HBO е американска премиум кабелска телевизиска мрежа, сопственост на Time Warner, под оперативна подружница на НBO Inc. Почнувајќи од јануари 2012 година, програмирањето на HBO достигнува 29 милиони претплатници во САД, што ја направи втора најголема премиум мрежа во САД (програмирањето на Encore достигнува 33.200.000 претплатници од март 2012 година). Во прилог на својата претплатничка база во САД, HBO исто така се емитува и во најмалку 151 земја во светот. Програмирање на HBO се состои претежно од театрално објавени филмови и оригинални серии, заедно со кабелски филмови и документарци, бокс натпревари, и повремени stand-up комедии и концертни промоции.
Историја Развој и лансирање Во 1965 година, Чарлс Долан, пионер во комерцијалната употреба на кабли, доби франшиза за изградба на кабелски систем во Менхетен во Њујорк. Новиот систем, кој Долан го нарече "Sterling Manhattan Cable", стана првиот урбан подземен кабловски систем во САД. Наместо бандерски кабли или антени за добивање сигнали, Стерлинг постави подземен кабел под улиците на Менхетен - бидејќи мноштвото од високите згради го блокираа телевизискиот сигнал. Во истата година компанијата Time-Life, купи 20 проценти од компанијата на Долан.
Долан ја претстави својата идеја за "The Green Channel" на управителите на Time-Life, и иако сателитската дистрибуција беше далечна замисла во тоа време, тој ги убеди Time-Life да го поддржат. Подоцна на 8 ноември 1972 година, "The Green Channel" стана "HBO". HBO започна со користење на мрежата на микробранови сигнали преку кои ги дистрибуираше своите програми. Првата програма и филмот емитуван на HBO бил Sometimes a Great Notion, во кој глумат Пол Њуман и Хенри Фонда. Првиот HBO спортски настан беше пренесуван веднаш потоа, на НХЛ хокеј игра во Медисон Сквер Гарден помеѓу Њујорк и Ванкувер.
“Sterling Manhattan Cable” ги загубија парите, бидејќи компанијата имала многу мала претплатничка база од 20.000 клиенти во Менхетен. Медиумскиот партнер на Долан, Time-Life, добила 80% контрола врз “Sterling Manhattan Cable”. Time-Life го промени досегашното име “Sterling Manhattan Cable” и се преименува во “Кабловска телевизија Менхетн” и доби контрола над HBO во март 1973 година. Џералд Левин го замени Долан како претседател на HBO и главен извршен директор. HBO наскоро беше најголемиот ТВ-сервис во Америка, но цената за приклучок била исклучително висока. Претплатниците го испробувале сервисот неколку недели, се уморувале од гледањето на истите филмови, и потоа го откажувале. HBO почнал да тони и нешто морало да се направи. Кога HBO стигна до Лоренс, Масачусетс, идејата беше да им овозможи на претплатниците да гледаат услуги бесплатно на каналот 3. По еден месец, услугата се пресели на канал 6 и сè се измешало. Тоа се покажа многу популарно, се здобија со многу нови претплатници и концептот почнал да се користи и на други места.
Националната експанзија, иновации и пораст на највисоко ниво (1975-1996) На 30 септември 1975 година, HBO стана првата телевизиска мрежа која континуирано пренесуваше сигнали преку сателит кога се прикажувал бокс-мечот помеѓу Мухамед Али и Џо Фрејзер. HBO ги пренесе домашните сателитски преноси од Westar 1 до Satcom 1 во февруари 1976 година и од 1977 година и ги постави основите за сателитско пренесување во современата индустрија на кабловска телевизија.
Мрежата се емитувала само девет часа на ден во првите девет години од емитувањето, од 15:00 до полноќ. Во септември 1981 година, HBO започна емитување на 24-часовен распоред за време на викендите, до полноќ во текот на неделата. На 28 декември 1981 година, HBO го прошири својот програмски распоред за 24 часа на ден, седум дена неделно (Cinemax имаше 24-часовен распоред од нејзиното лансирање, а Showtime и The Movie Channel имаа 24-часовен распоред уште порано). На 1 август 1980 година, HBO создаде придружничка мрежа, Cinemax, мрежа која емитува филмови, создадена како одговор на HBO кон конкурентскиот The Movie Channel; во своите рани години, Cinemax вршеше музички промоции и некои ограничени оригинални програмирања, како што SCTV и Маx Headroom, кои емитуваа филмови, но мрежата оттогаш стана позната по емитување на филмови за возрасни и серии во текот на доцните вечерни часови.
