Матејче — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

Историја Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ познат како Жеглиговски манастир потекнува од XIV век.

Во XIX век селото било дел од Кумановската Каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Во минатото Матејче било чисто македонско село. Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го означил Матејци како село населено само од Македонци.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Матејче живееле 638 жители, од кои 536 Албанци, 52 Роми и 50 Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Матејче имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp.126 – 127.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци, 950 Албанци и 250 Турци.

Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.394 жители, од кои 17 Македонци, 3.012 Албанци, 325 Срби и 39 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 2.961 жител, од кои 1 Македонец, 2.855 Албанци, 4 Срби, 1 Бошњак и 100 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————2.6571953831831.564*33—767...7—2.6371961822641.120*......822...57—2.34519711081.482305*27...663...31—2.6161981482.13188*2—498...14—2.78119911418———376—6—4141994112.7591——355—11—3.1372002173.012———325139—3.394202112.855———41—1002.961

*Оние жители кои се изјасниле како Турци, всушност претставуваат етнички Албанци, кои со цел да се приклучат на процесот на иселување кон Турција, се определувале за Турци.

Родови Матејче е православно (македонско-српско) и муслиманско (албанско-ромско) село.

Православни родови во селото се: Петревци (5 к.), Ѓоргијовци (3 к.), Трајковци (2 к.), Стојановци (2 к.) и Аврамовци (2 к.) староседелци; Доселените родови сите се дојдени после 1912 година, а тоа се: Николиќи (4 к.), Алексиќи (4 к.), Спасиќи (4 к.), Филиповиќи (4 к.), Стојановиќи (3 к.), Ѓуриќи (2 к.), Ѓорѓевиќи (2 к.), Илиќи (2 к.), Јовановиќи (2 к.), Петровиќи (3 к.), Младеновиќи (2 к.), Јовановиќи (2 к.), Николиќи (2 к.), Лилиќи (1 к.), Живиќи (1 к.), Живковиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Лилиќи (1 к.), Пејиќи (1 к.), Танчиќи (1 к.), Ангелковци (1 к.), Стаменовиќи (1 к.) и Станковиќи (1 к.) сите наведени родови се доселени од околината на Пирот во Србија; Величковци (4 к.), Јовановци (3 к.), Стојковци (3 к.), Стојковци (2 к.), Додинци (2 к.), Јовановци (2 к.), Милковци (3 к.), Митревци (2 к.), Младеновци (2 к.), Ќиревци (2 к.), Тасинци (2 к.), Стојчевци (2 к.), Илевци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Давидковци (1 к.), Антини (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Грујовци (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Маџевци (1 к.), Мичевци (1 к.), Павловци (1 к.), Славковци (2 к.), Стевановци (1 к.), Станисавлевци (1 к.), Стевановци (1 к.), Неделковци (1 к.), Тасинци (1 к.), Трајковци (1 к.) и Стошинци (1 к.) сите се доселени од Кривопаланечко; Момиќи (2 к.) доселени се од Босна; Ѓелевци (1 к.) доселени се од блискотон село Отља; Николовци (1 к.) доселени се од Егејска Македонија. Муслимански родови во селото се: Домовци (8 к.) староседелци се. Порано биле православни, а во ислам прешле на почетокот од XIX век; Шеељарци (25 к.), Цановци (31 к.), Демовци (16 к.), Шабан Демци (23 к.), Муратовци (23 к.), Шурда (28 к.), Тафреч (7 к.) и Суљдер (7 к.) најстари доселени родови. Сите се доселени од северна Албанија. Родот Муратовци ги викале и Торбеши, бидејќи имало призетен некој Торбеш во нивниот род, родовите Демовци и Шабан Демци потекнуваат од ист предок; Куртовци (1 к.) доселени се од селото Коњари во 1900 година, подалечно потекло од северна Албанија; Идризовци (1 к.) доселени се од околината на Призрен во 1915 година, подалечно потекло од северна Албанија; Мустафовци (6 к.) и Алијевци (2 к.) Роми се. Првите се доселени од Куманово, а вторите се со непознато потекло.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

мини|десно|Црквата „Св. Спас“

Археолошки наоѓалишта Василево Градиште — средновековно градиште; и Селиште — средновековна населба.

Цркви Црква „Св. Спас“ — селска црква; Црква „Св. Петка“ — селска црква; Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната манастирска црква на Матејчкиот манастир;

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Наводи

Надворешни врски

Документарна репортажа за Матечје и неговите жители, РТВ Скопје, 1980 г.

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково