Дренок (или Дренак) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во планинската област Козјачија и е од разбиен тип, чии маала лежат на надморски височини од 640 до 1.040 м. Атарот зафаќа
Историја На крајот на XIX век Дренок било македонско село во Кумановската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Дренок (Дрѣнъкъ) живееле 525 жители, сите Македонци христијани.
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дренок имало 560 Македонци, сите под егзархијата.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127. Според бугарски извори, сите 82 куќи во селото во 1904 г. под притисок на српската пропаганда ја признале Цариградската патријаршија за своја црква.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.
Во учебната 1907/1908 година според Јован Хаџи-Васиљевиќ во селото имало српско патријаршистичко училиште, што значи дека тоа биле години на борба за превласт помеѓу бугарската и српската пропаганда врз населението.
За време на Првата светска војна Дренок имал 755 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.
За време на Втората светска војна, на 10 декември 1943 година, во селото се случила битка помеѓу македонските партизани и српскиот Вардарски четнички корпус.
Стопанство Селото има полјоделско-сточарско стопанство. Според податок од 1998 г. има 456,1 ха обработливо земјиште, 652,1 ха пасишта и 204 ха шуми.
Население
Според пописот од 2002 година, во селото Дренок имало 54 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци.
Општествени установи
Основно училиште
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Никола“ Споменик на учесниците во НОБ
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане