Рафал Мајка (; р. ) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Познат е како силен искачувач, а се истакнал на Џиро д’Италија 2013, кога завршил седми во генералниот пласман и шести наредната година. Други поголеми достигнување се трите планински етапни победи на Тур де Франс, како и планинскиот пласман во 2014 година и во 2016 година, двете етапи и победата на Трката околу Полска. Своето прво завршување на подиум на некоја голема трка го постигнал на Вуелта а Еспања 2015, каде завршил како трети. На Летните олимписки игри 2016 освоил бронзен медал за Полска на друмската трка.

Кариера 2013 мини|лево|Мајка во точкестата маичка на Тур де Франс 2014

Во 2013 година настапил на Џиро д’Италија по првпат, каде имал жестока и долга борба со Карлос Бетанкур за водството во пласманот за млад возач, но на крајот Колумбиецот го освоил во претпоследната етапа. Во генералниот пласман завршил на седмото место, осум минути зад победникот Винченцо Нибали.

2014

Една година подоцна на Џиро д’Италија 2014 завршил едно место повисоко од 2013 година, односно на шестото место.

Мајка бил повикан во последен момент во составот на Тинкоф-Саксо на Тур де Франс 2014, откако Роман Кројцигер бил привремено суспендиран од возење поради невообичаено вредности во неговиот биолошки пасош. На етапата 14 ја освоил својата прва професионална победа откако заминал сам на последното искачување до Ризул. Четири дена подоцна победил на етапата 17, стигнувајќи сам пред останатите на планинската завршница до Пла д’Аде. Овие успеси, како и неколку други добри пласмани на планинските етапи, му ја донеле на Мајка точкестата маичка за планинскиот пласман. Така, тој станал првиот Полјак што освоил етапа и маичка на Тур де Франс. Неколку недели по Тур де Франс ги освоил петтата и шестата етапа на Трката околу Полска 2014, кои биле планински, а со нив и генералниот пласман. Мајка е првиот Полјац кој ја освоил трката откако таа станала дел од Светската турнеја.

2015

Спротивно на изминатите две години, Мајка не настапил на Џиро д’Италија 2015, каде Алберто Контадор го направил првиот чекор во обид за освојување на Џиро-Тур, но учествувал на Тур де Франс. Завршил помеѓу првите десет на Трката околу Оман, Тур де Романди и Тур де Свис како подготовка за Тур. Мајка ја освоил единаесеттата етапа на Тур де Франс од бегство, со што стигнал до својата трета етапна победа на Тур. Потоа, Мајка се подготвувал за својата цел, Вуелта а Еспања 2015, обидувајќи се да заврши помеѓу првите пет или пак на подиум. Имал одлични резулати на целата трка, со што се нашол на врвот на генералниот пласман со Наиро Кинтана и Фабио Ару. На претпоследната етапа, Мајка успеал да се искачи од четвртото на третото место, завршувајќи на подиум и остварувајќи ја својата цел да се најде на подиум на некоја голема трка.

2016

мини|upright|Мајка на Тур де Франс 2016

На Џиро д’Италија 2016, Мајка настапил како предводник за Тинкоф и завршил петти во генералниот пласман, четири минути зад победникот Винченцо Нибали, негов најдобар резултат на трката. По Џиро, Мајка го освоил националното друмско првенство по првпат во својата кариера, оддалечувајќи се од групата на последното искачување и одржувајќи се пред нив до целта. Во текот на Тур де Франс 2016, предводникотна екипата Контадор отпаднал, оставајќи го Мајка како една од можностите на екипата за успех. Преку повеќе бегства успеал да го повтори своето достигнување од 2014 година и да го освои планинскиот пласман, иако не успеал да освои ниту една етапа.

