Опае — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

Историја Во текот на 1413 - 1421 година селото Опае со уште две села е вклучено во мулк, подарок од султанот Мехмед I за неговата ќерка, принцезата Елалди-Хатун, жена на Ахмед-ага. Во пописниот опширен дефтер од 1570 година, селото е дел од Ќустендилскиот Санџак, во Кратовската Каза нахија Нагоричане и во него се регистрирани 10 муслимански семејства, 23 христијански семејства и 14 неженети, христијани.Вкупниот износ на данокот на селото изнесувал 4797 акчиња.Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот Санџак од  1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.76-77

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618 - 1619 година селото е забележано со 16 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 255.

Во XIX век селото било дел од Кумановската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци и 150 Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.619 жители, од кои 32 Македонци, 1.508 Албанци, 1 Бошњак, 1 останат и 77 лица без податоци.

Родови Опае е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:

Македонски

Зафировци (4 к.), Малинови (3 к.), Диневи (1 к.) и Максимови (1 к.) сите наведени родови во селото се староседелски; Армутови (12 к.) доселени се од селото Табановце во турско време; Неделковци (3 к.) и Крстевци (3 к.) доселени се од селото Слупчане во турско време; Томовски (2 к.) доселени се од Куманово во турско време; Таранци (5 к.) доселени се од селото Жуинце кај Прешево во турско време; Пироќанци (7 к.) доселени се во 1913 година од селото Велика Лука кај Пирот; Доброчани (7 к.) доселени се од селото Добрача; Лазеви (2 к.) доселени се од селото Слупчане; Петровски (3 к.) и Крстевски (1 к.) доселени се исто така од селото Слупчане; Ѓурови (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Лесница во Горна Пчиња; Врањанци (1 к.) доселени се од околината на Врање; Бозаџици (3 к.) доселени се од селото Ѓерекара во Горна Пчиња; Станковци (1 к.) доселени се од Куманово.

Албански

Бајрамовски (5 к.) доселени се од селото Сушево; Азировски (6 к.), Читаклар (3 к.), Алитовски (2 к.), Зенулови (1 к.) и Незировски (1 к.) доселени се од различни села; Зарбичани (9 к.), Сухарчани (2 к.), Брезничани (1 к.) и Рамнобучани (1 к.) доселени се од селата во Новобрдска Крајина; Стражани (5 к.), Руѓинчани (2 к.) и Слупчанци (2 к.) доселени се од селата Стража, Руѓинце и Слупчане.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Мало Опае — некропола од доцноантичко време; и Папушина — населба од римското време.

Редовни настани

Личности

Арбер Адеми (р. 1985) — поранешен министер за образование и наука на Македонија.

Култура и спорт

Иселеништво До 1965 година од селото се иселиле 25 семејства во Скопје, Куманово и Турција. Повеќе се иселувало муслиманското население.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково