам се бори за теми како репродуктивни права, семејно насилство, мајчинско ослободување, еднакви плати, сексуално малтретирање, дискриминација и сексуално насилство. Темите што ги истражува феминизмот вклучуваат стереотип, опресија и патријархат.
Модерната феминистичка теорија се критикува како предоминантно, но не и ексклузивно, поврзана со западните научни кругови. Феминистичкиот активизам, како и да е, е движење што потекнува од масите и бара надминување на границите втемелени врз социјална класа, раса, култура и религија. Ова движење е конкретно за секоја одделна култура и се осврнува на теми значајни за жените во тоа општество: на пример, женско обрежување во Судан, или стаклен таван во економиите во развој. Некои теми, како силувањето, инцестот и мајчинството, се универзални.
Видови на феминизам Радикален феминизам Анархистички феминизам Екофеминизам Либерален феминизам Марксистички феминизам Психоаналитички феминизам Лезбејски феминизам Сепаратистички феминизам Социјалистички феминизам Воманизам
Религиозен феминизам Христијански феминизам Исламски феминизам Еврејски феминизам Атеистички феминизам
Надворешни врски
Марија Ивановска „Водич во феминистичката и родовата терминологија“
Категорија:Политички идеологии Категорија:Жени