Лисичани — големо и развиено село во областа Долно Кичево, во Општина Пласница, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Влез во селото од патот од селото Дворци
Ова големо село се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Долно Кичево, сместено во западниот дел на подрачјето на Општина Пласница, непосредно на десниот брег на реката Треска, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево. Селото е рамничарско, на надморска височина од 600 метри.
Лисичани е големо село, чии куќи се наоѓаат покрај коритото на реката Треска. Северно од селото се наоѓа плодно поле околу Треска, додека на југ се наоѓа падината на планината Баба Сач, каде се наоѓаат пасишта и шуми. Околни села се: Атишта, Дворци, Миокази и Челопеци.
Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Пепелкојца, Маркојца, Иван Гроб, Имерово Трло, Ружа, Сач, Лединки, Задкамен, Горно Ѓубриште, Голем Сач, Пештера и Мал Врв. Месностите во котлинскиот дел на атарот на селото се следни: Бука, Клисура, Челопечка Бара, Злато Поле, Црн Лаг, Гола Мара, Брегој, Краста, Манастирски Ниви, Глог, Даутица, Пашина Ливада, Карапашица, Ќошој, Малец, Калдрма, Начоа Круша, Стара Нива, Аџи Мемедица, Јасики, Ченгелица, Воденичишта и Селско.
Селото има збиен тип. Се разликуваат три маала: Горно, Средно (христијанско) и Долно Маало. Во маалата роднинските куќи се групирани поблиску една до друга. Некои групи се нарекуваат: Шајковци, Салифовци, Мифтаровци, Абдиовци, Акиовци, Лутвиовци и други.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) под името Лишичани и имало 43 семејства, 40 неженети и 1 вдовица, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 227
Лисичани се смета за старо село во Кичевската Котлина. Под истото име се сретнува во втората половина на век. Во тоа село живееле 48 словенско-христијански семејства. Подоцна, поголем дел од христијаните се иселиле и останале само 7 куќи, кои го примиле исламот. Денес, Лисичани е главно познато како торбешко село.
Од првите исламизирани семејства се намножиле и родовите: Љутановци, Мифтаровци, Веселовци, Аџиовци, Абдиовци, Парталовци, Елезовци и други. Подоцна во селото се населувале и некои арбанашки родови како Шајковци, Шерифовци, Демировци и Сопјани, но бидејќи биле помалобројни тие го прифатиле македонскиот јазик. Во век, во Лисичани се населиле и неколку христијански македонски родови, кои биле малобројни.
Старото христијанско село имало манастир, кој се наоѓал во шумска падина покрај селото од јужна страна. Манастирот бил посветен на Свети Атанасиј. На денот на манастирот доаѓале и селани од околните места. Кај манастириштето порано имало и гробови.
Извесен Амди-паша држел околу 70 хектари земја, која подоцна ја купил некој Влав Мијалче од Крушево. Селаните на крај ја купиле или ја добиле земјата на поклон од него.
Во век, Лисичани било село во Кичевската Каза на Отоманското Царство.
На преминот во XX век, околината на селото била зафатена со револуционерните дејства на ТМОРО. Во регионот, активна била четата на Славејко Арсов. Башибозукот од Лисичани и Пласница учествувал во задушувањето на Илинденското востание (селото било претежно муслиманско). Селото се споменува во спомените на Славејко Арсов, Лука Џеров, и Тома Николов.
Кон крајот на август 2008, атарот на селото го зафаќаат пожари, кои по неколку дена се ставени под контрола.
Крастица
Два километри источно од денешната местоположба на Лисичани се наоѓа пустото селиште Крастица, сместено во широка долина. Тоа било македонско село и се верува дека било старо село. Првпат е споменато во втората половина на век. Тогаш имало околу 30 куќи. Сепак, мештаните се отселиле од Крастица во текот на втората половина од турското владеење. По нивното раселување, атарот на Крастица припаднал на селото Лисичани.
Денес, на местото на селиштето може да се најде руини од црковен храм, три бунари и остатоци од куќи.
Стопанство
мини|300п|десно|Куќи во селото
Атарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 604 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 365 хектари, а на пасиштата 170 хектари.
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.
Во селото функционираат услужни објекти.
Во минатото, на атарот на селото постоела земјоделската задруга „Крушино“ од Кичево, која обработувала 50 хектари ниви.
Во јуни 2007, жителите на селото го блокираат патниот правец Кичево-Прилеп, бидејќи, поради реорганизацијата на општинско ниво, личните документи требало да ги вадат во Македонски Брод и покрај географската близина на Кичево. По повеќе од 20 дена блокади, нивните барања се задоволени.
Население
Во 1873 година било забележано дека селото имало 62 домаќинства со 120 Македонци муслимани и 86 Македонци (христијани).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 560 жители, 140 Македонци (христијани) и 420 Македонци муслимани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Лисичани имало 80 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лисичани се води како чисто македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Кичевската Каза на Битолскиот Санџак со 50 куќи.
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Лисичани:Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
ДомаќинстваГурбетчииПисмениНеписменимажиженивкупномажиженивкупно109303343064
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.
Селото е големо, со одреден пораст на бројот на население. Така, во 1961 година селото броело 901 жител, од кои 817 биле Турци, 74 Македонци и 10 Срби. Во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.001 жител, од кои 981 Турчин, 13 Македонци и 7 Албанци.
