Џорџ Бест (англиски: George Best) ( - ) — северноирски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата крило за Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Северна Ирска. Во 1968 година, тој го освоил Европскиот куп со Јунајтед и бил именуван за Европски фудбалер на годината и за Фудбалер на годината според Сојузот на фудбалски писатели. Според ирскиот фудбалски сојуз и управниот орган на репрезентацијата, тој бил „најдобриот играч што некогаш го облекол зеленот дрес на Северна Ирска“.

Роден и израснат во Белфаст, Бест ја започнал фудбалската кариера во Англија во Манчестер Јунајтед, кои го забележале неговиот талент на возраст од 15 години. Тој бил многу успешен во Јунајтед, постугнувајќи 179 гола на 470 настапи во период од 11 години. Неговиот стил бил карактеристичен по брзината, рамнотежата, користењето на двете нозе, можноста да постигнува голови и лесно да поминува одбранбени играчи. Бест неочекувано го напуштил Јунајтед релативно рано во 1974 година на 27 години, но се вратил во фудбалот во голем број на клубови низ целиот свет, но таму поминувал многу кратко време и конечно се пензионирал во 1983 година на 37 години. Во меѓународниот фудбал, тој постојано бил одбиран кога бил подготвен и настапил на 37 натпревари за Северна Ирска и постигнал девет голови во периодот од 1964 до 1977 година. Сепак, играта на неговиот репрезентација не овозможила да се покаже неговиот талент во европските или светските првенства.

Талентот и харизмата на Бест биле толку големи што тој станал еден од првите фудбалери кои биле и славните личности, но неговиот екстравагантен животен стил довел до различни проблеми, од кој најголем бил алкохолизмот, од кој страдал до крајот на животот. Овие проблеми влијаеле на него на и вон фудбалскиот терен низ целата неговата кариера и во време создавале контроверзија.Gordon Burn, "The Long Goodbye", The Guardian, 25 November 2005 За својата кариера често кажувал дека: „90% од парите ги трошев на жени, алкохол и брзи автомобили. Останатиот дел го трошев на глупости“. По завршувањето на фудбалската кариера, проблемите со финансиите и здравјето продолжиле. Тој умрел во 2005 година на возраст од 59 години поради компликациии од имуносупресивните лекови кои морал да ги пие откако контроверзно добил дозвола за пресадување на црн дроб во 2002 година. Продолжил да пие и после пресадувањето на црниот дроб. Бест двапати бил во брак со две поранешни модели, Енџи Бест, а потоа и Алекс Бест. Неговиот син, Калум Бест, е роден во 1981 година од неговиот прв брак.

Пред смртта, Бест бил изгласан на 16-тото место во изборот за ФИФА Светски играч на векот во 1999 година според Интернационалната федерација за фудбалска историја и статистика и бил еден од 22-те лица кои влегле во Англиката фудбалска сала на славните во 2002 година; Во 2004 година бил изгласан на 19-тото место во јавниот избор на Златниот јубилеј на УЕФА, а од Пеле бил именуван за еден од 125-те најдобри живи фудбалери во светот.IFFHS' Century Elections. RSSSF. По неговата смрт, за неговиот 60-ти роденден, Градскиот аеродром во Белфаст бил преименуван во Градски аеродром Џорџ Бест како признание за неговата фудбалска брилијантност. Според ББС, посетителите на неговиот јавен погреб во Белфаст го паметеле како „убаво момче со убава игра“."A city mourns for the Belfast boy", BBC News Northern Ireland, 3 December 2005 Описот не неговото место во фудбалската историја е најдобро искажан во реченицата: „Марадона - добар, Пеле - подобар, Џорџ Бест (анг. најдобар)“.

Млади години и семејството

Џорџ Бест бил прво дете на Дики Бест (1919-2008) и Ен Бест (1922-1978). Пораснал во Крегаг, источен Белфаст. Бест бил воспитан во презвитеријанската религија. Татко му бил член на Порткаловиот ред и како момче, Бест го носел знамето во неговалата локална ложа. Во автобиографијата, Бест споменал дека Редот бил многу важен за неговото семејство. Тој имал четири сестри; Керол, Барбара, Џули и Грејс и еден брат - Ијан. Таткото на Џорџ починал на 16 април 2008 година, на возраст од 88 години, во болницата Алстер во Дандоналд, Северна Ирска.George Best's Father, Dickie, Dies Aged 88, Sky News, 16 April 2008 Мајката на Бест починала од кардиоваскуларна болест поради алкохолизам во 1978 година, на возраст од 55 години.George Best drama: an intrusive film that failed to tell the whole story

Во 1957 година, на 11 години, откако го завршил основното училиште, се запишал во гимназијата Гросвенор, но наскоро почнал да денгуби бидејќи во тоа училиште се играло рагби. Потоа Бест се префрлил во средното училиште Лиснасараг каде што можел да се концентрира на фудбалот. Додека растел, тој бил навивач на Гленторан и Вулверхемптон Вондерерс.

