мини|десно|Молика (Pinus peuce) - едно од најпрепознатливите дрвја во Македонија
Флората на Македонија ― го претставува сиот растителен свет, односно сета растителност на територијата на Македонија. Претставена е со околу 210 семејства, 920 родови и околу 3.700 видови. Најзастапена група се скриеносемениците, со околу 3.200 видови, проследени од мововите (350 видови) и папратите (42).
Фитогеографски, Македонија ѝ припаѓа на илирската покраина на Циркумбореалниот регион во рамките на Бореалното царство. Според Светскиот фонд за природа (WWF) и Дигиталната карта на европски еколошки региони на Европската агенција за животна средина, територјата на Република Македонија може да се подели на 4 екорегиони: пиндски мешани шуми, балкански мешани шуми, родопски мешани шуми и егејски тврдолиснинаречени и „склерофити“ и мешани шуми.
Бројчена застапеност на растителните семејства, родови и видови
Сите родови и видови на растенија што виреат во Македонија се претставени во делото „Флора на Република Македонија“ од академикот Кирил Мицевски, еден од најважните ботаничари во Македонија.
Група Семејства Родови Видови Подвидови, сорти, облици Сите таксони Џигерници 29 42 66 - - Роговници 1 1 1 - - Мовови 34 124 330 - - Црвоточни 3 5 6 - 6 Членестостеблени 1 1 7 13 20 Папрати 15 21 42 18 60 Голосеменици 4 6 15 7 22 Скриеносеменици*Дикотиледони*Монокотиледони 12010218 720565155 3.2002.600600 1.7001.500200 4.9004.100800 Вкупно растителни таксони 210 920 3.700 1.740 5.350
Поврзано Фауна на Македонија
Наводи
Надворешни врски Оддел за растенија — Природонаучен музеј на Македонија Флората во Република Македонија — Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ)