Блато (во изворишниот дел позната како Строшка Река) — река во средишниот дел на Македонија, која се влева во Црна Река како нејзина лева притока.

Тек

Реката има најголема сливна површина од притоките на Црна Река, вкупно 937 км2, меѓутоа има најмал релативен пад на своето корито од само 13,2‰.

Во изворишниот дел е позната како Строшка Река. Се влива во реката Црна кај селото Тројкрсти на височина од 591 метар.

Долга е 44 километри.

Прима повеќе притоки меѓу кои поважни се: Прилепска Река во чиј горен тек е изградено вештачкото Прилепско Езеро, потоа Зрза Река и Селишна Река.

Галерија

Поврзано Даутица Боротино Тројкрсти Прилепско Поле

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Боротино