Во 1983 година, се емитуваше првиот оригинален филм The Terry Fox Story. Таа година, исто така, се емитуваше и премиера на шоуто Fraggle Rock - детска емисија; HBO продолжи да емитува различни оригинални програми за деца до 2001 година, кога такви програми речиси целосно се преселија на распоредот на HBO Family. HBO беше вовлечена во неколку правни тужби во текот на 1980-тите, овде се вклучени кабелските системи и правни закони наметнати од државата и градските закони кои биле цензурирани од страна на HBO и други ТВ-мрежи. Во јануари 1986 година, HBO, исто така, стана првата сателитска мрежа за да го шифрира својот сигнал преку Videocipher II системот. Четири месеци подоцна, HBO стана жртва на упад кога сателитскиот ТВ-дилер Џон МекДугал, човек кој се нарекувал себеси "Капетан полноќ", го пресретнал сигналот на мрежата за време на презентација на филм. Федералната комисија за комуникации потоа го тужеше МекДугал.
Во 1987 година, HBO лансираше нов канал, Festival, чие постоење беше многу кратко. Тука се емитувале класични филмови и најновите хит филмови, заедно со промоции и документарни филмови од HBO. Исто така, цените за пријавувањето на каналот биле поевтини од HBO и Cinemax. Само неколку кабелски системи го пренесувале каналот и истиот прекинал да се емитува кон крајот на 1988 година. Во 1988 година, HBO се прошири во голема мера кога останатите ТВ-мрежи почнаа да штрајкуваат; HBO имала нови програми и емисии додека стандардните телевизиски канали можеле само да емитуваат репризи. Во 1989 година, HBO водеше кампања против телевизиската мрежа Showtime, со слоганот "Никој не го носи дома, како HBO", користејќи го синглот на Тина Тарнер - The Best.
Кога Time-Life се спои со Warner Communications во 1989 година, HBO стана дел од Time-Warner (кој од 2011 година, продолжи да служи како матична компанија на мрежата). Случајно, Warner Communications го создаде соперникот The Movie Channel (сега во сопственост на CBS) во доцните 1970-ти, пред Viacom, кој купи 50% од акциите на The Movie Channel во 1983 година, ја купила и останата половина од мрежата во 1985 година.
Во 1991 година, HBO и Cinemax станаа првите премиерни сервиси кои нуделе мултиплексирање на клиентите. Обезбедувајќи повеќе опции од HBO и Cinemax, HBO 2 (преименуван HBO Plus 1998-2002 г.) и Cinemax 2 (познат како MoreMax од 1998 г.) дебитираше на три кабелски системи во Висконсин, Канзас и Тексас. Овој потег се покажа како успешен, што резултира HBO и CINEMAX да понудат дополнителни мултиплекс канали, HBO 3 (започна во 1995 година, преименуван HBO Signature во 1998 година), HBO Family (започна во 1996 година), HBO Comedy и HBO Zone (започна во 1999 година) и HBO Latino, латинско-тематските канали на HBO (започнаа во 2000 г.). Cinemax исто така, започна мултиплекс услуги Cinemax 3 (лансиран во 1996 година, ActionMax во 1998 г.), ThrillerMax (започна во 1998 г.) и WMax @ Max, OuterMax и 5StarMax (сите лансирани во 2001 година). Во 1993 година, HBO стана првиот дигитално пренесуван, светски телевизиски сервис. HBO.com, потоа добро препознатлив по своите онлајн веб-шоуа, беше лансиран во 1995 година.
