Лојане — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Жеглигово, оддалечено 17 километри северно од Куманово.

Историја Во XIX век селото било дел од Кумановската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лојане живееле 440 жители, сите Албанци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 800 Албанци и 50 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во Лојане живеат 2.682 жители, од кои 2.668 Албанци, 3 Бошњаци и 11 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.905 жители, од кои 1.858 Албанци и 47 лица без податоци.

Општествени установи Хаџи Есат џамија, изградена во 1816 г.

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Гури Крис — рудник од римско време; Лојане — некропола од доцноантичко време; и Падина — доцноантички крајпатен стражарски кастел

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково