Јапонија (, Нипон или Нихон) — островска земја источно од азискиот континент на западниот раб од Тихиот Океан. Јапонија има население од 127.333.002 жители. Главен град е Токио.

Етимологија на името Името Јапонија е егзоним. Јапонските имиња за Јапонија се Нипон (にっぽん) и Нихон (にほん) ; Обете имиња се пишуваат користејќи ги Канџи знаците 日本. Името Нипон се користи за повеќето официјални потреби како што се на Јапонскиот јен, поштенскитемарки и интернационални спортски натпревари. Нихон е послободна варијанта и се користи разговорно. Јапонците себеси се нарекуваат Нихонџин (日本人), а нивниот јазик Нихонго (日本語). И Нихон и Нипон значат „потекло на сонцето“ и често се преведуваат како Земја на Изгрејсонцето. Ова именување потекнува од позицијата на Јапонија источно од Кина. Пред Нихон да добие официјална употреба, Јапонија била позната како Ва (倭) или Вакоку (倭国).Piggott, Joan R. (1997). The emergence of Japanese kingship. Stanford University Press. pp. 143–144. ISBN 0-8047-2832-1.

Историја

Праисторија и древна историја мини|лево|Првиот јапонски цар Џинму, који датира од 660. година пр.н.е. — во современа Јапонија крајот на неговиот поход се одбележува како Ден на основање на нацијата 11 февруари

Првите траги на човечко присуство на Јапонскиот Архипелаг потекнуваат од палеолитот, 30.000 години пр.н.е. Потоа, околу 14.000 година пр.н.е. (почеток на џомон периодот) следела мезолитската и неолитската полусендетарна култура ловци-собирачи која се одликува со полуземјанки и неразвиено земјоделство. Тие биле предци на припадниците на денешните народи Аину и Јамато. Украсените глинени садови од овој период спаѓаат меѓу најстарите примери на грнчарија на светот. Околу 300 година пр.н.е., народот Јајој почнал да ги населува јапонските острови мешајќи се со припадниците на народот Јомон. Во текот на периодот јајој, кој почнал околу 500 година пр.н.е, била унапредена техниката на одгледување ориз, бил создаден нов вид на изработка на грнчарија и металургија, донесен од Кина и Кореја.

Првиот запис за Јапонија се наоѓа во кинеската Книга на Ханите. Според Записите на трите кралства, Јаматајкоку било најмоќното кралство на архипелагот во текот на 3 век од н.е. Будизмот на Јапонскиот Архипелаг дошол од Пекча на Корејскиот Полуостров, но на развојот на јапонскиот будизам првенствено влијаела Кина. И покрај првичното противење, будизмот го прифатила и раширила владејачката класа, општоприфатен станал на почетокот на периодот асукаа (592—710).

Во текот на периодот нара (710—784) била воспоставена централизирана јапонска држава, чија власт се наоѓала во Царската палата во Нара. Во текот на периодот нара била создадена јапонската книжевност, а се развила и уметноста и архитектурата инспирирана од будизмот. Се верува дека епидемијата големи сипаници од 735 до 737 усмртила третина од јапонското население. Царот Канму во 784 година ја преселил престолнината од Нара во Нагаокакјо, а потоа во 794 година во Хејанкјо, денешен Кјото.

Со ова почнал периодот хејан (794—1185), кога настанала автохтоната јапонска култура, позната по својата уметност, поезија и проза. Во овој период била создадена Приказна за Генџи од Мурасаки Шикибу и стиховите на јапонската химна Кимигајо.

Будизам во периодот хејан главно се ширел преку две школи, тендај на творецот Саича и шингон на творецот Кукај. Школа на чиста земја (џодо-шу, џодо шиншу) стекнала голем број следбеници во втората половина на 11 век.

Феудализам мини|десно|Борба на самураи со Монголци, во текот на монголската инвазија на Јапонија; Суенага 1293 година мини|десно|Самураи можеле да убијат обичен човек заради најмала навреди и јапонското население многу се плашело од нив. Период едо, 1798 година

Јапонската феудална доба се одликува со појава и доминација на владејачката класа воини – самураи. После поразот на кланот Тајра во 1185 година во Генпејската војна, опеан во епот Приказна за Хејке, самурајот Минамото но Јоритомо царот Го-Тоба го именувал за шогун, а Јоритомо воспоставил база на моќ во Камакура. По неговата смрт, кланот Хоџо дошле на власт како намесници на шогунот. Во текот на периодот камакура (1185—1333) од Кина се проширила Зен школата на будизмот и стекнала наклоност меѓу класата самураи. Шогунатот Камакура ја одбил монголската инвазија во 1274 и 1281 година, но на крајот го соборил царот Го-Дајго. Царот Го-Дајго во 1336 година бил поразен од Ашикага Такауџи.

Ашикага воспоставил шогунат во Муромачи кај Кјота. Со ова почнал периодот муромачи (1336—1573). Шогунатот Ашикага стекнал слава за време на Ашикага Јошимицу и културата заснована на зен будизмот (уметност Мијаби) напредувала. Ова довело до развој на културата Хигашијама која напредувала до 16 век. Од друга страна, наследниот шогунат Ашикага не успеал да воспостави контрола над феудалните господари на војната (даимјо), па во 1467 година избила граѓанска војна со што почна стогодишниот период сенгоку (Доба на земјата во војна').

Во текот на 16 век во Јапонија стигнале првите исусовски мисионери од Португалија, со што почнала трговска и културна размена меѓу Јапонија и Западот. Ода Нобунага ја искористил европската технологија и огненото оружје да го порази поголемиот број даимјоа. Неговото воспоставување власт го означило почетокот на периодот азучи-момојама (1573—1603). Откако бил убиен во 1582 година, неговиот наследник Тојотоми Хидејоши во 1590 година ја обединил земјата и покренал две неуспешни инвазии на Кореја, во 1592 и 1597 година.

Како намесник на синот на Хидејоши, Токугава Ијејасу ја искористил можноста да придобие политичка и воена поддршка. По избивање на војната Токугава ги поразил противничките кланови во Битката кај Секигахара во 1600 година. Од царот Го-Јозеија ја добил титулата шогун во 1603 година и го воспоставил шогунатот Токугава во Едо (денешен Токио). Шогунатот Токугава усвоил мерки меѓу кои биле буке шохато, како правилник на однесување за контрола на автономните даимјоа;. Исто така усвоил изолационистичка политика, сакоку (затворена земја), која траела два и пол века на слабо политичко единство познат како период едо (1603—1868). Проучувањето на западните науки, познати како рангаку, продолжило преку холандската енклава во Деџима во Нагасаки. Исто така, во текот на периодот едо дошло до развој на кокугаку (национална студија), јапонско проучавање на Јапонија.

Современа доба мини|лево|Цар Меиџи (1868-1912), во чие име била обновена царската власт на крајот на шогунатот Токугава

Комодорот на Американската воена морнарица, Метју Пери, ја принудил Јапонија да се отвори за надворешниот свет со укинување на Спогодбата од Канагава на 31 марта 1854 година. Слични спогодби кои уследиле со западните земји во текот на периодот бакамацу предизвикале економска и политичка криза. Оставката на шогунот довела до Бошина војна и воспоставување централизирана држава на чие чело се наоѓал цар (Обнова Меиџи).

Впуштајќи се во активен процес на вестернизација во текот на обновата Меиџи во 1868 година, Јапонија ги прифатил западните политички, правосудни и воени институции и западното културно влијание ја интегрирало традиционалната култура со современата индустрализација. Кабинетот организирал Државен совет, доио устав Меиџи и свикал Теикоку-гикаи (Царско собрание). Во текот на обновата Меиџи Јапонското Царство станало индустријализирана светска сила која учествувала во воените судири за ширење на својата сфера на влијание. Иако Франција и Обединетото Кралство покажале некаков интерес, европските сили наголемо ја игнорирале Јапонија и наместо на него се концентрирале на Кина. Франција се повлекла после својот неуспех во Мексико и поразот од Германците. После победите во Првата кинеско-јапонска војна (1894—1895) и Руско-јапанскота војна (1904—1905), Јапонија завладеала со териториите на Тајвана, Кореја и јужната половина на Сахалин. Освен империјалистичките успеси, Јапонија исто така многу вложила во својот стопански раст, што довело до раздобје на стопански процут во земјата кое траело до Големата криза. Бројот на жители во Јапонија пораснал од 35 милиони во 1873 на 70 милиони во 1935 година.

