Кристофер Вилијам Жерар "Крис" Хјутон (роден на 11 декември, 1958) — професионален фудбалски менаџер и поранешен играч кој моментално го води тимот на Норич Сити.
По неговото професионално деби на возраст од 20 години, Хјутон поминува најголем дел од неговата играчка кариера во дресот на Тотенхем како лев бек, заминувајќи во 1990 година, по цели 13 години. По релативно краток престој во тимовите на Вест Хем Јунајтед и Брентфорд, Хјутон се пензионира од играње фудбал во 1993 година на возраст од 34. Тој запишал и 53 натпревари за репрезентацијата на Република Ирска која ја одбира за своја репрезентација (иако е роден во Англија), постигнувајќи еден гол и ги започнал сите три натпревари на Ирска на Евро 1988 во Западна Германија.
Од 1993 до 2007 година, Хјутон работел како тренер на млади возрасти, а потоа бил асистент менаџер на Тотенхем. За тој долг период тој работел со 10 различни менаџери, а краток период бил и менаџер на првиот тим во 1997 година, но како вршител на должноста. Тој му се приклучува на Њукасл како помошник тренер во 2008 година, а по нивното испаѓање, тој стана новиот менаџер на тимот. Тој го водеше Њукасл кон враќање во англиската Премиер лига во својата прва сезона на чело на тимот, а на патот кршејќи голем бројот на рекорди си ја обезбедува менаџерската позиција за постојано време. Тој беше отпуштен од Њукасл кко резултат на несогласувањата со сопственикот на клубот Мајк Ешли во декември 2010, иако неговиот тим беше на сигурното 12. место на табелата. Хјутон потоа ги водеше Бирмингем Сити една сезона, стигнувајќи до 4-то место во лигата но не успева да обезбеди промоција и да го врати тимот во Премиер лигата како што тоа му појде од рака со Њукасл. Пред почетокот на сезоната 2012-2013 тој е назначен за менаџер на Норич во јуни 2012 година, каде го зазема местото на неодамна заминатиот Пол Ламберт (кој ја презема Астон Вила) кој го водеше тимот до голем број успеси сезони предтоа.
Титули како играч
Тотенхем ФА Куп: победник 1981, 1982, вицешампион 1987 Лига куп: вицешампион 1982 Куп на УЕФА: победник: 1984 Черити Шилд: победник 1981, вицешампион 1982 Брентфорд Фудбалска трета дивизија: победник: 1991–92
како менаџер
Њукасл Јунајтед Чемпионшип лига: шампион 2009–2010
Надворешни врски Chris Hughton in 'Soccer Players' file at Limerick City Library, Ireland Крис Хјутон на soccerway
Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Тренери од Премиер-лигата Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Родени во 1958 година