Умот е сплет од спознавачки капацитети, кој овозможува способност за свест, мислење, размислување, забележување и расудување, кои се карактеристични за човекот, но кои може да се однесуваат и на други живи суштества. Во текот на долг временски период, филозофијата, религијата, психологијата и когнитивната наука се обидувале да развие мислење за тоа што претставува умот и кои се неговите одделни својства. Главните прашања што се однесуваат на природата на умот се неговата поврзаност со мозокот и нервниот систем - прашање кое често се формулира како „проблемот ум-тело“, и подразбира дали умот на некој начин е одделен од физичкото постоење (дуализам и идеализам) изведено и сведено на физички појави како што се невролошките процеси или кога умот се поистоветува со мозокот или со некои негови активности. Другото прашање се однесува на тоа кои видови суштества се способни да имаат ум, на пример дали умот е својствен еднинствено за луѓето, дали го поседуваат некои или сите животни , сите живи суштества или умот може да биде сопственост на некои видови вештачки машини. Без разлика на неговата поврзаност со физичкото тело, општо прифатено е дека умот е она што му овозможува на битието да има субјективна свест и промисленост за неговата околина, да забележува и одговара на стимулации со одреден вид на агенси и да има свест, вклучувајќи мислење и чувствување.

Како важни филозофи за умот се вклучуваат: Платон, Декарт, Лајбниц, Кант, Мартин Хајдегер, Џон Сеарл, Даниел Денет и многу други. Опишувањето и дефинирањето се исто така дел од психологијата каде психолозите како Зигмунд Фројд и Вилијам Џејмс развиле влијателни теории за природата на човековиот ум. Во доцниот XX и раниот 21 век, на полето на когнитивната наука се појавија и развија многу различни пристапи кон опишување на умот и неговите сродни појави. Можноста за постоење на ум што не припаѓа на човековиот род исто така се истажува во полето на вештачката интелигенција, која близу соработува со кибернетиката и теоријата на информациите за да се разберат начините на кои машините можат да ги копираат човековите умствени појави.

Концептот „ум“ се подразбира на многу различни начини, во многу различни културни и религиски традиции. Едните го гледаат умот како единстена сопственост на човекот додека другите им препишуваат својства на ум на неживите битија, (на пр. панпсихизам и анимизам), на животните и на боговите. Некои од најраните забележани претпоставки го поврзуваат умот (некогаш опишан како идентичен со душа или дух) со теории во врска со живот после смртта и космолошкиот и природен ред, на пр. во учењата на Заратустра, Буда, Платон, Аристотел, и други антички, грчки, индиски а подоцна и исламски и средновековни европски филозофи.

Многу дебати се водат за тоа кои атрибути го сочинуваат умот. Некои психолози тврдат дека само „повисоките“ интелектуални функции го сочинуваат умот, особено разумот и меморијата. Во тој поглед чувствата љубов, омраза, страв, радост, се повеќе примитивни или субјективни по природа и треба различно да се гледаат од умот како такви. Други тврдат дека различни рационални и емоционални состојби не можат да се разделат, дека тие имаат иста природа и потекло па така сите треба да се сметаат како дел од она што го викаме ум.

Во општонародната употреба умот е често синоним за мисла. Разговорот што го водиме насамо со самите себе, го водиме „во нашата глава“. Така „се одлучуваме“, се „премислуваме“, „се двоумиме“ за нешто. Еден од клучните атрибути на умот во оваа смисла е дека е лична сфера до која никој освен сопственикот нема пристап. Никој друг не може да знае што имаме на ум. Тие можат само да го протолкуваат она комуницирање што го правиме свесно или несвесно.

Умствени способности Општо земено, умствените способности се различни функции на умот, или она што умот може да го „прави“. Мислата е умствен чин кој му овозможува на човекот да им дава смисла на работите во светот и да ги прикаже и толкува истите на начин кој им дава значење или кој е во согласност со неговите потреби, приврзувања, цели, посветености, планови, намери, желби итн. Мислењето ги вклучува симболичното и семиотското посредување на идеи или податоци, како кога формираме концепти, се посветуваме на решавање на проблем, размислуваме и донесуваме одлуки. Во зборови кои се однесуваат на вакви слични концепти и процеси се вбројуваат внимателноста, спознавањето, замислувањето, дебатирањето и фантазијата.

Мислењето понекогаш се опишува како „повисока“ спознавачка способност и анализата на процесите на мислење е дел од когнитивната психологија. Исто така цврсто е поврзана со нашата способност да создаваме и користиме алатки, да разбираме причина и последица, да препознаваме модели на значење, да разбираме и откриваме единствени контексти на искуство или активност и одговараме на светот на разбирлив начин.

Помнењето е способност да се зачува, држи и повремено повика знаењето, информациите или искуството. Иако помнењето традиционално беше доследна тема на филозофијата, во доцниот деветнаести и почетокот на дваести век проучувањето на помнењето се појави како предмет на истражување во парадигмите на когнитивната психологија. Во последните неколку децении стана еден од столбовите на новата гранка во науката наречена когнитивна наука за нервниот систем, „брак“ помеѓу когнитивната психологија и науката за нервниот систем. Фантазијата е активност на создавање или предизвикување несекојдневни околности, слики, идеи или други способности во умот. Тоа е карактеристично субјективна активност, наместо директно или пасивно искуство. Терминот технички се користи во психологијата за процеси на оживување предмети на сознавање во умот претходно дадени во сетилна перцепција.

