Канал 8 e регионален телевизиски канал од Кочани, Македонија. Со вести и информации за актуелни настани ги покрива териториите на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново - Облешево.

Дозволата за вршење на радиодифузната дејност ТРД Канал 8 ДООЕЛ ја добил од Советот за Радиодифузија на Македонија на 26 ноември 2008 година, додека официјално со работа започнал на 18 февруари 2009 година, на подрачјето на Кочанскиот регион.

Програмата се емитуваше на 46 канал во UHF опсег, 24 часа дневно. Со воведувањето на дигитализацијата на телевизииите од 1 јуни 2013 година, аналогниот сигнал е исклучен, а програмата продолжува да се емитува преку кабелските оператори во четирите општини во регионот. Телевизискиот програмски сервис е на македонски јазик, со претежно забавен општ формат.

Од 1. октомври 2024 година ТРД Канал 8 ДООЕЛ го исклучи сигналот преку кабелските оператори и доброволно се откажа од дозволата, а со решение од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) од 2. октомври 2024 година е избришан од регистарот на радиодифузери. Програмата продолжува да се емитува онлајн како ИПТВ преку неколку домашни и интернационални платформи, како и на сопствената веб-страница преку линкот ТВ во живо, со што од регионален станува глобален медиум.

Од 1 април 2026 година ТРД Канал 8 ДООЕЛ почна да емитува и онлајн радио програма преку линкот Радио во живо.

Наводи

Надворешни врски Официјалното мрежно место Канал 8 - ТВ во живо Канал 8 - Радио во живо

Категорија:Телевизии во Кочани Категорија:Телевизии во Виница Категорија:Телевизиски канали во Македонија Категорија:Радиостаници во Македонија Категорија:Појавено во 2009 година во Македонија