мини|Мозел кај Бајлштајн
Мозел (, ; ) — река што тече низ Франција, Луксембург и Германија. Таа е лева притока на Рајна, во која се влева кај Кобленц. Мал дел од речното подрачје на Белгија истекува во Мозел преку реката Ур.
Името на реката е изведено од латинскиот поим Mosella („Мала Меза“). По неа се именувани два департмани во Франција: Мозел и Мерт и Мозел.
Речното корито на Меза е прилагодено за сообраќај на големи товарни бродови до должина до 110 м.[ База на Елвис ]
Географија Мозел извира во западните падини на планината Алзашки Балон во венецот Вогези, па тече низ регионот Лорена западно од Вогезите. Во подолното течение во Германија, Мозелската долина ги разделува планинските краеви Ајфел и Хунсрик. Има вкупна должина од околу 546 км.
По течението на реката се среќаваат следниве населени места: во Франција: Епинал, Тул, Пон а Мусон, Мец и Тјонвил во Луксембург: Шенген, Ремих, Гревенмахер и Васербилиг во Германија: Трир, Бернкастел-Кис, Кохем и Кобленц
Притоки мини|десно|Стариот живописен град Бернкастел-Кис на реката Мозел. Леви: Мадон, Теруан, Еш, Рип де Ма, Орн, Фенш, Гандер, Сир, Зауер, Кил, Залм, Лизер, Алф, Ендерт, Бролбах, Елцбах.
Десни: Мозелота, Волоња, Мерт, Сеј, Сар, Олевигер Бах, Авелсбах, Рувер, Фелер Бах, Дрон, Арингсбах, Каутенбах, Лицбах, Флаумбах, Алтлајер Бах, Бахбах, Ербах.
Поврзано Мозел (департман)
Наводи
Надворешни врски
Мозел Мозел Мозелтал
Категорија:Реки во Луксембург Категорија:Реки во Сар Категорија:Реки на Големиот Исток Категорија:Мозелски слив Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Мозел (департман) Категорија:Погранични реки Категорија:Германско-луксембуршка граница Категорија:Реки во Рајнската област-Пфалц