Добовјани — село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Поглед во селото

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Струшкото Поле, во средишниот дел на Општина Струга, од десната страна на реката Црн Дрим. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 790 метри. Од градот Струга селото е оддалечено околу 12 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1201 кај селото Велешта, но до селото може да се пристапи и од локален асфалтен пат преку регионалниот пат 2243 кај селото Долно Татеши.

Куќите на ова рамничарско село се наоѓаат покрај Црн Дрим, од нејзината лева и десна страна. Околни села се Велешта на југоисток, Ташмаруништа на северозапад, Горно Татеши на североисток и други. Мештаните се служат со вода за пиење од бунари.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Стара Баница, Суво Поле, Забел, Црква (Киша), Блато, Фуша Татеши, Лаѓа, Кодри, Ѓура Мусаји, Рај, Внеш (Лозја) и Ливади Вевчанит.

Селото има збиен тип. Познати се селските маала Муса, Туши, Полиси и Халку. Најстаро е Муса со куќи околу мостот на Црн Дрим на левиот брег, а само маалото Халку се наоѓа десно од реката.

Историја

Во историските извори, ова село како Дибовјани првпат се споменува во 1583 година. Тогаш било дервенџиско село со 18 христијански домаќинства, а мештаните го чувале мостот на Црн Дрим. Селото повторно се споменува во 1633 година.

До крајот на отоманскиот период, преку северниот дел на Струшко Поле поминувал стариот пат Скадар-Дебар-Битола-Солун, поради што на некои места се познава калдрма.

На патот се наоѓало и селото Добовјани, покрај мостот на Црн Дрим, а потоа селата Ново Село, Волино, Требениште. Мештаните кажуваат дека додека постоел овој сообраќај, нивното село напредувало. За потребите на овој сообраќај, во селото постоеле пет анови, занаетчиски дуќани и 2-3 продавници. Сопственици на ановите биле мештани од Добовјани.

Познато е дека некогаш на мостовите постоеле капии, со што можело да се наплатуваат мостарини. Таква капија постоела и на мостот преку Црн Дрим кај Добовјани во текот на век. На овој дрвен мост постоел чувар кој го вршел плаќањето. Дури во 1963 година бил изграден современ бетонски мост.

Старото село Добовјани најпрвин имало словенско-христијанско население и така останало до 1800 година. Меѓутоа, тогаш тука дошло едно муслиманско албанско домаќинства со старешина Муса. Тој бил одреден да ја наплатува мостарината од страна на турската власт. Од него потекнува најстариот селски род Мусаи (12 к.). Потоа следело доселувањето на другите Албанци.

Кога дошле Албанците, во селото постоел чифлиг во посед на Рушид-бег. Се пренесува дека бегот му подарил плац за куќа на првиот чувар на мостот Муса. Потоа, чифлигот се распаднал и старите словенски родови се иселиле. Тие имале своја црква на местото наречено Киша, покрај брегот на Црн Дрим на левата страна, каде биле и старите христијански гробови. Христијанскиот род Симоновци (6 к.) сега живее во селото Џепиште кај Дебар, а таму дошле од Добовјани.

Десно од реката се наоѓаат гробови на оние патници кои умирале во Добовјани идејќи по стариот пат. Такви гробови има десетина.

Селото било зафатено со борбите за време на Илинденското востание.

Во 1915 година селото настрадало при борби на српската и бугарската војска.

Познатиот српски писател Бранислав Нушиќ во својот патопис Крај бреговите на Охридското Езеро вака го опишува селото Добовјани во првата половина на XX век:

Покрај селото се наоѓаат војни бункери изградени во Втората светска војна.

Стопанство

Селото има еден од најмалите атари во Македонија. Атарот зафаќа простор само 1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 79,8 хектари, поради што има полјоделска функција.

Селото припаѓа на хидросистемот „Струшко Поле“, поточно на потсистемот „Ложани“.

Во минатото, мештаните одгледувале пченка, зеленчук и овошје, додека од стока чувале говеда, овци и коњи. Во поново време, населението оди на привремена работа во странство.

Население

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година, селото имало 42 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 102-103.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добовјани живееле 390 жители, од кои 240 Македонци и 150 Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 254.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Добовјани се води како мешано македонско-албанско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 30 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.

Добовјани во 1961 година броело 261 жител, а во 1994 година бројот двојно се зголемил на 424 жители, албанско население.

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Добовјани, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.

Според пописот од 2002 година, селото броело 475 жители, од кои 473 Албанци и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 237 жители, од кои 235 Албанци и 2 лица без податоци.

Родови

Добовјани е албанско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1977 година, родови во селото: Мусаи (12 к.), доселени се од областа Матија во Албанија, тие се први доселени во селото, доселени се во 1800 година. Го знаат следното родословие: Алија (жив, 54 години во 1980 г.)-Шабан-Реџеп-Аљуш-Ајдар-Муса, основачот на родот кој се доселил; Туши (14 к.), доселени се од Дебарско, дошле после претходниот род; Полиси (12 к.), доселени се од селото Полис во близина на Елбасан, Албанија; Халку (6 к.), доселени се од Дебарско; Дешку (2 к.), Шеху (2 к.), Винца (1 к.) и Каца (1 к.), доселени се од соседното поголемо село Велешта, подалечно потекло на овие родови е од Дебарско.

Иселеништво

Покрај споменатото иселување на словенскот население, помеѓу двете светски војни и во поново време се иселиле околу 30 домаќинства во Турција, Албанија, Струга, Охрид и Битола. Има по некој иселен род и во струшките села: Биџево (Дабовјанци, 2 к.), Ново Село (Туши, 5 к.) и Долна Белица (Дабовјанци, 2 к.).

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на основното училиште

Подрачното основно училиште „Зини Хани“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Зини Хани“ - Велешта

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Добовјани било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Велешта.

Во периодот од 1957 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото припаѓало на некогашната општина Велешта.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Велешта, во која покрај селото Добовјани, се наоѓале и селата Велешта, Враништа, Горно Татеши, Долна Белица, Долно Татеши, Ташморуништа и Тоска. Во периодот 1950-1952 година, селото Добовјани било дел од некогашната општина Велешта, во која влегувале селата Велешта, Добовјани и Ташмаруништа.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 1919 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Аништа — црква од старохристијанско време; и Плачи Круша — населба и некропола од хеленистичко и римско време.

Цркви Во минатото, во селото постоела црква на левиот брег на реката, каде била и старите христијански гробишта.

Џамии Џамија — главна селска џамија.

Галерија

Поврзано Општина Струга Струшко Поле

Наводи

Забелешки

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга