Орах (познато и како: Сув Орах) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Потекло и значење на името

Селото го добило своето име по дрвото орев, кое го има на самото селско подрачје.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото и на патот кој води кон Карпинскиот манастир

Селото се наоѓа во јужниот дел на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, чиј атар високо се издигнува на Осоговските Планини, каде што се допира со подрачјето на Општина Кратово, како и со Општина Куманово. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 480 до 540 метри, а од градот Куманово е оддалечено 25 километри.

До селото води земјен пат, кој се двои од државниот пат А2.

Селото главно се наоѓа на допирот на ридското земјиште на североисток на височина од 780 до 940 метри и рамното земјиште на југозапад високо околу 600 метри. На ридското земјиште се наоѓаат пасишта, додека на рамното земјиште се нивите. Околни села се Руѓинце, Облавце, Канарево и други. Водата за пиење доаѓа од бунари и извори.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Непци, Пештер, Ковилица, Воденичиште, Братешеве Ниве, Дабов Дол, Средњи Рид, Веља Страна, Рајилица, Мељ, Чума, Градипте, Бугариница, Шипак, Копила, Орловац, Околишта, Стража и Суви Дол.

Орах има разбиен тип издолжена во насока северозапад-југоисток. Поделено е на следниве маала: Суљевица, Каменитичко, Рашанско (или Артаница), Суви Дол и Долно Маало. Само Долно Маало се наоѓа непосредно до патот Куманово-Крива Паланка.

Историја

Првите пишани податоци за Орах се споменуваат во 1519 година кога селото се спомнува како населба во состав на Нагоричката нахија со 39 христијански домаќинства. Во наредниот попис на домаќинства извршен во 1573 година биле регистрирани 79 домаќинства (сите христијански и едно муслиманско).

Орах се смета за старо село во Кумановско, што се гледа по зачуваните родови и старите храмови. Црквата „Св. Никола“ сместена во Каменитичко Маало потекнува од средниот век и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. Народното предание кажува дека првин била изградена оваа црква пред Карпинскиот манастир.

Карпинскиот манастир „Воведение на Пресвета Богородица“ се наоѓа во североисточниот дел на атарот на селото, оддалечен од Орах 2-3 километри. Исто така, потекнува од средниот век и бил подигнат од севастократорот Дејан Жарковиќ за време на царот Душан. Карпино е наречено по карпестите гребени кои се наоѓаат околу него. Првпат е споменат во век. Во него работела и манастирска школа. Во 1944 година, германската војска ги запалила манастирските конаци и зградата Владичина куќа.

Еден карпест рид во Каменитичко Маало се нарекува Градиште, каде нема баш видливи остатоци од старини. Остатоци од стара населба има и местото Рајници покрај патот за Куманово, каде во нивите биле наоѓани стари гробови и камени плочи. Се верува дека тие гробови биле словенски. Таму се наоѓа и изворот Долап.

Селиште се наоѓа во долина под ридот Булиница. Предците на некои денешни родови таму имале свои куќи. Подоцна, тоа мало место мештаните го напуштиле и дел од нив преминале во Каменитичко Маало.

На местото Стража во 1878 година се спуштила српската војска против војната со Турците од Врањско. Во близина на местото се наоѓа споменик за убиен српски жандарм од Бугарите во 1915 година. Тука се наоѓа и денешната автобуска станица за Куманово.

Селска слава на селото е Спасовден, но се прославуваат и Велигден и 4 јули, кога била запалена бугарската општина.

Селото доста страдало за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна од бугарските окупатори итн. „контраши“.

Во селото постои споменик на НОБ, како и две спомен-плочи.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 21,9 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 664 хектари, на шумите отпаѓаат 467 хектари, а на пасиштата 268 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Во отоманскиот период, селаните имале своја земја и се занимавале со земјоделство, сточарство и со резбање на камења.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орах живееле 760 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 216.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орха имало 736 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.

Во 1961 година селото било големо и броело 935 жители, од кои 917 биле Македонци, а 13 жители Срби. Меѓутоа, во 1994 гоидна селото преминало во мало со 182 житеи, населено само со македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото броело 113 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 80 жители, од кои 69 Македонци, 1 Албанец и 10 лица без податоци.

Родови

Орах е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1971 година, родови во селото по маала се (подредени од северозапад кон југоисток): Суљевци (35 к.), Каменитица (30 к.), Рашанци (10 к.), Суводолци (23 к.) и Долномалци (25 к.), сите родови во селото се староседелски. Во еден од родовите се знае следното родословие: Коле (жив, 65 години во 1971 г.)-Денко-Стевко-Стојан-Јован, кој дошол во денешното село од Селиште. Само во Долно Маало 3-4 домаќинства имаат назив Дошљаци, бидејќи се доселиле од негде. Останатите родови се староседелци.

Иселеништво

Постари иселеници имало во Горна Пчиња (во Србија): Шурдинци се иселиле во селото Барбарце, а Суљинци (3 к.) и Орашинци (2 к.) се иселиле во селото Злодовце.

Други постари иселеници има во Руѓинце (Анѓеловци, 3 к.), Макреш (Карталци, 2 к.), Долно Коњаре (Илија, 1 к. и Мара, 1 к.) и Јурумлери кај Скопје (Петковски, 1 к.).

Од крајот на Втората светска војна иселеништво имало во поблиските градови во Македонија, како и во Србија, претежно во Белград.

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Орах било село во Кумановската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои биле малку изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Клечевце.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово, додека во периодот 1955-1962 било во некогашната општина Клечевце, а по распуштањето на Општина Клечевце во 1962 година било дел од Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Облавце, во која покрај селото Орах се наоѓале и селата Војник, Дренок, Канарево, Макреш, Облавце, Ругинце и Стрезовце. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Орах, во која влегувале селата Орах и Руѓинце.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1152 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Аниште — средновековна населба; Градиште — градиште од римското време; Грамади — населба од доцноантичкото време; Дрезга — населба од неолитското време; Рајници — населба од доцноантичкото време; и Стубол — населба од раноантичкото и хеленистичкото време.

Цркви Црква „Св. Никола и Ѓорѓи“ — главна селска црква; и Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — главна манастирска црква.

Манастири Карпински манастир — средновековен манастир

Редовни настани

Слави Спасовден — главна селска слава; Во селото се прославува и Велигден, како и 4 јули кога била запалена бугарската општина од Кумановскиот одред во Втората светска војна.

Култура и спорт

Ликовната колонија Карпино се организира секоја година во месец август во Карпинскиот манастир.[ Ликовна колонија „Карпино 2010“ во село Орах, на Daily.MK, пристапено 17. 09. 2010. ] Првата колонија од овој вид била организирана во 2002 година. Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат секоја година на соодветна изложба во Куманово.

Галерија

Наводи

Поврзано Средорек Општина Старо Нагоричане Куманово

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане