Сер Роберт „Боби“ Чарлтон (англиски: Sir Robert "Bobby" Charlton, - ) — поранешен англиски фубалер, сметан за еден од најдобрите игарачи за врска на сите времиња и најдобар англиски фудбалер на сите времиња. Тој бил еден од клучните членови на Англиската репрезентација која го освоила Светското првентво во 1966, а истата година ја добик и наградата за најдобар европски фудбалер. Најголемиот дел од клупската кариера ја поминал во Манчестер Јунајтед, каде станал препознатлив по неговите напаѓачки инстинкти, одличните додавања и страшниот шут од далечина. Тој е познат и по неговите кондиција и идржливост, поради кои доминирал на теренот.

Роден во Ешингтон, Нортамберленд, Чарлтон дебитирал за првиот тим на Манчестер Јунајтед во 1956 година, а во следните две сезони обебедил постојан првотимски статус. За тоа време, тој ја преживел Минхенската авионска несреќа во 1958 година откако бил спасен од голманот Хари Грег. Откако му помогнал на Јунајтед да ја освои титулата во Првата англиска лига во 1965 година, го освои и Светското првентво во 1966 со Англија во 1966 година и уште една титула во Првата англиска лига наредната година. Во 1968 година, тој бил капитен на Манчестер Јунајтед кој го освоил Европскиот куп на шампиони, постигнувајќи два гола во финалето за да му помогне на својот тим да стане првиот англиски тим кој победил во ова натпреварување. Има постигнато повеќе голови за Англија и Манчестер Јунајтед од било кој друг играч. Чарлтон го држел рекордот за најмногу настапи во дресот на Манчестер Јунајтед, но бил поминат од Рајан Гигс на 21 мај 2008 година (финалето во Лигата на шампионите). Чарлтон, исто така, го држел и рекордот за најмногу настапи во лигата (606) додека не бил поминат од Гигс на 11 март 2011 година.

Во јануари 2011 година, Боби Чарлтон бил прогласен за четвртиот најдобар играч на Манчестер Јунајтед на сите времиња од читателите на Инсајд Јунајтед и ManUtd.com, зад Рајан Гигс, Ерик Кантона и Џорџ Бест.

Во времето кога се пензионирал од Националната репрезентација во 1970 година, тој бил играчот со најмногу настапи за репрезентацијата, настапувајќи на 106 натрпевари од највисоко ниво. Тој рекорд бил надминат од Боби Мор, Питер Шилтон, а потоа и од Дејвид Бекам.

Боби Чарлтон го напуштил Манчестер Јунајтед за да стане менаџер на ФК Престон Норт Енд во сезоната 1973/1974. Во следната сезона се префрлил во играч-менаџер, но во почетокот на сезоната 1975/1976 ја оставил таа функција бидејќи неговото разбирање за играта било оскудно. Потоа работел на функцијата раководител на ФК Виган Атлетик, додека да се префрли во одборот на директори во Манчестер Јунајтед во 1984 година и останал како таков до јуни 2011 година. Тој ги поставил рекордите во голови во англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед и двата рекорда сѐ уште се недопрени 35 години по крајот на неговата играчка кариера. Во 1994 година, Чарлтон ја добил титулата „Сер“ од кралицата на Обединетото Кралство.

Сер Боби Чарлтон е член на Laureus World Sports Academy. Потекло

Боби Чарлтон бил во сродство со неколку професионални фудбалери од страната на мајка му. Негови чичковци биле Џек Милбам (Лидс Јунајтед и Бредфорд Сити), Џорџ Милбам (Лидс Јунајтед и Честерфилд), Џим Милбам (Лидс Јунајтед и Бредфорд Сити), Стен Милбам (Честерфилд, Леичестер Сити и Рокдејл), а легендарниот играч на Њукасл Јунајтед и англиската репрезентација, Џеки Милбам, бил братучед на мајка му. Сепак, Чарлтон го должи раното развивање на неговата кариера на дедо му Танер и мајка му Сиси. Неговиот постар брат Џек работел во полицијата, пред да стане професионален играч за Лидс Јунајтед. Клупска кариера

На 9 февруари 1953 година, Чарлтон, ученик во Граматичкото училиште Бедлингтон, бил забележан како игра за училиштата од Источен Нортамберленд од страна на главниот скаут на Манчестер Јунајтед, Џо Армстронг. Чарлтон играл за Англиските ученици и покрај понудите од други клубови, 15-годишникот потпишал за Јунајтед на 1 јануари 1953, заедно со Вилф Мекгинис, кој исто така имал 15 години. На почетокот, мајка му не била подготвена да му дозволи да се посвети на неизвесна фудбалска кариера, па тој почнал да чиракува како електро-инженер, но сепак станал професионален фудбалер во октомври 1954 година.

Чарлтон станал еден од познатите Базбиеви Бебиња, збир на талентирани млади фудбалери кои потекннуваат од фудбалката школа на Олд Трафорд во 40-тите, 50-тите и 60-тите години од минатиот век, во планот на Мет Базби да го обнови клубот по Втората светска војна. Боби често постигнувал голови во натпреварите на младинскиот и резервниот тим, пред дебито за првиот тим против Чарлтон Атлетик во октомври 1956 година. Во исто време, тој служел војска во Кралските артилерсиски сили во Шрузбери, по препорака на Базби за да може да игра за Јунајтед за време на викендите. Во исто време, неговиот соиграч Данкан Едвардс служел војска на истото местоCharlton 2007, p.70.

Чарлтон настапил 14 пати за Манчестер Јунајтед во првата сезона, постигнувајќи два гола на дебито од вкупно 12 гола во сите натпревари, вклучувајќи и хет-трик во победата од 5-1 против ФК Чарлтон Атлетик во февруари. Јунајтед ја освоил Првата англсика лига, но не успеал да ја освои првата „двојна круна“ кога контроверзно загубиле во финалето на ФА купот во 1957 година против ФК Астон Вила. Чарлтон, иако имал само 19 години, бил избран за мечот, на кој голманот Реј Вуд бил изнесен од игра поради скшрена јаболчница по сударот со напаѓачот на Вила, Питер Мекперланд. Иако Чарлтон бил еден од кандидатите да застане меѓу стативите (во времето кога немало замени), неговиот соиграч Џеки Бленчфлаур го заменил Вуд.

Чарлтон веќе бил докажан играч во следната сезона во која Јунајтед, како шампион, станал првиот англиски тим кој се натпреварувал во Европскиот куп. Претходно, Фудбалскиот сојуз на Англија забранил учество во натпреварувањето, но Јунајтед сепак напредувал и стигнал до полуфиналето каде загубил од ФК Реал Мадрид. Нивната репутција се зголемила следната сезона во која стигнале во четвртфиналето против ФК Црвена Ѕвезда од Белград. Во првиот натпревар, Јунајтед победил со 2-1. На реваншот во Југославија, Чарлтон погодил двапати за водство на Јунајтед од 3-0, но домаќините успеале да се вратат и да израмнат на 3-3. Сепак, со вкупен резултат од 5-4, Манчестер Јунајтед продолжил кон полуфиналето и играчите во весело расположение заминале да се качат на авион кон дома, мислејќи на неделното дерби со ФК Вулверхемптон Вондерерс.

Минхенска авионска несреќа

Авионот кој ги пренесувал играчите на Манчестер Јунајтед и персоналот од аеродромот Земун требал да застане во Минхен за да наполни гориво. Тоа се случувало при лоши временски услови и додека го наполниле авионот и ги повикале патниците да се вратат на авионот, почнал да паѓа снег кој ја прекрил пистата и земјата околу аеродрмот. Првите два обида за полетување биле неусшени и поради тоа се создала загриженост меѓу патниците. За да се поправи мала техничка грешка, стјуардесата им кажала на патниците повторно да се симнат од авионот.

По само 10 минути на аеродромскиот терминал, играчите добиле повик повторно да се вратат на авионот, па некои патници почнале да се чувствуваат нервозно. Чарлтон и неговиот соиграч Денис Вајолет ги замениле местата со Томи Тејлор и Дејвид Пег, кои мислеле дека ќе бидат побезбедни во задниот дел на авионот.

Во следниот обид за полетување, авионот ја закачил оградата на крајот на пистата, а со крилото удрил во една блиска куќа, при што се запалил. Крилото и дел од опашката на авионот се откачиле и удриле во дрво и дрвена колиба, а другиот дел од авионот се вртел по снегот сѐ додека не застанал.