На Летните олимписки игри 2016, Мајак завршил трет на друмската трка, освојувајќи го бронзениот медал. Бил дел од доцното бегство составено од Винченцо Нибали и Серхио Енао. На последниот спуст, Нибали и Енао паднале, оставајќи го Енао сам напред, кој не успеал да ја зачува својата предност пред групата до целта. Бил достигнат од победникот Грег ван Авермат и Јакоб Фуглсанг во последните два километри до целта и не учествувал во завршниот спринт. Медалот на Мајка бил прв за Полска на Игрите и прв медал освоен од полски велосипедисти на поединечна трка од сребрениот медал на Чеслав Ланг на Летните олимписки игри 1980. Подоцна, во август 2016 година, објавиле дека Мајка се согласил на двегодишен договор со екипата од 2017 година, заедно со колегата од Тинкоф, Петер Саган.

Личен живот

На 18 октомври 2014 година се оженил со Магдалена Ковал на приватна церемонија во Вишњова.Rafał Majka wziął ślub - se.pl - 18-02-20178 Во февруари 2017 година се родила нивната ќерка.

Достигнувања

2008 1. Трофео Енцо Саки 3. ГП Чита ди Монсумано 4. Трофео С.К. Корсанико 2009 1. Фиренца-Вијареџо 3. Болоња-Ратикоса 4. Гран Премио Чита ди Емполи 5. Трофео Нести & Нели 8. ГП Каподарко 8. Трофео Педалата Елетрика 9. Трофео С.К. Корсанико 9. Копа Кадути 2010 2. ГП Кјанти Колине д’Елса 3. Краен пласман Џиро деле Песке Нетарине 3. Болоња-Ратикоса 3. Трофео Чита ди Ластра а Сиња 5. Копа Спортиви Малвеси 7. ГП Броџо 9. ГП Палио дел Речото 9. Фиренце-Вијареџо 10. Краен пласман Карпачки 1. Етапа 2 (ITT) 10. Трофео Матеоти 2012 3. Јапонски куп 7. Краен пласман Трка околу Пекинг 1. 20п Пласман за млад возач 2013 2. Милано-Торино 3. Џиро ди Ломбардија 4. Краен пласман Трка околу Полска 1. 20п Бодовен пласман 7. Краен пласман Џиро д’Италија 2014 Тур де Франс 1. 20п|Точкеста маичка Планински пласман 1. Етапа 14 1. Етапа 17 1. 20п Генерален пласман Трка околу Полска 1. Етапа 5 1. Етапа 6 4. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ 4. Краен пласман Критериум Интернасионал 1. 20п Пласман за млад возач 6. Краен пласман Џиро д’Италија 2015 1. Етапа 11 Тур де Франс 2. Милано-Торино 3. Краен пласман Вуелта а Еспања 4. Краен пласман Трка околу Оман 7. Краен пласман Тур де Романди 10. Краен пласман Тур де Свис 2016 1. 20п Национално друмско првенство 3. 15п Олимписка друмска трка 5. Краен пласман Вуелта а Андалусија 5. Краен пласман Џиро д’Италија 7. Краен пласман Тур де Сан Луис Тур де Франс 1. 20п Планински пласман 20п Награда за борбеност на етапа 15 2017 1. 20п Краен пласман Трка околу Словенија 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 14 Вуелта а Еспања 2. Краен пласман Трка околу Калифорнија 1. Етапа 2 2. Краен пласман Трка околу Полска 1. 20п Пласман за полски возач 6. Краен пласман Трка Абу Даби 7. Трофео Поленка-Порт де Андрат 10. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2018 5. Краен пласман Трка Абу Даби 5. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија 6. Краен пласман Трка околу Словенија 7. Џиро ди Ломбардија 20п Награда за борбеност на етапа 15 на Тур де Франс 2019 6. Краен пласман Џиро д’Италија 6. Краен пласман Вуелта а Еспања 6. Краен пласман Трка на Алпите 7. Краен пласман Волта а Каталуња 9. Краен пласман Трка околу Полска 1. 20п Пласман за полски возач 10. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес 2020 4. Краен пласман Трка околу Полска 1. 20п Пласман за полски возач 5. Краен пласман Трка ОАЕ

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——76—5——6 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур———442827СО19— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања ВуелтаСО3219—3—39136

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Полски велосипедисти Категорија:Полски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Полска Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Полска Категорија:Олимписки медалисти во велосипедизам Категорија:Полски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020