Еметулах Рабија Ѓулнуш султан (1642 - 6 ноември 1715) била сопруга на османлискиот султан Мехмед IV и Валиде султан на своите синови Мустафа II и Ахмед III.
Таа е родена на Крит во 1642 година кога островот бил под венецијанска власт. Нејзиното име пред да го прими исламот било Евманија Ворија и имала грчко потекло.. Кога османлиските сили извршиле инвазија на островот во текот на Критскат војна (1645-1669), таа била заробена и како многу млада однесена во Цариград во харемот на Мехмед IV. Често патувала со Мехмед низ Балканот во неговите експедици. Тие имале два сина Мустафа II (роден 1664 - починал 1703) и Ахмет III (роден 1673 - починал 1736).
Во 1695 година станала Валиде султан кога нејзиниот син Мустафа II станал новиот султан. Таа немала политичко влијание врз своите синови. Сепак се смета дека делувала на својот син во војната со Русија во 1711 година. Во 1709 година шведскиот крал Чарлс XII се договорил со Османлиите да започне војна со Руската Империја. По војната шведскиот крал испратил свои амбасадори во Цариград.
На 9 февфруати 1711 година Османлиското Царство објавила војна на Русија, а самиот султан бил советуван за ова решение од страна на неговата мајка.
Еметулах Рабија Ѓулнуш султан починала во 1715 во Едрене за време на владеењето на нејзиниот син Ахмед III непосредно пред почетокот на ерата на просперитет.
Наводи
Категорија:Валиде султан Категорија:Починати во Истанбул Категорија:Отоманци од 17 век Категорија:Отоманци од 18 век Категорија:Отомански Грци Категорија:Османлиски робови Категорија:Родени во 1642 година Категорија:Починати во 1715 година