Јуренџик, Реџик или Уреџик (, до 1955 г. Ρετζίκι, Ренѕики) — населба и поранешна општина во подрајчето на Солун, Егејска Македонија. Со реформата на локалната управа во 2011, местото влегло во состав на денешната општина Неаполи-Сикјес.Закон „Каликратис“ - Министерство за внатрешни работи Населението брои 13.435 жители (2021).

Географија Селото се наоѓа на 6 км североисточно од Солун и исто толку од Пејзаново. Лежи крај патот Солун - Хортач, на надморска височина од 230 м.

Историја Порано Јуренџик бил одморалишно место за европските конзули и стопанственици. во 1922 г. тука е подигната нова населба за грчки доселеници од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1928 г. Ренѕик било дојденско село со 54 грчки доселенички семејства сочинети од 214 лица.

Поради патот и пријатната клима, населбата продолжила да расте. Најголем пораст е забележан во 1960-тите и 1990-тите.

Население

Општествени установи Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од 1944 г. Црква „Свети Апостоли“

Наводи

Категорија:Неаполи-Сикјес