Пред 1997 година, HBO постигна одреден успех со некои емисии, како што сеTales from the Crypt, Dream On, Tracey Takes On..., Mr. Show и Arliss. HBO прикажуваше серии кои стекнаа голем успех иако не беа комерцијално успешни како емисиите на Fox, сепак едно шоу имаше култен статус, позитивна критика, и беше номиниран и освои многу награди. Тоа шоу беше The Larry Sanders Show и истиот претставува предводник на сериите на HBO во текот на 90-тите, а можеби и целиот HBO временски период пред 1997 година.
Зголемувањето на постоењето на оригиналното програмирање (1997-денес) HBO има развиено многу оригинални програми и пред 1997 година, но таа е годината во која НВО има добиено бројни Еми награди. Како услуга заснована исклучиво на претплата, HBO нема "нормални" реклами, туку мрежата работи на промоции за претстојните HBO програми и она што се случува зад сцената помеѓу програмите. Ова го олеснува HBO од некои притисоци за да се ублажат контроверзните аспекти на своите програми, и овозможува емитување на експлицитна содржина, како што се насилство, секс и други вулгарни содржини.
На почетокот во 1997 година, со првата драматична приказна од едночасовната серија Оз, HBO започна тренд кој стана вообичаен и кај останатите кабелски услужници. Иако беше позитивно критикувана, дури во 1999 година, почна да се емитува втората серија со најголема гледаност - Сопранови, и дури тогаш мрежата подлегна на критики и многу освоени Еми награди. Во шестата сезона, Сопранови добија 111 Еми номинации, што резултира со 21 победа, две од нив за Еми за најдобра драма. Во 1999 година, HBO стана првата национална кабелска телевизиска мрежа која почна да се емитува ТВ-канал со висока дефиниција. Неколку години подоцна, во 2002 година, HBO го лансираше новото шоу - The Wire, иако тоа не го надмина рејтингот на Сопранови, и понатаму го зацврсти угледот на HBO како мрежа која произведува квалитетно програмирање. Серијата се емитуваше пет сезони во текот на шест години.
HBO претплатниците обично плаќаат за екстра "ниво" на услугата дури и пред да платат за самиот канал (иако најчесто, цените на HBО за сите свои канали одат заедно во еден пакет). Сепак, федералниот закон наведува кабелскиот систем да му овозможи на едно лице да ги добие само основните канали, локалните емитување на каналите, јавни, образовни и владини канали и НВО, без пријавување за дополнителната услуга. Кабелските системи може да имаат потреба од користење на “претворач” (обично дигитален) да прима сигнал за HBO.
Другите мрежи и локални синдикали повторно емитувале неколку HBO програми и голем број на HBO серии, шоуа, емисии станале достапни на ДВД. Бидејќи повеќето успешни серии на HBO (особено Sex and the City, The Sopranos, The Wire, Curb Your Enthusiasm, Entourage, Deadwood, Six Feet Under, Boardwalk Empire, Game of Thrones и True Blood) се емитуваа и на други мрежи во други земји , како на пример во Велика Британија, Канада, Австралија и во поголемиот дел од Европа, HBO програмирањето има повисок процент на емитување кај популацијата на овие земји во споредба со САД. Поради високата цена на HBO, многу Американци ги гледале HBO програмите на DVD или на основните кабелски програми, месеци или дури години откако мрежата за првпат ги емитувала овие програми, иако неколку серии имаат снимено алтернативни "чисти" сцени наменети за синдикално емитување.
HBO има правило да не ги емитува филмовите со вулгарна содржина на своите примарни канали помеѓу 06:00-20:00 часот; ова правило останува во сила и во 2012 година, и покрај постоењето на V-чип и други дополнителни услуги кои имаат вградено таков вид на филмови кон нивните дневни распореди почнувајќи од средината на 1980-тите. Правилото, исто така, се применува на сите ТВ-МА програми откако законот за надгледување на тоа што следат децата на ТВ стапи во сила во јануари 1997 година, иако главниот HBO канал почна со емитување на ограничен број на серии, филмови и документарци кои содржат вулгарности и насилство, но во голема мера се ослободени од голотија и графичко насилство или сексуална содржина за време на викендите пред 8:00 во 2010 година. Останатите канали од HBO Family, кои не емитуваат ниту една програма од таков вид, други мултиплекс радиофреквенциски канали на HBO сепак емитуваат такви емисии во утринските и попладневните часови.
Канали