мини|десно|Украс за на врат од килибар мини|десно|Дијамантски дезен мини|десно|Комплет накит со корал црвена боја на кралицата Флорида од Египет, изработка од Ascione, 1938 година, Неапол, Музеј на корален накит мини|десно|Kenyan човек кој носи племенски монисти мини|десно|Дијаманти мини|десно|Шпански смарагд со златни украсни елемнти во Музејот Викторија и Алберт мини|десно|Пример на позлатен накит мини|десно|Византиски венчален прстен Накит претставува украсување на човечкото тело со разни изработени предмети, како: брошеви, прстени, ѓердани, обетки и белегзии. Имајќи предвид неколку исклучоци, како што се медицинските белегзии за предупредување или воените метални идентификациски плочки, накитот обично се разликува од другите елементи за лично украсување бидејќи неговата примарна намера е да привлече внимание. Долги години човекот создава накит и го носи истиот- почнувајќи со 100,000 години старите монисти направени од Nassarius школки кои се воедно и најстариот накит за кој денес се знае.
Накитот може да се прави од различни видови материјали но скапоцените камења, скапоцените метали, монистите и школките се оние кои се широко распространети. Во зависност од културата и времето во кое живееме, накитот може да се цени како статус симбол, благодарение на неговите материјални својства, неговите дезени или како симбол со значење. Накитот се создава за да го разубавува секој дел од делото, од шнола до прстен за ножните прсти.
Самиот збор накит води потекло од зборот jewel, на кого му придале англиски одлики и кој потекнува од старофранцускиот “joiel” и од латинскиот “jocale” со значење играчка. Во Британско-англискиот јазик зборот накит може да се спелува како jewelery или jewellery, додека во Американско-англискиот како jewelry.
Форма и фукција
Накитот се користи од многу причини: Валута, покажување на богатството и складирање Функционална употреба ( како што се спојалки, шноли, копчиња) Симболика ( да покаже припадност кон некоја група, статус или религиозно здружување) Заштита ( во форма на амајлии и заштита од магии) Уметничко прикажување
Повеќето култури во одредени моменти имале обичај да чуваат големи количини богатство складирани во форма на накит. Голем број култури ги преобразуваат свадбените мирази во форма на накит или создадаваат накит како средство за складирање или прикажување монети. Алтернативно, накитот се користи како валута или артикл за размена; како што е примерот со трговијата на монисти. Многу елементи од накитот како што се брошеви и копчиња, се создаваа со намера да се употребуваат како функционални направи но со тек на времето, со намалувањето на нивната функционална употреба, се развија во украсни елементи. Накитот може да симболизира и членови на одредена група, како што е во случајот на Христијанското Распнување или Еврејската Ѕвезда на Давид или пак да претставува статус, како во случајот на големи синџири кои се носеле околу вратот како знак на лојалност во средновекониот период; како венчалните прстени симболизирајќи ги луѓето кои се во брак, обичај кој се практикува на Запад.
Во некои култури се применува носење амајлија или ланче со религиозно значење како мерка на заштита или избегнување на злото; тие можат да имаат форма на амблем (како што е ankh-клучот на животот),камења, растенија, животни, делови од човечкото тело (како што е khamsa-амајлија во форма на дланка добро позната во средновековието и Западна Африка) или глифови (како што се модернизирани верзии од Throne Verse –најпозната верзија на Куранот во исламската уметност).
Иако од самиот почеток уметничкото прикажување беше својствоено за накитот, останатите гореспоменати улоги се стремат кон заземање на предноста. Во доцнежниот 19 век, со дејноста на големите уметници како Петар Карл Фаберже (анг. Peter Carl Fabergé) и Рене Лалик (анг. René Lalique) уметноста го презеде водството над функцијата и богатството. Овој тренд се рашири од уметниците како што се Роберт Ли Морис (анг.Robert Lee Morris), Ед Левин (анг. Ed Levin) и Алберто Репоси (анг.Alberto Reposсi )и продолжи низ модерните времиња.
