Мал Радобил или Мало Радобил„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80-81. — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп. Денес нема жители.

Географија и местоположба Голем Радобил се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, во близина на превојот Плетвар. Селото е рамнинско и се наоѓа на надморска височина од 620 м. Од градот Прилеп е оддалечено 27 км. Неговиот атар зафаќа површина од 8,2 км2. Се наоѓа од десната страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци.

Историја Во XIX век, селото било дел од Тиквешката Каза на Отоманското Царство. мини|316x316пкс|1917 година. Германски војници сликани со семејството на свештеникот од Мал Радобил Во 1908 година, селото било опишано како слободно христијанско село со 120 куќи, а било споменато и како едно од најбогатите села во Тиквеш.Материали за военно-географическия обзор на Македония, II Тиквешки район, Печатница „Военен журнал“, София, 1908, стр. 19.

Стопанство Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 461 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 177 ха, а на шуми отпаѓа 171 ха.

Население

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Радобил било село во Прилепската Каза со 25 домаќинства и 123 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голем Радобил имало 168 жители.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 160 жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 104-105.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото броело 115 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 23 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци. Од нив 5 биле мажи, а 5 жени.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1428 кое е сместено во приватна куќа.

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан 1 гласач.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Селска Црква — осамен наод од римско време.

Цркви Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква изградена во 1913 година.„Црква „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Мало Радобил“. OldPrilep. 1 октомври 2016.

Реки Раец.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп Категорија:Раселени села во Македонија