Бидејќи оваа употреба на терминот се судира со онаа на обичниот јазик, некои психолози повеќе сакале да го опишат овој процесс како „пресликување“ или сликовито „изложување“ или да зборуваат за него како за „репродуктивна“ наспроти „продуктивна“ или „конструктивна“ имагинација. Работите кои ги замислуваме се вели дека се видени во „окото на умот“. Меѓу многуте практични функции на имагинацијата се наоѓаат способноста да се замислат можни иднини (или минати дејства), да се видат нештата од друга перспектива и да се смени начинот на кои се гледаат нештата вклучувјќи го донесувањето одлуки за возврат, или претстави што е замислено. Свесноста кај цицачите (меѓу кои и човекот) е дел од умот за кој се мисли дека содржи квалитети како што се субјективноста, чувствителноста и способноста да ја воочи врската помеѓу самиот себе и средината. Таа е предмет на изучување во филозофијата на умот, психологијата, науката за нервен систем, и когнитивната наука.

Некои филозофи ја делат свесноста на непристапна свесност која е самото субјективно искуство и пристапна свесност која се однесува на општата достапност на информации до системите за обработка на мозокот. Непристпната свест има искусено многу различни квалитети, често познати како љуалиа. Непристапната свесност вообичаено е свесност на нешто или за нешто, сопственост позната како намера во филозофијата на умот.

Содржина на умот Умствените содржини се оние нешта за кои се мисли дека се „во“ умот, и можат да се создадат и користат од страна на умствените процеси и способности. Како пример се посочуваат: мислите, концептите, чувствата, перцепирањата и намерите. Во филозофски теории на умствени способности спаѓаат: интернализмот, екстернализмот, реализмот и интенционалноста.

Мозок и ум Кај животните, мозокот или енцефал, (од грчки „во главата“), е центар за контрола на централниот нервен систем одговорен за мислата. Кај повеќето животни, мозокот се наоѓа во главата, заштитен од черепот и близу до главниот систем од сетила за гледање, слушање, чувството за рамнотежа, вкус и мирис. Додека сите ’рбетници имаат мозок, повеќето безрбетници имаат или централен мозок или збир од поединечни ганглии. Примитивните животни како сунѓерите воопшто немаат мозок. Мозокот може да биде екстремно сложен. На пример, човечковиот мозок содржи повеќе од 100 милијарди неврони, секој поврзан со онолку колку и 10.000 други.

Да се разбере врската меѓу мозокот и умот или проблемот ум-тело како едно од централните прашања во историјата на филозофијата е предизвикувачки проблем како за филозофијата така и за науката. Постојат три основни филозофски школи за мислата што се занимаваат со барање одговор на прашањето: дуализам, материјализам и идеализам. Дуализамот вели дека умот постои одделно од мозокот, материјализамот вели дека умствените појави се идентични со мозочните појави и идеализамот вели дека постојат само умствените појави.

Наједноставниот научен доказ дека постои цврста врска меѓу физичката материја на мозокот и влијанието на физичките промени на мозокот врз умот, како што се тешките повреди на мозокот и употребата на психотропни супстанци. Покрај ова филозофско прашање врската меѓу умот и мозокот опфаќа одреден број научни прашања вклучувајќи го разбирањето на врската меѓу умствената активност и активноста на мозокот, точните начини на кои дрогата влијае врз спознавањето и нервните заемни врски на свесноста. И покрај тоа повеќе филозофи низ историјата сметале дека е незамисливо спознавањето да може да се изврши преку физичка супстанца како што е ткивото на мозокот (односно нервите и синапсите). Филозофите како Патриција Черчланд претпоставува дека интеракцијата дрога-ум е показател за блиската врскта помеѓу мозокот и умот, дека тие всушност не се исто. Декарт, кој постојано размислувал за врските меѓу мозокот и умот, сметал дека е можно да се објаснат рефлексите и други едноставни постапки со механички термини иако не верувал дека сложеноста на мислата, а особено јазикот, може да се објаснат во однос на самиот физички мозок.

Потекло на поимот Првичното значење на гемѕнд од староанглиски јазик била способноста за помнење а не за мислење во главно. Оттука да се присетиш, да ти падне на ум, да не заборавиш, да имаш ум како итн. на староанглиски имале други зборови за да се изкаже умот како на пример „ум“, „дух“. Значењето на зборот сеќавање е како во старите нордиски јазици каде што постои зборот „мунр“. Зборот има праиндоевропскиот *мен-, што значи „мисли“, „се сеќава“, а оттука, во латинскиот, зборот „менс“ значи „ум“, на санкритски „манас“ исто така значи ум а исто така и грчкиот збор „μένος“ значи ум, храброст, гнев. Воопштувањето на зборот ум постепено се развивало за време на 14 и 15 век и ги вклучува сите умствени способности, мислата, волјата, чувстувањето и помнењето.

Филозофија на умот Филозофијата на умот е гранка на филозофијата која ја проучува природата на умот, умствени настани, умствени функции, умствени особини, свеста и нивната поврзаност со физичкото тело особено со мозокот. Проблемот ум-тело т.е поврзаноста на умот со телото најчесто се гледа како централен проблем во филозофијата на умот, иако постојат и други проблем кои ја засегааат природата на умот и не ја вклучуваат неговата поврзаност со физичкото тело. Дуализам и монизам се два големи правци на верување кои се обидуваат да го решат проблемот ум-тело. Дуализмот може да се забележи уште кај Платон, Аристотел, и санкја и јога школите на хиндуистичката филозофија, но најпрецизно е формулиран од страна на рене Декарт во 17 век. Суштинските дуалисти расправаат дека умот е независна постоечка супстанца, додека, пак, особинските дуалисти го поткрепуваат мислењето дека умот е збир на независни особини кои произлегуваат од него и не можат да бидат сведени на мозокот, иако тоа не е различна супстанца.