Материјали и методи
Во содазавањето на накитот, скапоцените камења, монетите и останато, често се употребуваат скапоцени елементи и како по обичај се вметнуваат во скапоцени метали. Легурата од речиси секој метал за кој знаеме се среќава во накитот. На пример, бронзата беше чест случај во римското време. Модерниот префинет накит вклучува злато, бело злато, платина, паладиум и сребро. Поголемиот број од амрикансткиот и европскиот златен накит се прави од легурата на златото, чија чистота се изнесува во карати означени со број по кој следи буквата К. Американскиот златен накит мора да биде најмалку десекаратен (41,7% чисто злато), ( и покрај тоа што во Обединетото Кралство е деветкаратен (37% чисто злато) и вообичаено се среќава накит кој е осумнаесеткаратен(75% чисто злато). Помалку застапени се нивоата на чистота со легура од 22К (91,6% чисто злато) и 24К (99% чисто злато) кои се сметаат за премногу нежни за да се употребуваат како злато во Америка и Европа. Овие легури со висока чистота се користат во голема мера низ Азија, Средниот Исток и Африка. Легурите од платина се движат од 900 (90% чистота) до 950 (95,0 %чистота). Среброто кое се користи за накит обично е чисто сребро или 92,5% чисто сребро. Понекогаш за изработка на бижутерија се користи сребро кое не ‘рѓосува.
Други материјали кои често се користат се стакло, мурано стакло или емајл; дрво, често резбано ; школки и други природни животински материи како коска и слонова коска; природна смола па дури и пластика. Коноп и други канапи се користат со цел да се направи накит кој има поприроден излгед. Сепак, секое вклучување на олово или оловен лем ќе предизвика Англиската Институција за проверка на скапоцени метали (анг. English Assay office) ( зградата која го дава својот печат за одобрување на накитот во Англија, the Hallmark-официјален знак кој се поставува на предметите изработени од скапоцени метали) да го унитшти тоа парче накит.
Монистите често се користат како накит. Можат да се изработат од стакло, скапоцени камења, метал, дрво, школки, глина и глина од полимер. Накитот од монисти често вклучува ѓердани, белегзии, обетки, каиши и прстени. Монистите можат да бидат големи или мали; најмалите видови кои се користат се познати како монисти со големина на зрно, кои се користат за ,,проткаен” стил на накитот украсен со монисти. Друга нивна употреба е техниката за везење каде бисерите се зашиваат на подлога од материјал за да се создаде голем ѓердан околку вратот и белегзии. Везењето на монисти, познат вид рачна-изработка во Викторијанскиот период, ја отсликува ренесансата преку модерниот накит во денешно време. Во доста африкански и локални западно-американски култури е познат и декоративниот елемент. Техниките за усовршување на стаклото и прозводството на монисти од стакло на врвните уметници кои како материјал го користат стаклото Мурано и Венетиан (анг.Murano and Venetian) развија кристално јасно стакло, стакло со глазура (емајл), стакло со златни делчиња (златен камен), шарено стакло (илјада цвеќиња (анг. millefiori), млечно стакло (латимо (анг. Lattimo)) и имитација на скапоцени камења направени од стакло. Веќе во 13 век стаклото и монистите Мурано беа познати. Методите на кујунџијата, златарот и обработувачот на скапоцени камења вклучуваат ковање, леење, лемење или заварување, сечење, резбање и ,,ладно спојување” (користејќи лепило, спојалици и навртки за да се спојат деловите).
