Камсдорф () — село и поранешна општина во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 6 јули 2018 година претставува дел од општината Унтервеленборн.

Географија

Камсдорф се наоѓа на источниот раб од Тириншките Шкрилни Планини. Окружниот град Залфелд се наоѓа на 8 километри, а на само неколку километри се наоѓа вештачкото езеро Хоенварте.

Соседни општини

Соседни општини се Унтервеленборн на север, Каулсдорф на југ, како и градот Залфелд на запад.

Општински единици

Општината Камсдорф се состоела од следниве две единици: Клајнкамсдорф Гроскамсдорф

Надворешни врски

Категорија:Залфелд-Рудолштат Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија Категорија:Саксонија (пруска покраина)