Ченгду (, ) е главен град на покраината Сечуан, НР Кина. Ченгду е познат како градот на хибискусот и се наоѓа во областа наречена земјата на рајот или земјата на изобилието поради плодната почва (кинески tianfuzhiguo 天府之国). Се вбројува и во еден од десетте најдобри градови за живеење во Кина.http://www.chinadaily.com.cn/english/doc/2006-01/03/content_508828.htm
Географија и клима
Ченгду се наоѓа во Југозападна Кина блиску Тибетската Висорамнина. Тој е еден од поголемите градови во Кина со површина од 12390 км². Во должина од исток кон запад е 192 километри, ширина југ-север 166 километри. Со брзиот развој на градот тој ги припојува и околните мали гратчиња од 2000 година.http://www.chengdu.gov.cn/echengdu/overview/natural_Geographic_Situation.jsp
Има суптропска монсунска клима карактеристична по рана пролет, топло лето, свежа есен и не многу студени зими. Монсунскиот влажен период започнува во април и завршува во октомври. Карактеристична е слабата циркулација на ветер, згора на тоа и блискоста до Тибетската Висорамнина од каде доаѓа слив на густи облаци носи на Ченгду најмалку 1412 сончеви часови годишно што го прави Ченгду познат по сребреното (облачно) небо.http://www.chinahighlights.com/chengdu/weather.htm
Култура
Ченгду е динамичен град во кој секој ден се одвиваат од локални до светски збиднувања. Ченгду е град со традиција долга 3000 години, која влијаела на Кина и други азиски држави. Ченгдуанското секојдневие го одбележуваат неколку работи: локалната кујна, традицијата на пиење чај, резерватот на пандите, Таоизмот и трите кралства.
Сечуански чај и сечуанска кујна мини|Кинеска чајџилница
Сечуанската кујна користи крајно лут вкус. Се смета за една од најдобрите во Кина, но и Азија, впрочем од страна на УНЕСКО Ченгду беше прогласен за град на гастрономијата во 2010. Тоа е првиот азиски град кој го добива ова признание. Во готвењето се користат до 15 видови на лути пиперчиња и во некои јадења и кинески црвен бибер откој се вцепенува јазикот. Најпознатите деликатеси се мапо тофу (кинески 麻婆豆腐) и врелото тенџерче (кинески 涮羊肉).
Јазикот во Ченгду
Во Ченгду се зборува сечуански дијалект на кинескиот јазик. На фонетско ниво е изразен во промена на џ, ч и ш во ѕ, ц, с исто и слевање на дифтонг во едeн звук оу во о, пример за двата наведени случаи Оуџоу што значи Европа на сичуански дијалект е оѕо. На морфо-синтактичко ниво при формирање на различни фрази одекнуваат дијалекни зборови и фрази.
Стопанство
Ченгду е еден од поразвиените градови во Кина. Ченгду се вбројува во југозападнокинескиот економски триаголник, другите два града се Чонгчинг и Ши`ан. Од општината на град Ченгду известуваат дека минатата година БДП на градот надраснал 15 %.http://www.chengdu.gov.cn/echengdu/news/content.jsp?ID=591479 Потребата за работна рака може да се задоволува со планираното зголемување на населението кое до 2020 година треба да изнесува барем 20 милиони луѓе.http://www.gochengdu.cn/investing/chengdu-economic-overview Ченгду е еден од најбрзо растечките градови во светот. Во подем е изградбата на објекти, инфраструктура во градот и надворешна врска со други држави во светот како и секако приморскиот дел на Кина. Впечатлив е напливот на страски фирми за висока технологија како DELL, CISCO и други. Директните странски инвестиции достигнуваат 2 милијарди евра, и се во континуиран пораст од 28,5% годишно.
Туристички места во Ченгду
Местото за кое туристите доаѓаат од секаде од светот е секако центарот за истражување на репродукцијата на пандите. Поточно тоа се два центри, едниот на 10-тина километри од центарот на градот а вториот на час и половина пат од центарот на градот.http://www.tripadvisor.com/Attraction_Review-g297463-d1312394-Reviews-Chengdu_Research_Base_Of_Giant_Panda_Breeding-Chengdu_Sichuan.html Кривото сокаче Куанџај се наоѓа во центарот на градот.http://www.tripadvisor.com/Attractions-g297463-Activities-Chengdu_Sichuan.html И потекнува од времето на Ќинг династија. Друга атракција е палатата Ќингјанг, која е најстарата и најголемата палата во Ченгду.http://www.chengdu.gov.cn/echengdu/tourism/landscape_detail/qyg.jsp Колибата на Дуфу е резиденцијата на Дуфу, кој е еден истакнат кинески поет од времето н Танг династијата. Се наоѓа во бамбусова шума, прилагодена патеки, мостови и мали плоштади.http://www.chengdu.gov.cn/echengdu/tourism/landscape_detail/dfct.jsp Народниот Парк (кинески 人民公园) е едно интересно место во Ченгду каде може да погледате разни претстави на отворено, разноврсен профил на луѓе, да уживате во чајџилниците покрај езерцата со лотоси. Тибетскиот Кварт е една приказна со една тотално различна култура, која е втаена во различна облека на луѓето, различен јазик, музика, мирис на путер од јак и инсент стапчиња. Чунгши Шопинг улицата привлекува над милион посетители за време на викендот.
Ченгду, домот на пандите
Во центарот за истражување на репродукцијата на пандите живеат над 83 панди , ист ваков центар постои и во Ја`ан блиску Ченгду каде има поголем број на панди. Првично нивното седалиште било во Уолонг, но по катастрофалниот земјотрес преместени се во центрите во Ченгду и Ја`ан.
Наводи
Категорија:Градови во Сечуан Категорија:Населени места основани во 4 век п.н.е.