Дијаманти
Првото копање на дијамнти беше во Индија. Плиниј, римски држајанин и научник, можеби ги има спомнанто, иако постои дебата за вистинската природа на каменот која тој ја нарече Адамс. Во 2005 година Австралија, Боцвана, Русија и Канада се рангираа помеѓу првите извори на производство на скапоцени дијамантски камења. Британскиот кралски накит се состои од дијамантот Џулијан ( анг. Cullinan Diamond), дел од најквалитетен необработен дијамант некогаш пронајден (1950 година), со 3,106,75 карати (621,35 грама). Денес познати се венчалните прстени. Оваа употреба датира од времто кога Максим I се оженил со Марија од Бургундија во 1477 година.
Други скапоцени камења:
Многу скапоцени и полускапоцени камења се користат како накит. Помеѓу нив се следниве:
Килибар. Килибар- древен, органски, скапоцен камен, се состои од смола од дрво која се стврднала со текот на годините. Каменот мора да биде најмалку милион години стар за да се класифицира како килибар а некој килибар може да биде стар и 120 милиони години.
Аметист. Историсрки, аметистот бил еден од највисоко ценетите скапоцени камења кај семејствата од повисоката класа. Нему му се придава големо значење поради неговата боја, која може да се класифицира по нијанса од најсветла до најтемна.
Смарагд. Смарагдите се едни од трите главни скапоцени камења (заедно со рубинот и сафирите) и се познати по нивната светло - зелена до синкаво- зелена боја. Тие биле ценети низ текот на годините и според некои извештаи Египќаните копале смарагд дури 3500 години п.н.е. .
Жад. Жадот најчесто е со зелена боја но може да се појави и во голем број други бои. Тој е тесно поврзан со азиската култура , историја и традиција и понекогаш се нарекува каменот од рајот.
Јаспис. Јасписот води потекло од фамилијата млечни камења и може да се појави во различни бои. Јасипот често може да се истакне со уникатни и интересни дезени во обоениот камен. Picture jasper е вид на јаспис познат по боите (најчесто беж и кафена) и спиралните облици во шемата на каменот.
Кварц. Кварцот се однесува на фамилијата кристални скапоцени камења во различни бои и големини. Помеѓу најпознатите видови на кварц се розов кварц ( кој има светло- розова боја) и зачаден кварц (кој се појавува во разновидни нијанси на проѕирна кафеава). Одреден број од другите скапоцени камења како што се аметист и цитрин се дел од фамилијата на кварцот. Rutilated quartz e познат вид на кварц кој во својата содржина вклучува смеси во форма на игла.
Рубин. Рубинот е познат по неговата интезивно црвена боја и се вклучуа помеѓу највисоко ценетите скапоцени камења. Веќе илјада години рубинот е доста ценет скапоцен камен. Во санскритскиот јазик за рубин се користи зборот ratnaraj со значење кралот на скапоцените камења.
Сафир. Најраспространетата форма на сафир е синиот сафир кој е познат по неговата боја која се движи од средно сина до темносина и неговата силна заситеност. Во САД се смета дека синиот сафир е најпознатиот и најдостапниот од трите најголеми бесценети скапоцени камења (смарагд, рубин и сафир).
Тиркиз. Тиркизот може да се најде само на неколку места на земајта. Југозападна Америка е најголемиот регион за производство на тиркиз во светот. Тиркизот се цени по неговата привлечна боја, најчесто интензивно сина или зеленикаво сина и по древното богатство. Тиркизот се користи во разни видови на накит. Можеби е најтесно поврзан со јужнозападните и севернозамериканските Индијанци но и со елегантните модерни стилови на накит. Некој тиркиз има матрица од темнокафеава шара која овозможува интересн контраст на сетлосината боја на скапоцениот камен. Некои скапоцени камења (како бисери, колар и килибар) се класифицираат како органски што значи дека се настанати од живи организми. Други се неоргански што значи дека се состојат и произлегуваат од минерали. Методот на вадење на аметистот почна помалку да се вреднува па поради тоа нивното увезување се зголеми. Некои камења кои човекот ги направил можат да послужат како природни скапоцени камења како што е коцкестиот циркон кој може да се користи на местото на дијамантот.
Крајна обработка