мини|десно|Кинеските генерали им се предаваат на Јапонците во Кинеско-јапонската војна (1894-1895)

Во Првата светска војна, Јапонија им се придружила на Сојузниците и ги зазела германските поседи, напредувајќи во Кина. Почетокот на 20 век бил раздобје на демократијата Таишо (1912—1926), но во дваесеттите години кревката демократија паднала под политичко поместување кон статизам со донесувањето на закони против политичките дисиденти и низа неуспешни пучеви. Овој процес бил забрзан во триесеттите години со растот на нови радикални националистички групи кои биле против либералната демократија и посветени кон експанзионизам во Азија. Јапонскиот експанзионизам и милитаризам, заедно со тоталитаризмот и ултранационализмот ја преобликувал земјата. Јапонија во 1931 година извршила инвазија и окупација на Манџурија и заради меѓународната осуда на овој акт, го напуштила Друштвото на народите во 1933 година. Јапонија во 1936 година го потпишала Антикоминтернскиот пакт со Германија, а со потпишувањето на Тројниот сојуз во 1940 година станал дел од Силите на Оската. Советско-јапонскиот пакт за неутралност бил потпишана на 13 април 1941 година.

мини|десно|Јапонски претставници потпишуваат предавање на Сојузниците на 2 септември 1945 година у Токискиот Залив, со што била завршена Втората светска војна

Јапонското Царство извршило инвазија на остатокот од Кина во 1937 година што го поттикнало избивањето на Втората кинеско-јапонска војна (1937—1945). Јапонската царска војска брзо ја зазела кинеската престолнина Нанѓинг и извршила голем масакр. Во 1940 година извршила инвазија на Француска Индокина, по што САД вовеле нафтен ембарго на Јапонија. Јапонските сили на 7 и 8 декември 1941 година извршиле ненадеен напад на Перл Харбор, ги нападнале британските сили во Малаја, Сингапур и Хонгконг и им објавила војна на САД и Британската Империја со што ги довела САД и ОК на тихоокеанското боиште на Втората светска војна. По сојузничките победи ширум Тихиот Океан во наредните четири години кои довеле до советска инвазија на Манџурија и атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки во 1945 година, Јапонија на 15 август истата година прифатила безусловна капитулација. Во текот на војната, во Јапонија, колониите, Кина и останатите учеснички погинале десетици милиони луѓе, а најголемиот дел на јапонската индустрија и инфраструктура бил уништен. По војната Сојузниците (предводени од САД) од окупираните подрачја и воените кампови ширум Азија иселиле неколку милиони етнички Јапонци, со што во голема мера била елиминирана Јапонската Империја и била обновена независноста на освоените територии. Исто така, Сојузниците на 3 мај 1946 година формирале Меѓународен воен суд за Далечниот Исток за судење за воени злосторства на јапонските генерали.

Јапонија во 1947 година усвоила нов либерално-демократски устав. Сојузничката окупација на Јапонија завршила со спогодбата во Сан Франциско во 1952 година, а Јапонија станала членка на Организацијата на обединетите нации во 1956 година. Недолго потоа, Јапонија почнала да бележи забрзана стопански раст и станала второ најголемо стопанство на светот, сè до 2010 година кога тоа место го презела Кина. Стопанскиот раст бил окончан во половината на деведесеттите години на 20 век кога државата западнала во голема рецесија. Во почетокот на 21 век дошло до постепено закрепнување на стопанството.

Најсилен забележан земјотрес во историјата на Јапонија ја погодил земјата на 11 март 2011 година кој ја предизвикал Фукушимската катастрофа, една од најтешките катастрофи во историјата на јадрена енергија.

Региони