Ранис () — мал град во округот Зале-Орла, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 15 километри источно од окружниот град Залфелд и 30 километри јужно од безокружниот град Јена.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ранис-Цигенрик.
Географија Местоположба
Ранис се наоѓа помеѓу Тириншки Холцланд на север и вештачкото езеро Хоенварте на југ на 380 метри. Низ него поминува потокот Шретерсбах.
Соседни општини
Соседни општини се Песнек, Вернбург, Шморда, Зајзла и Крелпа.
Градски единици
Градот се состои од местата Ранис, Бранденштајн, Лудвигсхоф и Херолдсхоф.
мини|центар|500п|Поглед на Ранис
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Ранис се состои од 12 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа Удел Места FWG Слободни гласачи Ранис60,0 %7 CDU Демохристијански сојуз на Германија19,0 %2 GEV Стопански сојуз15,3 %2 Grüne Сојуз 90/Зелени5,7 %1 Вкупно 100 % 12 Излезност: 64,3 %
Збратимени градови
Ранис е збратимен со следниве градови: Рудерсберг, Германија (од 1991 г.)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Зале-Орла Категорија:Саксонија (пруска покраина)