Според пописот од 2002 година, во селото Лисичани живееле 1.153 жители, од кои:
Македонци: 6 Албанци: 10* Турци: 1.126* останати: 11
*Населението е претежно македонско, но дел од македонското население со исламска вероисповед се изјаснило како Турци или Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.155 жители, од кои 5 Албанци, 1.117 Турци, 1 останат и 32 лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Лисичани:
Година Македонци Албанци Турци Срби Вкупно 1948 — — — — — — 851 1953 110 7 868 2 12 — 999 1961 74 0 817 10 0 — 901 1971 48 2 906 12 5 — 973 1981 35 1 807 1 344 — 1.188 1991 16 5 1.330 0 37 — 1.388 1994 13 7 981 0 0 — 1.001 2002 6 10 1.126 0 11 — 1.153 2021 0 5 1.117 0 1 32 1.155
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Потурчување
мини|300п|десно|Сретселото на Лисичани, со спортскиот центар (лево), културниот центар (десно) и џамијата во позадина
Поради социолошки, економски и политички влијанија, најголем дел од муслиманското население во селото се изјаснува како Турци. Македонскиот јазик е најзастапен, а јазиците на другите националности се изучуваат во поново време или воопшто не се говорат. На пописот од 2002 година, целото население е попишано како турско. На сите минати пописи или е заведено како македонско, или е во графата на муслимани или под друго. Општиот изговор на населението е дека отсекогаш биле Турци и дека во минатото им било забранувано да зборуваат на мајчиниот турски јазик. Најинтересен е фактот дека тие зборуваат на чист македонски јазик, а никогаш не биле под власт на држава која ја воделе Македонци, а да вршеле асимилација. После турското ропство, тој дел на Македонија бил под српска окупација, па тие го асимилирале народот во Срби, каде морало да се зборува на српски. Поаѓајќи од тој факт дека пласничани зборуваат на македонски, а не на окупаторскиот јазик - српски. По српската окупација, Македонија се ослободува и формира своја држава, каде Турците се конститутивен народ, а турскиот јазик мајчин за Турците. Сепак турскиот како наставен јазик е воведен дури по 1996 година, кога се формирала Општина Пласница.ЛИСИЧАНИ НЕ ЈА САКААТ ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО
Гледна точка на месното население
Месното население тврди дека се етнички Турци кои зборуваат на македонски јазик.
Општо гледиште
Според останатите гледишта, целото население по етничка припадност всушност се Македонци, поточно Македонци муслимани, кои се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини. Податоци за ова се наоѓаат во македонски, бугарски, српски и останати светски извори.
Родови
Селото Лисичани е населено во целост со македонско население, кое се разликува според верската припадност на православна и муслиманска вероисповед.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Торбешки родови: Староседелци: Љутвиовци (13 к.), Веселиовци (13 к.), Мифтаровци (11 к.), Акиовци (10 к.), Абдиовци (8 к.), Зеновци (4 к.), Елезовци (4 к.), Зираповци (3 к.), Парталовци (3 к.), Рамчевци (2 к.), Вранѓеловци (1 к.) и Даутовци (1 к.), потекнуваат од словенски предци. Вранѓеловци имаат истоимени роднини во Горно Строгомиште; Доселени: Салифовци (13 к.), доселени се од соседното село Пласница; Каплановци или Дебрани (4 к.), доселени се од Косоврасти (Долно или Горно); Абазовци (3 к.), доселени се од селото Бачишта; Беговци (1 к.) и Дурмишовци (2 к.), доселени се од Кичево; Старовчанци (1 к.), доселени се во 1913 година од селото Староец; Куртишовци (3 к.), доселени се однекаде; Шајковци (13 к.), Мемедовци (3 к.) и Алимовци (1 к.), доселени се во различен период од селото Зајас, подалечно потекло од областа Матија во Албанија; Сопјани (3 к.), Демировци (4 к.) и Шерифовци (4 к.), доселени се во 1913 година од сега раселеното село С’лп (постоело помеѓу селата Цер и Црско) и Кочиштани (2 к.), доселени се исто така во 1913 година од селото Кочиште, Железник. Македонски родови: Доселени: Србаковци (3 к.), доселени се од околината на Ужице, Србија, имаат истоимени роднини во Вранештица. Го знаат следното родословие: Рафе (жив на 97 г. во 1961 година) Никола-Костадин-Станоја, основачот на родот; Поречковци (3 к.), доселени се во турско време од селото Крапа, Порече; Лазевци (1 к.), доселени се пред крај на турското владеење од некое село во Железник; Терзиовци (2 к.), доселени се на крајот од XIX век од селото Кладник; Косовци (4 к.), доселени се во 1956 година од некое село во околината на Урошевац, Косово. Родот го основале 4 браќа, еден од нив Бошко Јовановиќ бил водник во Кичево, и се оженил со девојка од родот Србаковци. Потоа ги повикал браќата да се населат во Лисичани и Латевци (1 к.), доселени се во 1958 година од селото Латово. Ромски родови: Доселени: Балевци (1 к.), како ковачи работеле во раселеното село С’лп, во 1913 година се преселиле во Кичево, а потоа дошле во Лисичани.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
Торбешки родови: Староседелци: Мифтаровци (4 к.), Имеровци (2 к.), Шабановци (6 к.), Салијевци (4 к.), Абдијовци (7 к.), Вејсовци (7 к.), Шајковци (1 к.) и Врангеловци (6 к.);