Lhotse (; , пинјин: Luòzǐ Fēng; , Вајли: lho rtse) — четврта планина по височина на Земјата (по Монт Еверест, К2 и Кангченѕунга), поврзана со Монт Еверест со Јужното Седло. Покрај главниот врв со надморска височина од 8.516 м, други повисоки врвови на планината се Лоце Средна (источна) и 8.414 м Лоце Шар се 8.383 м. Сместена е на границата помеѓу Тибет (Кина) и регионот Кумбу во Непал.
Забележителни особености Лоце е најпозата како соседна планина на Монт Еверест и по тоа што сите што се искачуваат по стандардниот пат проведуваат извесно време на северозападната страна на планината. Оваа планина впрочем се одликува со најмала топографска истакнатост од сите осумилјадници, издигајќи се само 610 м над Јужното Седло.
Но и покрај ова, Лоце самиот по себе е велелепен врв поради огромниот пад на неговата јужната страна. На оваа страна, планината се издига цели 3,2 км на хоризонтално растојание од само 2,25 км, и со тоа страната е најстрмна во светот. Направени се многу обиди за нејзино искачување, со многу малку успех и голем број загубени животи.
мини|центар|600п|Поглед на Монт Еверест (лево) и Лоце (десно) озрачени од сонцето
Македонски исачувања Прв Македонец којшто се искачил на Лоце е Сашко Кедев, на 13. Мај 2024 година. Претходно, во рамките на Осмата Југословенска Алпинистичка Хималајска Експедиција на Јужната Стена на Лоце во 1981 година учесник од Македонија бил Јован Попоски - Јове.
Поврзано Махалангур Химал
Наводи
Надворешни врски
Лоце - Peakware Статистики за искачувања и смртни случаи
Категорија:Планини во Непал Категорија:Планини во Кина Категорија:Планини во Тибет Категорија:Осумилјадници Категорија:Меѓународни планини во Азија