Пирогроздова киселина (CH3COCOOH) — органска киселина, кетон, и наједноставен претставник на алфа-кето киселините. Карбоксилатниот (COO−) анјон на пирогроздовата киселина, и нејзина Бренстед-Лауриева конјугирана база, CH3COCOO−, е позната како пируват, и е клучна раскрсница во неколку метаболитички патишта.
Пирогроздова киселина може да се добие од гликоза преку процес на гликолиза, да се претвори назад во јаглехидрати (како гликоза) преку процес на гликонеогенеза, или во масни киселини преку ацетил коензим А.
Наводи
Категорија:Гликолиза Категорија:Кетокиселини Категорија:Клеточно дишење Категорија:Вежбовна физиологија