Клупска кариера Манчестер Јунајтед На 15 годишна возраст, скаутот на Манчестер Јунајтед, Боб Бишоп, го пронашол Бест во Белфаст, а телеграмата која му ја пратил на менаџерот Мет Базби гласела: „Мислам дека ти најдов генијалец“.Stephen McGinty, "Best coming to the end of his life", The Scotsman, 25 November 2005 Неговиот локален клуб Гленторан претходно го одбил бидејќи бил „премногу мал и слаб“.Anne Cadwallader, "Best too small and light for local club as teen" , Tiscali News, 25 November 2005 Потоа, Бест отишол на проба кај главниот скаут на Јунајтед Џо Армстронг кој подоцна го потпишал. Кога првпат се преселил во новиот клуб, Бест набрзо станал носталгичен и останал само два дена пред да се врати во Северна Ирска. Потоа се вратил во Манчестер и поминал две години како аматер, бидејќи англиските клубови не смееле да тренираат млади играчи до Северна Ирска; Тој добил работа како доставувач по течението на каналот во Манчестер и така можел да тренира со клубот двапати неделно.

Бест дебитирал во Првата англиска лига на 17 години на 14 септември 1963 година против Вест Бромвич Албион на Олд Трафорд во победата од 1-0. Потоа бил вратен во резервите, пред да го постигне првиот гол во вториот настап во победата од 5–1 против Барнли на 28 декември. Менаџерот Мет Базби од тогаш го задржал во тимот и до крајот на сезоната 1963/1964 имал 26 настапи, потигнувајќи шест гола. Таа сезона Манчестер Јунајтед завршиле втори, четири бода зад Ливерпул. Исто така, стигнале во полуфиналето од ФА Купот, каде што поразот од Вест Хем Јунајтед му оневозможило на Бест да постави нов рекорд; Во финалето Хауард Кендал, играчот на Престон Норт Енд станал најмладиот играч кој играл во финале на ФА Купот (тој е роден на ист ден со Бест).

Иако противниците често користеле груба игра за ја спречат неговата техничка способност, Базби се погрижил Бест да се справи со таквите тешки предизвици преку свиреп и некогаш брутален тренинг. Во сезоната 1964/1965, неговата прва целосна сезона како првотимец, Бест му помогнал на Манчестер Јунатед да ја освои титулата. Победата од 1-0 на Еланд Роуд се покажала како решавачка бидејќи победникот бил одлучен на гол-разлика меѓу „Црвените Ѓаволи“ и нивните соперници Лидс Јунајтед; Но Лидс успеале да се одмаздат на некој начин со тоа што ги победиле Манчестер Јунајтед во полуфиналето на ФА Купот. За време на целата сезона, Бест придонел со 14 гола во 59 настапи.

Тој го постигнал првиот гол во натпреварот од Черити Шилдот во 1965 година кој се одиграл на Олд Трафорд и завршил со резултат 2-2 против Ливепул. Бест навистина се прославил на 19 години, кога постигнал два гола во четвртина-финалето од Европскиот куп против Бенфика на Естадио да Луз на 9 март 1966 година. Португалските медуми го нарекле „O Quinto Beatle“, или „Петтиот Битл“. Неговиот талент и харизма наскоро го направиле омилен на јавноста и медиумите. Имал и други прекари како што се „Момчето од Белфаст“, а често бил нарекуван и Џорџи или Горди на белфастски акцент.Jim White, "Too many knew only the tabloid Best" , Daily Telegraph, 28 November 2005 Сепак, Јунајтед не успеал да освои трофеј во сезоната 1965/1966, а Бест бил повреден од 26 март па сè до крајот на сезоната со свиткано колено по старот на еден играч од Престон Норт Енд. Сепак, персоналот на Јунајтед тврделе дека лигаментот му е малку повреден за да го задржат Бест на теренот до крајот на сезоната. Тој не му верувал многу на медицинсиот персонал на Јунајтед, па потајно го посетил физиотерапевтот на Гленторан, кој му ги наместил лигаментите со болна постапка. Неговиот последен натпревар таа сезона бил на 13 април, каде што играл со преврзано колено, а Јунајтед загубиле со 2-0 од Партизан Белград на стадионот Партизан.

Сезоната 1966/1967 повторно била успешна и Манчестер Јунајтед ја освоил титулата со разлика од четири бода. Бест изјавил дека „Ако првенството се решаваше на домашните натпревари, ќе победуваваме секоја сезона. Овој пат нашите настапи на гостински терен ја направија разликата. Бевме во одлична форма“. Целата сезона ја играл во добра форма и постигнал 10 гола на 45 настапи. Потоа им помогнал на Црвените Ѓаволи да го поделат Черити Шилдот по ремито од 3-3 со победниците во ФА Купот, Тотенхем Хотспар. Тој бил првиот настап кој бил емитуван во боја на Британската телевизија.

Бест постигнал два гола против соперниците Ливерпул во победата од 2-0 на Енфилд, а постигнал и хет-трик против Њукасл Јунајтед во победата од 6-0 во претпоследниот натпревар од сезоната. Сепак, поразот на домашен терен од локалните соперници Манчестер Сити скапо ги чинел, бидејќи Сити ја освоиле титулата со два бода повеќе од Јунајтед. Сепак, сезоната 1997/1998 ќе биде запамтена меѓу навивачите на Јунајтед по освојувањето на Европскит куп. Откако ги поразиле Хиберниан од Малта, Јунајтед ги поминале и југословенските Сараево со победата од 2-1 на домашен терен. Бест му асистирал на Џон Ештон за првиот гол, а потоа го постигнал и вториот. По тој натпревар Џофри Грин од „Тајмс“ го опишал како: „Главна фигура на шаховската табла... Играч полн со имагинација, играч кој се однесува како магионичар на теренот“. Во четвртина-финалето, Јунајтед го победил полскиот клуб Горник Забже со вкупен резултат од 2-1 и успале да ја одржат таа предност на смрзнувачки температури пред 105 000 гледачи на стадионот Силесиан. Иако на тој наптревар загубиле со 1-0, Бест го опишал поразот како „еден од нашите најдобри настапи, ако се земат предвид тешките околности“ Во двобојот против шест-кратниот шампион Реал Мадрид во полуфиналето, Бест го постигнал единствениот гол на домашен терен после удар од 13 метри кои Алекс Степни го опишал како еден од најдобрите голови на Бест. Во реваншот на Сантјаго Бернабеу, Бест бил добро маркиран од Мануел Санчис Мартинес, но единствениот пат кога успеал да го помине, Бест му нафрлил на Бил Фолкс, кој дал гол и израмнил на 3-3, по што Јунајтед победиле со вкупен резултат од 4-3. Неколку денови откако се вратил во Англија, како најдобар стрелец во Првата лига (го делел првото место со Рон Дејвис од Саутемптон со по 28 гола), Бест ја добил наградата Фудбалер на годината и станал најмладиот играч кој воопшто ја примил оваа награда. Во финалето на Европскиот куп на Вембли, Манчестер Јунајтед се соочиле со португалска Бенфика. Во регуларниот дел, натпреварот завршил со резултат од 1-1 и почнале да играат продолженија. По само 3 минути во продолженијата, Бест успеал да го “издрибла“ голманот Хосе Енрике и постигнал гол. Потоа, Брајан Кид и Боби Чарлтон постигнале по уште еден гол и натпреварот завршил со резултат од 4-1. Оваа победа не била најдобириот момент само во кариерата на Бест, туку и на Манчестер Јунајтед, ако се земе предвид дека, 10 години претходно, поголемиот дел од Базбиевите Бебиња загинале во минхенската авионска несреќа. Бест ја добил и наградата за Европски играч на годината во 1968 година, откако добил повеќе гласови од Боби Чарлтон, Драган Џаиќ и Франц Бекенбауер. Тоа значело дека тој освоил три главни почести во клупскиот фудбал на возраст од само 22 години (титули во Првата англиска лига и Европскиот куп и Европски играч на годината). После тоа, неговото пропаѓање полека започнало.