мини|250п|Екранска снимка на GND

Обединетата нормативна податотека (, крат. GND) — меѓународна нормативна податотека во која се организирани лични имиња, предметни определници и здруженија од разни библиотечни каталози. Наменета е првенствено за документација во библиотеки и архиви. Со неа раководи Германската национална библиотека (DNB) во соработка со разни библиотечни мрежи. Правата на GND се водат под лиценцата Криејтив комонс Нула (CC0).Услуга за поврзани податоци на Германската национална библиотека

Видови на единици во GND

Обединетата нормативна податотека е пуштена во април 2012 и ги здружува содржините на следниве нормативни податотеки (сега укинати): Нормативна податотека на лични имиња (Personennamendatei; PND) Обединета нормативна податотека на здруженија (Gemeinsame Körperschaftsdatei; GKD) Нормативна податотека на клучни зборови (Schlagwortnormdatei; SWD) Податотека на единствени наслови на Германскиот музички архив (Einheitssachtitel-Datei des Deutschen Musikarchivs; DMA-EST)

На нејзиното започнување (5 април 2012), GND содржи 9.493.860 податотеки, од кои 2.650.000 се однесуваат на лични имиња.

Постојат шест вида на единици во GND:Entitätencodierung: Vergaberichtlinien (кратки списоци: стара и нова верзија)

Вид Германски (официјално) Превод p Person (individualisiert) личност (поединец) n Name (nicht individualisiert) личност (име) k Körperschaft здружение v Veranstaltung настан w Werk дело s Sachbegriff поим g Geografikum место

Поврзано Виртуелна меѓународна нормативна податотека (VIAF) Контролен број на Конгресната библиотека (LCCN) LIBRIS - нормативна податотека на Кралската библиотека на Шведска Нормативна контрола Предлошка:Нормативна контрола

Наводи

Надворешни врски

Информации за Обединетата нормативна податотека (GND) Пребарување преку OGND

Категорија:Библиотечна каталогизација и класификација Категорија:Назнаки