Чарлтон, врзан за седиштето, испаднал од кабината и кога голманот на Јунајтед, Хари Грег (кој некако излегол од дупка на авионот неповреден и започнал мисија за спасување), го нашол, мислел дека е мртов. Ги грабнал Чарлтон и Вајолет за панталоните и ги одвлечкал подалеку од авионот, со постојан страв дека ќе експлодира. Грег се вратил во авионот да им помогне на повредените Базби и Бенчфлауер и кога се свртел, му олеснало кога видел дека Чарлтон и Вајолет успеале да се одврзат од седиштата и гледале кон остатоците од авионот.

Чарлтон, кој имал неколку посекотини на главата и страдал од сериозен шок, поминал една недела во болница. Седуммина од неговите соиграчи загинале на самото место, вклучувајќи ги Тејлор и Пег, со кои ги смениле местата пред фаталната несреќа. И капитенот Роџер Бурн загинал, заедно со Марк Џонс, Били Вилан, Еди Колмен и Џоф Бент. Данкан Едвардс починал 15 дена подоцна од повредите со кои се здобил. Вкупно, 23 луѓе ги загубиле своите животи во авионската несреќа. На почетокот, како причина за несреќата биле сметани замрзнатите крила, но подоцна истражувачите објавиле дека лапавицата на пистата оневозможила безбедно полетување.

Чарлтон бил првиот преживеан кој заминал од болницата, а Хари Грег и Бил Фолкс не биле хоспитализирани бидејќи не биле повредени. Тој се вратил во Англија на 14 февруари 1958 година, осум дена по несреќата. Иако имал само 20 години, сепак се очекувало тој да помогне во обновата на клубот бидејќи Базби имал намера да ја заврши сезоната. Боби се вратил за настап во ФА купот против ФК Вест Бромвич Албион на 1 март; Натпреварот завршил нерешено, а во реваншот Јунајтед победил со 1-0.

Очекувано, Јунајтед испаднал од Европскиот куп во полуфиналето по поразот од ФК Милан со вкупен резултат од 5-2, а и во англиската лига остварил слаби резултати. Сепак, некако успеале да стигнат до второто полуфинале од ФА купот по ред, а натпреварот на Вембли се поклопил со денот на враќањето на Мет Базби на работа. Сепак, неговите зборови не можеле да ги инспирираат играчите и тие загубиле од Болтон со 2-0. Двоен стрелец бил Нет Лофтхаус.

Продолжување на кариерата

Во исто време, појавувањето на Чарлтон како водечки фудбалски талент во земјата бил комплетиран кога тој бил повикан во Англиската репрезентација за натпреварот против Шкотска на Хампден Парк во Британското домашно првенство. Тоа било почеток на долга, богата и глобално-почитуваната карира за неговата земја.

Во неговото деби, Англија победила со 4-0, а тој добил уште повеќе обожаватели откако постигнал неверојатен гол од волеј по нафрлената топка на левото крило Том Фини. Тој постигнал два гола во неговиот втор натпревар, со кои Англија ја победила Португалија со 2-1 во пријателскиот натпревар на Вембли; а потоа го пребродил очигледниот страв да се врати во Белград и да го одигра третиот натпревар против Југославија. Англија изгубила со 5-0, а Чарлтон играл многу слабо. Тој бил избран во репрезентација за Светското првентво во 1958 година, но не настапил ниту еднаш, поради што критичарите изразиле изненаденост и збунетост, и покрај слабата изведба во Белград.

Чарлтон почнал да се враќа на старата патека во фудбалскиот живот со Манчестер Јунајтед и Англија и си создал репутација како играч кој постигнува одлични голови, но и играч кој постигнува многу голови. Во 1959 година, тој постигнал хет-трик кога Англија го победила САД со 8-1; а вториот хет-трик за Англија го постигнал во 1961 година во победата над Мекико од 8-0. Исто така, успеал да постигне гол на сите натпреварувања на кои настапил во Британското домашно првенство, освен во 1963 година во согласоност со сојузот на првенството кој траел од 1958 до 1970 година. Таму постигнал 16 голови и 10 победи.

Боби Чарлтон играл во квалификациите за Светскиот куп во 1962 година во Чиле против Луксембург и Португалија и бил повикан и во тимот за финалињата. Голот во победата од 3-1 против Аргентина бил негов 25-ти гол за Англија во само 38 настапи, но неговиот поединечен успех не можел да биде повторен од целиот тим, кој бил елиминиран во четвртфиналето од Бразил, кој подоцна победил на првенството.