„Македонска ризница“ — списание пред сѐ е наменето за теми од македонската историја, но не само онаа која на ова наше тло се случувала во дамнешното минато, туку и таа која што преку македонските собири, прослави и чествувања продолжува да опстојува до ден денес. Исто така во списанието е одвоено простор и за македонската култура и уметност, како и за случувања и личности коишто намерно или случајно не се опфатени во мејнстрим медиумите. Списанието „Македонска ризница„ постојано ги следи активностите на македонистите и големи афирматори на Македонија во светот сè со цел запознавање на пошироката јавност за нивните активности.

Од неодамна „Македонска ризница“ има и свој ISSN-број од Меѓународниот ISSN-центар во Париз, со посредство на ISSN-центарот на Македонија, со што се потврдува нашата сериозност во ангажманот околу овој проект и намерите тој и понатаму да опстојува .Исто така списанието е дел од најголемата светска архива „Семрежен архив“ Со ова бројот на соработници и соговорници е во постојан пораст, што покажува дека ужива огромна доверба помеѓу историчарите, македонистите и сите љубители на македонската историја и фолклор.

„Македонска ризница“ излегува еднаш месечно. Нејзин издавач е Александар Стеванов, а главен и одговорен уредник Благојче Андонов. Списанието излегува на македонски јазик. Првиот број е излезен на 4 август 2012 година.

Надворешни врски Архива на сите досегашни броеви на „Македонска ризница“ профил на „Македонска ризница на Isuu „Македонска ризница“ на Твитер „Македонска ризница“ на Фејсбук Scribid страната на „Македонска ризница“ Блогот на „Македонска ризница“ Статија за „Македонска ризница“ на CNN „Македонска ризница“ на Јутјуб

Категорија:Македонски списанија Категорија:Појавено во 2012 година во Македонија